Дали Германија е пред банкрот? Германија ќе позајмува 156 милијарди евра за борба против корона вирусот, Европската Унија е пред распад….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
„Најсилната“ економија во Европа, гермаснската економија, се наоѓа пред колапс.
Во многу текстови нагласив дека Германија е третта најзадоолжена земја во светот по САД и Велика Британија..
Само за потсетување 4-та е Франција, 5-та Јапонија, 6-та Луксембург, 7-ма Италија..
Грција која должи над 300 милијарди не е ниту меѓу првите десет најзадолжени земји на светот.
Во Грерманија сметаат дека најмалку 70 % од населението би можеле да се заразат од корона вирусот.
Но, нашите политичари, особено политички лидери и високи функционери во државата, треба да си стават прст на чело!
Треба да се запрашат, што би добиле ние со дата за почетни преговори или со влез во Европската Унија?
Влезот кој нема да се случи, би бил влегување во кафеана на фајронт!
Тоа би било глодање недогладини коски, пиење од недопиени чаши..
Повеќе за позајмицата која планира Германија да ја направи пишува порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Коронавирусот ја принудува германската влада да го прекрши Уставот“
Германската влада ќе мора да го наруши уставот на земјата за борба против пандемијата на коронавирус.
За таа цел, Берлин има намера да го напушти принципот на задолжување.
Германската влада планира да позајми 156 милијарди евра оваа година, пренесува БФМ.
Предлог-законот ќе биде претставен пред јавноста на 23 март.
Владата верува дека во една исклучително критична состојба заштедата на буџетот може да се намали.
Законот ќе биде официјално усвоен во понеделник од Советот на министри. Потоа ќе оди во парламентот на одобрување.
Во Германија, потврдени се 2.400 случаи на коронавирусна болест во последните 24 часа.
Ова зборува дека вкупниот број во таа држава е 22.100 лица. Од ово чудовиште починале 70 луѓе.
Не треба да се заборави дека Германија е локомотивата на Европската Унија.
Ова зборува дека бродот Европска Унија тоне, се наоѓа пред распад.
Како што спомнав во еден од минатите текстови корона вирусот ќе ги распадне ЕУ и НАТО, моите анализи и предвидувања тропат на врата на двете организации: Европската Унија и на НАТО!