Ердоган ги влошува односите со Русија: Ние не ја признаваме „нелегалната анексија“ на Крим.. Ердоган по чиј налог оди во посетта на Украина?..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Најавената посета на турскиот претседател Таијп Реџеп Ердоган на Украина не е случајна. Неговата изјава пред одење е упатена провакација до Русија:
„Турција не ја признава нелагалната анексија на Крим“.
Само за потсетување Крим беше дел од Украина од 1955-56 до 2015 до референдумот за припојувањер кон матичната држава Русија.
Добро е познто дека Никита Хрушчов, кој по потекло е украниец, како претседател на СССР, Крим го одзема од Русија и го подарува на Украина. По него доаѓа на власт Леонид Брежњев, кој исто така е украинец, со што состојбата останува иста.
Претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган многу е „загрижен“ за татарите на Крим, кој се трет народ по големина и нивниот јазик е трет службен јазик: Руси има 58%, укранци 24% и татари на Крим има 12%.
Само за потсетување, татарите на Крим на референумот гласаа за независност и припојување кон Руската Федерација.
Ова зборува дека не попстои никаква анексија на Крим.
Не е исклучено Крим да бил подсвесна желба на турскиот претседател да го припои кон Турција.
Проблемот лежи на друго место. Со влегувањето на Русија во Сирија Турција прстана да добива бесплатна нафта.
Тоа се случува и во Либија каде е примрје, повторно пстигнато под покривителство на Руската Федрација. На пат е да се пресуши уште еден бесплатен извор на нафта.
Купувањето на С-400 од Русија беше по налог на САД, за да го испитат сисатемот, поточно да го копираат.
Препирката помеѓу САД и Турција околу набавката на рускиот ракетен систем С-400 беше само комедија, во која Русија одлучи да се вклучи.
Не знам колку е свесен претседателот на Турција дека е Турција зависна економски од Русија.
Руските туристи се најбројни на турските плажи, земјоделските производи ги извезуват во Русија, градежната индустрија им е во Русија.
По соборувањетои на рускиот авион од страна на Турција, веднаш добија економска шлаканица од Русија.
Повеќе за изјавата на турскиот претседател пишува порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Ердоган: Ние не ја признаваме нелегалната анексија на Крим“
Анкара не го признава повторното обединување на Крим со Русија и ќе продолжи да ја следи состојбата на Кримските Татари, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред посетата на Украина, јави РИА Новости.
“Ние ќе продолжиме да го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина. Ние не ја признаваме незаконската анексија на Крим. Кримските Татари се важен аспект на нашите блиски односи со Украина и продолжуваат да ја следат нивната состојба”, им рече Ердоган на новинарите.
Од друга страна, портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека турскиот претседател има отворена понуда да го посети Крим за да може да ја види состојбата со правата на Кримските Татари на лице место.
„Во овој поглед, ние не се согласуваме со нашите турски партнери, не се согласуваме со јазикот што се користи во овој контекст и постојано зборувавме за недостаток на валидност на какви било грижи во врска со Кримските Татари“, додаде Песков како одговор на барањето за коментар зборовите на турскиот претседател.
Претседателот Путин порано изјави дека прашањето со Крим е дефинитивно затворено.
Интересно е што турскиот претседател не даде никаква изјава за курдите во турција каде ги има од 17-25 милиони.
Претседателот на Турција се гледа дека има слабо помнење.
Заборави која разузнувачка служба му го спаси животот во обидот за државен удар во Турција.