САД го уценува Ердоган: Врати го на Русија ракетниот систем С-400 ќе ти го продадеме „Патриот“. Со С-400 не може да ги гаѓа руските авиони…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува. Илија Бошков – Крајнички
Претседателот на Турција Таијп Реџеп Ердоган повторно беше одбиен за воена помош од САД и НАТО, за неговата офанзива во Сирија против сиријската и руската војска.
Освен што одбија да му помогнат, не сакаат да му го продадат и протв воздушниот систем „Патриот“.
Го уценуваат прво да го врати на Русија против воздушниот систен С-400, па тогаш „ќе му го продале“ ракетниот систем „Патриот“.
Ракетниот систем „Патриот“ му требаше за да може да ги гаѓа руските авиони.
Ракетниот систем С-400 што го купи од Русија, кодиран е да не гаѓа руски и турски авиони.
Поради купувањето на рускиот систем С-400 САД одби да му продаде и авиони од пета генерација Ф-35.
Ова зборува дека Ердоган доби шах мат од Путин, му ги врза рацете.
Само за потсетување!
Европската Унија одби да му ја зголеми финансиската помош за имигрантите, а во момент турската економија влегува во рецесија.
Повеќе за одбивањето на САД на Турција да им продаде ракетниот систем „Патриот“ пишува порталот
Кој излезе со наслов:
„Америка ја уценува Турција: Ништо од патриотите сè додека не го вратите С-400 во Русија“
Еве го текстот во целост на порталот:
На Турција нема да се испорачуваат противвоздушните ракетни системи „Патриот“ што ги побара од Америка сè додека не ги врати руските системи за воздушна одбрана С-400, изјави портпаролот на Пентагон, Џонтан Хофман.
„Позицијата на американскиот министер за одбрана Марк Еспер беше јасна од денот кога тој ја презеде функцијата. Тој рече дека Турција нема да добие батерии „Патриот“ сè додека не го врати С-400 во Русија “, рече Хофман.
Дискусијата за можната испорака на американските системи „Патриот“ кон Турција продолжи по ескалацијата на тензиите во сириската провинција Идлиб, иако испораката на рускиот С-400, што започна во средината на јули 2019 година, која предизвика криза во односите меѓу Турција и САД.
Да се потсетиме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека САД го ублажиле својот став за С-400. Според него, Америка сега бара само Турција да вети дека нема да ги користи системите.
Американскиот амбасадор во Турција, Дејвид Сатерфилд, претходно изјави дека САД се надевале дека испораката на системот С-400 ќе биде решена и предупреди дека Анкара може да носи последици од купувањето на системите според законот за спречување санкции (CAATSA).
Во исто време, турскиот лидер претходно објави дека руските системи С-400 ќе бидат пуштени во употреба во април годинава..