Бугарија ќе се подготвува за „бој – војна“! Каракачанов бара да се купи оружје, Бугарија да биде подготвена за војна…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: ИЛија Бошков – Крајнички
Бугарскиот министер за одбрана (воениот министер) Красимир Каракачанов бара Бугарија да купи оружје, да биде подготвена за војна.
Потенцира дека после секоја криза доѓало до воени конфликти, спомнувајќи 2009 по која започна „арапската пролетт“.
Интересно што потенцира дека членка на НАТО и Еу треба да бидат подготвени за војна.
Само за птсетување!
Бугарскиот премиер Бојко борисов има дадено изјава:
„Ако дојде до војна меѓу НАТО и Русија, ние ќе се бориме на страната на НАТО“.
Во моментот тензиите помеѓу САД и Русија постојат, војските на НАТО се пдготвуваат за воена вежба на границата со Русија.
Русија воениот конфликт со НАТО и САД не би требало да ја загрижува, се додека е Бугарија членка на НАТО!
Бугарија има „лесна нога“!
Во првата светска војна беше на страната на Австроунгарија, Авструнгарија ја загуби војната.
Втората светска војна Хитлер можеби ќе ја добиеше Бугарија да не му беше сојузник.
Русија има лошо искуство со Бугарија.
За време на СССР Бугарија беше членка на Варшавскиот пакт, по што Варшавскиот пакт мораше да се распадне.
Како што вели Каракачанов:
„членка сме на НАТО“, тоа НАТО може скапо да го чини, да го убрза распадотна НАТО.
Повеќе за ова пишува порталот:
Порталот излезе со наслов:
„Бугарскиот министер: Оружјето повторно ќе звецка“
Еве го текстот во целот
Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов потсетува дека секогаш постои тензија во светот по политичка или економска криза, поради што треба да размислиме за купување оружје.
„Мора да бидеме неписмени за да не се провери дека, после секоја голема криза – политичка или економска криза – има тензии во светот и конфликти“, рече Каракачанов, коментирајќи ја поканата на лидерот на партијата „Волја“ Веселин Марески да ја откаже набавката на ново оружје и да го раскине договорот за купување на Ф- 16.
„И што предлагаат овие господа? Прекинете ја модернизацијата, всушност, ги саботираме можностите на нашата војска да ја брани нашата држава, така што тие ќе имаат можност да освојат некои гласови на избори.
Можеби ќе го добијат тоа, но јас не би играл на толку евтин популизам“, рече Каракачанов за ТВ Нова.
Тој рече дека исто така е невозможно да се одложи купувањето бродови и оклопни возила.
„Ајде, ако сите сме толку загрижени, тогаш земи ги парите од војската, земи ги од полицијата утре или од некој друг и предај ги на другите“, рече тој.
Невозможно е да се одложат проектите без оглед на моменталната состојба, истакна министерот.
„Поради оваа состојба ќе ја оставиме државата без заштита? Видовте што се случи по кризата во 2009 година. Мислам на регионот што е многу близу до нас – Блискиот исток. Дојде арапската пролет, војната во Либија, Сирија.
Во светската историја, секогаш после земјотресот – политички или економски – постои тензија во одредени региони.
И не помалку, како членка на НАТО и ЕУ, како земја во непосредна близина на регионот каде се појавуваат вакви проблеми, не смееме да си дозволиме да ги изгубиме инструментите што ја обезбедуваат нејзината безбедност“, рече Каракачанов.
Да се потсетиме, заменик-претседателот на бугарското национално собрание и лидер на партијата Волја Веселин Марески достави до Собранието предлог за повикување на мораториум за набавка на нови патролни пловни објекти и оклопни возила заради корона вирусот.
Не треба да не загрижува нашето членство во НАТО, ќе бидее краткотрајно, Бугарија ќе го убрза распадот на НАТО – има „лесна нога“!