Лукашенко: Принудени сме да се интегрираме со Русија! Лукашнко фрли „Путинова „нуклеарка“ на САД и Западот, прв ја почувствува Помпео…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Мора да признам, подолго се смеев читајќи го текстот на порталот:

Порталот излезе со наслов.

„Ние сме принудени да се споиме со Русија“

Веројатно се прашувате зошто смеењето не можев подолго време да го запрам?

Кога го прочитав текстот на порталот, забележав дека буквално ги пренесе моите анализи од мината година, некаде есенента, кога јасно укажав дека Русија и Белорусија ќе се интегрираат.

Со што претседателот на Белорусија ќе добие уште еден претседателски мандат, без разлика што годинава има избори во Белорусија.

Јассно укажав дека интеграцијата ќе се случи при крај на мнандатот на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во 2022, евентуално 2023 година.

           Автоматски со интеграцијаста на Белорусија и Русија претседателот на Русија Владимиор Путин би станал претседател на „новата држава“ уште два мандата, пточно 12 години.

Во исто време претседателот на Белорусија Александар Лукашенко би добил нов мандат за претседсател на Белурусија во Рамките на Руската Федрерација.

Не е исклучено да се нарече Руско-Белоруска Федерација.

Буквално моите анализи порталот ги пренесува.

Еве го текстот во целот:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „принудена да се интегрира“ со Русија.

Тој инсистираше на тоа дека вистинската интеграција на економиите на двете земји повлекува „суверенитет и независност“ за Белорусија.

„Остануваме посветени, како и секогаш, за вистинска интеграција, без принудување на интеграција“, рече Лукашенко на средбата со претседателот на Евроазиската економска комисија, Михаил Мијашнович.

Неговата изјава води до зголемување на тензиите меѓу соседните поранешни советски држави.

Преговорите за поблиски економски врски се стопирани, Русија го стопираше снабдувањето со нафта за Белорусија, а Лукашенко во неколку наврати го обвинуваше Кремаљ за притисок за спојување на две држави.

Соединувањето на Русија и Белорусија многумина ја сметаат за стратегија да остане на власт рускиот претседател Владимир Путин, да стане шеф на новата држава пред крајот на неговиот претседателски мандат во 2024 година.

Лукашенко рече дека Белорусија ја иницираше „вистинската интеграција“ на двете поранешни членки на Советскиот Сојуз во 90-тите години, кога Борис Елцин беше на власт додека одржуваше „суверенитет и независност“.

„Во тоа време, ние не зборувавме за губење на нечиј суверенитет и независност. Со сите тешкотии во тоа време, можевме да најдеме решенија за комплицирани прашања “, рече тој.

Лукашенко, кој владееше со Белорусија со железна тупаница повеќе од две децении и се подготвува за избори оваа година, навистина ги иницираше руските и белоруските држави во 90-тите години, велејќи дека има аспирации да стане нејзин лидер.

Во 1997 година, Русија и Белорусија потпишаа договор за алијанса со кој се предвидени блиски врски.

(Бета)

           Но, очигледно е дека авторот на порталот не ја еведентирал предходната игра на претседателот на Русија Владимир Путин со САД.

           Во договор со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Белорусија предходно создаде поголема резерва на руска нафта.

Потоа Русија го запре дотурот на нафта за Белорусија.

           Претседателот на Русија Владимир Путин ова го направи со цел да се поигра со САД, им фрли јадица.

           САД веднаш ја проголта, Мајк Помпео побрза веднаш да ја посети Белорусија.

           На претседателот на Белорусија Александар Лукашенко му „вети“ да не се грижи „САД ќе ги снадбева со нафта и гас„!

           По трагимична работа кога излезе таа информација, ветувањето на Мајк Помпео немав слушнато.

           Се прашував, дали ќе оделат дел од Руската нафта која ја увезуват од Русија за Белорусија.

           Годинава го зголемија увозот на руска нафта од Русија, во однос на минатата година „веројатно поради ветувањето на Белорусија“…

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20