Сите сме суеверни, на што најмногу внимаме или треба да внимаваме

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Суеверието можеби Ви изгледа како порака од мрачното средновековие, сосема противречно на современото рационално мислење, но суеверијата се дел од нашата општа култура. Несвесно се потчинуваме на тие закони, колку и да се тие остаток од мрачното минато.

Некои од нас чукаат во дрво и избегнуват да минуваат под триаголни бандери. Други ги фаќа паника ако црна мачка им го пресече патот. Трети плукат и одмавнуват од себе со раката ,надевајќи се дека злото нема да ги стигне.

Суеверието е дел од историјата на човештвото, независно од  времињата, епохите и владетелите; тоа останува неизменето, на границата меѓу психологијата, митологијата и народниот фолклор.

Можеби се смеете под мустак кога вашиот пријател се прекрстува пред да влезе кај шефот да побара покачување на платата. Го сматате за несериозно тоа што мајка Ви има намера да покани уште еден гостин само за да не бидат 13-мина луѓе на масата. Со иронија се соочуваат љубителите и трагачите по четирилисна детелина и не верувате дека зајачката опашка носи среќа…

Да, можеби имате право, зашто суеверието ви изгледа како остаток од мрачното средновековие, сосема противречно на современото рационално мислење. И покрај тоа, ја ставате раката на уста кога се прозевате или весело подвикнувате “Наздравје” кога некој ќе кивне околу вас. Е, знајте дека кога се колнете и велите “жими” ова или она, Вие пројавувате суеверие. Зашто, суеверијата се дел од нашата општа култура. Несвесно се потчинуваме на тие закони, колку и да се застарени и несовремени.

Римјаните, на пример, верувале дека лошите “гении” го користат секое прозевање за да се мушнат во човечко тело. Од тука и навиката да ја ставаме раката пред устата кога се прозеваме.

Суеверијата кои некои ги определуват како првични навики чија функција е да го бркаат злото и нашите стравови, дејствуват како вистински заштитен ритуал. И ако денес стравовите не ни се толку многубројни како во средновековието, сепак, ние се потчинуваме на неопходноста да бидеме заштитени и неподложни на магии.

ГОЛЕМ БРОЈ ОД СУЕВЕРИЈАТА СЕ НА РЕЛИГИОЗНА ОСНОВА

Бројот 13 се смата за несреќен по аналогија на 13 души кои присуствувале на тајната вечера кога Исус Христос е предаден од Јуда. Во таа насока, веруваат слепо во чудотворната сила на светци. Споменете си само колку нозе на статуи се истриени од бакнежите на верниците.

Италијанците на пример го избегнуват бројот 17. Зошто? Едноставно, зашто со латински букви 17 се пишува ЏВИИ кое претставува анаграм на ВИЏИ, кое означува “живеев”, односно “не сум веќе жив”.

Некои од нас се суеверни по традиција – семејна или културна. Го прават она кое го виделе кај своите баби или од мајките. И, се разбира, го предаваат на децата. Никогаш не минуват под двокраки бандери или пак не носат зелена боја и закачуваат коњска потковица над креветот. Тоа никому не штети, дури и ако предизвикува потсмевање.

Но има заколнати “суеверници” кои во с# гледат извор на стравови. Една жена уште од детството под перницата си држела торбичка со морска сол, за да ги прогонува злите духови од својот дом. Таа никогаш не носела црна облека, која според неа, би &  ја исцрпела енергијата и животноста.

Суеверијата се плод и на нашата фантазија. Има луѓе  кои престануват да го потсетуват определено место за одмор едноставно зашто еднаш откако биле таму им се случила несреќа.

Сепак, да се вратиме кон изворот на нашите суеверија.

Пајакот – симбол на наведување во определена насока

Според преданието, за време на бегството од Египет, Светото семесјтво се скрило во една пештера, за да им избегаат на гонителите. И тогаш, еден голем пајак исплел таква мрежа пред влезот во пештерата, што војниците минале покрај неа, убедени дека никој во скоро време не влегол во неа. 

Четирилисната детелинасреќа и само среќа

Корените на тоа верување се дека кога првите луѓе се изгонети од Рајот, Ева на Земјата ја донесува четирилисната детелина од Едем. Детелината исто така служи и како перница за Исус кога тој се раѓа во јаслите.

Својствата на бројот 7

Во сите цивилизации бројот 7 зазема почесно место. Тој ги поврзува тројката (симболот на машкиот пол) и четворката (слевање на противречностите, симболизирани во формата на крстот). Бројката 7 е цитирана 77 пати во Библијата. Седмиот ден е благословен од Господ, а виножитото – божилакот има 7 бои. Тука спаѓаат и седумте добродетели, но и седумте смртни гревови.

Не собирајте истурена сол

И така, ако  истурите сол, не ја собирајте. Фрлете три пати сол зад грбот, таму каде што демне Ѓаволот. На почетокот солта се користела најчесто како конзерванс и средство за прочистување. Во Библијата Мојсеј порачува: “Кога принесувате жртва, не заборавај да поставиш сол, симбол на соединувањето со Бог.” Но, солта исто така носи и несреќа – за време на Тајната вечера наводно Јуда сипувал сол.

Зелената боја носи несреќа

Луцифер, паднатиот ангел, стапува на Земјата и носи на раката прстен со зелен скапоцен камен.

Да чукнеш во дрво – гаранција за сигурност.

Во сите епохи, шумата била сметана за прибежиште, со дрвјата човекот може да запали огин. Откако Адам и Ева биле прогонети од Рајот, ангелите им попречуваат да се приближат до Дрвото на спознанието. И, воопшто, да дојдат до дрвена површина.

Избегнувајте ги бандерите.

Столбови поставени под прав агол во облик на крст биле искористени на нив да се постави телото на Исус Христос пред неговото распнување. Исто така, два столба се користат за бесилка. Ако, сепак, минете под двокрака бандера, прекрстете се, зашто на тој начин го осветувате триаголникот образуван од бандерите и земјата, кој симболизира единство со Светото Тројство.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20