Путин го вработил Трамп како менанџер за продажба на нафта и гас… На Русија и воведува санкции, а увезува нафта од Русија. Увезле над 20 милиони барели нафта од Русија…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Не можев да не се не насмејам, кога го прочитав текстот на порталот:

https://rs.sputniknews.com/ekonomija/202002061121667533-uprkos-sankcijamarusijajedan-od-najvecih-izvoznikanafte-na-americkom-trzistu/

кој излезе со наслов:

„И покрај санкциите: Русија е еден од најголемите извозници на нафта на американскиот пазар

Според извештајот на Министерството за енергетика на САД за увоз на енергија од други земји минатата година, Русија е еден од најголемите извозници на нафта на американскиот пазар.

„Ова е голем проблем за Американците, бидејќи администрацијата на Трамп, со целосна поддршка од Конгресот, се обиде да ги намали можностите за извоз на енергија во Русија и да се наметне како најголем светски производител на нафта и гас, со посебни пофалби за Трамп“, објаснува Андреј Суздалцев, политички научник и економист.

Минатиот октомври, Канада извезе околу 136,5 милиони барели нафта, заземајќи го првото место, а потоа Русија, од која Соединетите држави купија околу 20,9 милиони барели нафта.

САД воведуваат санкции и купуваат нафта од Русија

Помпео за време на посетата на Минск, зборувајќи пред Лукашенко, изјави дека Соединетите држави се првата земја во светот што најмногу произведува нафта и гас и дека тие се подготвени да и обезбедат 100% од потребите на нафта во Белорусија. И во таква ситуација, кога тие се обидуваат да ја обвинат Русија дека е еден од најскапите снабдувачи на европскиот пазар, на која се изрекуваат санкции за фирмите кои се вклучени во изградбата на Северен тек и на купувачите на тој гас, кога организираат разни „комични трикови“против руската нафта „Излезе дека Русија е главниот извозник на нафта на американскиот пазар“, рече експертот.

Аналитичарите велат дека санкциите на САД помогнале на Русија да го засили извозот на нафта. Според руското Министерство за економски развој, и покрај тоа што Вашингтон воведува санкции кон Русија, токму санкциите на САД против Иран и Венецуела имаат позитивно влијание врз рускиот извоз на енергија. Така, извозот на нафта во Турција се зголеми за четири на пет пати со тоа што рафинерите во земјата се свртеа кон увозот на руски суровини, откако американските санкции за Иран беа обновени.

Суздалцев додава дека ситуацијата минатата зима, кога рускиот течен гас од Јамал ги грееше не само Соединетите држави, туку и Велика Британија, не треба да се заборави.

„Станува збор за фактот дека, и покрај масовните проблеми, рускиот енергетски комплекс има најдобар биланс на цена и квалитет“, рече експертот.

            На овој дел од текстот на порталот, не е потребен коментар. Се доаѓа до заклучок:

            Путин го вработил Трамп како менанџер за продажба на нафта и гас…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20