ВЛАДАТА ИНВЕСТИРА –
ВО ПОТЕКЛОТО НА ПРИЛЕПЧАНИ!
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, останав без текст, која ја видов информацијата на порталот Expres.mk „Владата инвестира во реинкарнација како метод на иновација, за жал не е шега (ФОТО)“. Прталот донесува информација „Средствата во висина од 211,500 денари за реинкарнација ги добила фирмата Микомп ДОЕЛ од Прилеп.“!
Кога ја прочитав ова информација, не знаев да ли да се смејам или да плачам. Истражувајќи ја парапсхилогијата од 1983 година, заедно со астрологијата појмот реинкартнација добро ми е познат. Реникарнација значи враќање во минати животи, додека инкарнација значи сегашен живот или во што се реинкарниравме, поточно во следното раѓање што ќе бидеме. На ово поле имат многу работено научниците од САД и од Русија. Научниците во САД успеја да ја измерат енергијата, колку тежи енергијата кога човекот умира, колку енергија губи – народски кажано колку тежи душата кога го напуштателото. Дошле до констатација, дека енергијата кај секого од нас е и со иста или константна тежина – енергијата која го напушта телото при умирање. Русите отидоа еден чекор напред, ја имаат фотографирано енергијата кога го напушта телото. Самиот процес реинкарнација, враќање во минати живот се работи со помош не регресија. Постои хипнотичка и нехипнотичка регресија. Нехипнотичката не е прецизна – за мене повеќе е филозовска и терија. Хипнотичката регресија ја изведуваат лица кои можат да ве воведат во хипнитички сон, преку хипноза да ве вратат во минатиот живот. Ова е опасна метода, постојат случаеви пациентот или над оној што се работи хипнотичката регресија да не се разбуди. Хипнотичката регресија (ренкарнација, враќање во предходен живот) се работи во случаеви кога постојат сериозни проблеми од здраствена или друга природа кај одредена личност. Но, како што спомнав хипнотичката регресија е опасна метода, особено ако ја изведуваат аматери!
Прелепската фирма што добила средства „иновација за реинкарнација“ веројатно сака, Прилеп да го направи центар на човечката еволуција, каде туристите ќе можат да се уверат во Дарвиновата теорија дека „ човекот од мајмун еволурал во човек – поточно, дека потекнува од Прилеп“!
Еве го линкот од порталот, со нивниот текст http://expres.mk/vladata-investira-vo-reinkarnacija-kako-metod-na-inovacija-za-zhal-ne-e-shega-foto/
Споделете