НАТО како да е стадо на беспомошни овци! Руската дума ја одслика нашата желба да влеземе во НАТО. Лидерите на двете најголеми партии ВМРО ДМНЕ и СДСМ се залагаат членовите да ги внесат во стадото….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Се насмејав кога го прочитав текстот на порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Руска дума: НАТО е како стадо беспомошни овци“
Двете најголемо Партии ВМРО со своите членови ВМРО-овци и СДСМ со своите членови СДСМ-овци се залагаат да бидем дел од НАТО-овците, према трвдењето на Руската дума.
Само да ги потсетам лидерите на двете најголеми партии, а можеби не ја ни прочитале изјавата на еден американски генерал (во момеднтот не ми текнува на името):
„Русија во моментот воено посилна од цело НАТО, заедно со САД.
Господо, паријски лидери за ваша информација: Русија е единствена земја што поседува хиперсонично оружје.
Вселенската војна со САД одамна ја доби. На меѓународната вселенска станица се патува со руски ракети.
Не знам, дали ви е познато дека САД од Русија купува ракетни мотори, без кои не можат да се одлепат од земјата..
Веројатно знаете дека за членство во НАТО се издвојува по 2% од БДП, тоа е секоја година ново задолжување.
Запрашајте се, НАТО од кого ќе не брани, кога САД ја приознава воената немоќ пред Русија.
Еве го во целот текст во целост:
Русија не се заканува на никого, само се брани од агресивните активности на НАТО, додека Алијансата се обидува да се прикаже како стадо беспомошни овци, изјави заменик-рускиот државен Дума Руслан Балбек, коментирајќи ја изјавата на генералот на Северноатлантската алијанса Андреа Ланат за заканите од руски и кинески маневри вселенски апарати.
Балбек, исто така, потсети дека токму Америка ја објавила на светот дека е неопходно да се распореди оружје во вселената, единствено заради остварување на сопствените цели.
„Кога ги слушате генералите на НАТО, тоа е како беспомошно стадо овци што пасат трева на нивната територија, додека Русија и Кина се волци кои ги напаѓаат“, рече рускиот пратеник.
Тој, исто така, оцени дека не се согласува со еден генерал на НАТО да зборува за наводни руски закани.
„Москва се брани само од агресивните политики на Алијансата, што не е ништо друго освен волк во јагниња“.
Потсетиме, Ланата неодамна изјави дека западните земји се загрозени од вселената, затоа што, предупредува тој, руското и кинеското вселенско летало ќе маневрираат во близина на нивните сателити.
Во моето село има поговорка:
„Додека има овци, ќе има и волна“….
За среќа СОЗДАТЕЛ имал милост кон мене, затоа не сум за влез во НАТО:
„Кај мене нема „волна“ за шишање„..