НЕ ПОДАРУВАЈТЕ ФОТОГРАФИИ: Енергијата на фотографиите
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Луѓето одамна забележале загадочна врска меѓу човекот и неговата фотографија. Кој знае зошто, со фотографиите можат да работат само екстресенсите и јасновитците. Но,тајната сила на фотографијата може да биде искористена од секој од нас.
И до ден-денешен може да сретнете постари луѓе кои што не сакаат да се фотографираат, ниту пак да бидат цртани. Тие сметаат дека ако се случи нешто лошо со нивната фотокрафија – ако изгори или ако се скине, и со нив би можело да се случи нешто лошо, да им се лужи некаква несреќа..
Клуч за „сефот на сеќавањата”
Многу доктори и екстрасенси во наше време ја користат фотографијата на болниот за да постават дијагноза и дури и да го излекуваат.
Според најраспространетата хипотеза, во мигот на фотографирањето во филмот се запечатува не само сликата на човекот, туку и неговиот енергетски тек. Но еве и едно интересно прашање: За време на фотографирањето човек бил здрав, но по година или две се разболел. Како тогаш врз фотографијата се одразиле промените кои што му помагаат на екстрасенсот после неколку години да го дијагностицира заболувањето и да разработи методика на лечење.
Најубедлива хипотеза за ова се појави пред неколку години. Стана јасно дека фотографијата не е извор на информации за човекот. Освен биосфера, земјата содржи и енергетски слој. Таа „купола“ што ја обвиткува нашата планета содржи потполна информација за секој човек.
Фотографијата не ја предава таа информација, туку дејствува како клуч за „сефот на сеќавањата“ во таа гигантска енергетска „пајажина“.
Преку фотографиите екстрасенсите се приклучуваат на таа енергија така како што компјутерот се вклучува на интернет.
При тоа, фотографијата за дијагностика или претскажување не треба да биде необична, туку едноставна, и на неа да се гледа погледот на човекот.
Имено, очите ја откриваат суштината на човекот, дозволуваат да се добие некоја информација поврзана со нашата судбина.
Затоа и многу екстрасенси одбиваат да се објавуваат нивни слики во списанијата или на веб-сајтовите.
Екстрасенсите не сакаат нивните фотографии на кои што гледаат во објективот на апаратот да бидат објавувани за да ги гледаат мноштво луѓе, оти некој би можел да ги злоупотреби.
Загатки и проучувања
Во овој момент не се познати сите загатки на фотографирањето.Учените луѓе и парапсихолозите вложуваат не малку напори за да ги зголемат човечките познавања за таа област.
И којзнае, можеби после повеќе години ќе успеваат да го излекуваат човек само за неколку минути со помош на неговата фотографија или алиште?
Интересни опити правеле А.М. Степанов и А.И.Мажјаски. Тие дејствувале врз водата со помош на фотографии од живи и мртви луѓе.
Со помош на специјална анализа установиле дека водата, која што „ја наполниле3 со енергијата на живи луѓе многу се разликувала од водата која што заемодејствувала со мртвите.
Значи, со помошта на фотографијата навистина може да се определи дали човекот е жив или мртов.
За среќа и успех!
Парапсихолозите знаат дека секој човек може да управува со силата на својот двојник, т.е. со својата фотографија . Ќе ви предложам девет прости правила, чија што примена може да значи позитивна промена за вас и да ви донесе среќа и успех.
1.Никогаш не закачувајте фотографии меѓу шкафови или полици, рафтови, клупи, вдлабнатини, ѕидови. Фотографијата, како и човекот, има личен простор, кој што најдобро да не се нарушува со други предмети. Идеалното растојание од крајот на сликата до другите предмети е 20 сантиметри.
2.Фотографиите треба да бидат изложени на добро осветлено место, јавен простор така што ништо да не му пречи на распространувањето на позитивната енергија во вашиот дом.
3. Имајте предвид дека претенциозната рамка некогаш ја намаалува позитивната енергија.
4.Не е добро да закачувате фотографии на поодамна починати луѓе – тоа се разбира не се однесува на најблиските роднини. Спомнете си за експериментот со водата. Од друга страна пак, ако таква фотографија одамна стои во вашата соба, не е добро да ја тргнувате. Во текот на многуте години вашите очи се навикнале на таа фотографија, енергијата од собата се балансирала со енергијата од фотографијата, и не може да ви донесе штета.
5. Не чувајте фотографии на кои што самите не си се допаѓате. Тие, слично на силните енергетски вампири, ја привлекуваат кон себе целата позитивна енергија од зградата, просторијата. Погрижете се вашите фотографии на важните документи да ви бидат убави, за да постигнете успехс во својата кариера. Подобро да се фотографирате и по неколку пати, отколку секое утро на работа да го покажувате документото од којшто гледа не некоја симпатична лиичност, како што сте вие, туку некој крокодил.
7. Кога ве фотографираат, насмевнувајте се мислете си на нешто убаво. Според статистистичките податоци, оние кои што при фотографирањето прават т.н. “холивудски насмевки” многу побрзо забележуваат напредок во кариерата за разлика од оние кои што се намрштени на фотографиите.
8. Замислете си место каде што сакате да отидете. Во науката се познати редица случаеви при кои што мечтата „примамена“ во фотографијата остава позитивен ефект врз оној што ја гледа.
9. И на крајот, ако мислите дека вашиот живот навлегол во периодот на одминувањето – стареењето, а дека тоа не е во ваша полза, помалку фотографирајте се. Запечатената фотографија го намалува потокот на позитивна енергија кој што ви го определил Космосот.
Затоа не е добро да се фотографирате пред тукушто купениот автомобил, вила, куќа, или што и да било друго, туку почекајте да минат неколку месеци од купувачката.
Песокот ја голта болеста
Американското индијанско племе Навахо памети мноштво различни начини на лечење. Еден од нив се заснова на врската меѓу човекот и неговата фотографија.
Лечителот – шаман ги црта контурите на болниот со обоен песок.
Се разбира, не прави портрет. Потоа лечителот го растрива телото на болниот со исто таков обоен песок, со што се постигнува изедначување, но не на внатрешно, туку на енергетско ниво.
Потоа лечителот со помош на специални ритуали ја пренесува болеста од човекот врз неговата фотографија и го уништува портретот.
Како да го привлечам саканиот (саканата)?
Пред се, подарете му своја фотографија . Не е задолжително постојано да му е пред очите. Главно е тој/таа да ја земе фотографијата од ваши раце.
Ако имате фотографија на човекот кој што ви се допаѓа, шансите за успех ќе ви се зголемат.
Иклучок прават само фотографиите на познати личности, коишто ја губат својата магична сила, бидејќи ги има во илјадници примероци.
А сега доаѓа време да се сетите на саканиот човек и на себеси. За таа цел застанете пред три огледала, поставете пред себе сад со вода, а околу него запалете пет свеќи. Потоа замислете си го пред себе љубениот човек и обидете се да му сугерирате да ви обрне внимание, небаре го убедувате дека можете да му бидете идеална девојка, и дека се меѓу вас ќе биде убаво.
Благодарение на трите огледала, секој ваш одраз се утројува. Сите сили што се појавуваат меѓу површините на огледалата се зголемуваат до шест пати.
Енергијата од водата и од оганот им дава дополнителен импулс.
Вашиот сакан човек ќе го добие тоа послание. Сега вашата задача е во наредните денови е да не се повлекувате од неговата/нејзината близина.
Да го вклучиме шестото сетило
Ако сте разделени од некој близок човек што го сакате, неговата фотографија наполнете ја со енергијата на планетите. Половина час изложете ја на сончевите зраци, а потоа (пожелно е после извесно време минато на полна месечина) фотографијата да ја поставите да стои на раб. Сончевата енергија на тој човек ќе му подари сила и енергија, а месечината успех и среќа во работата.
Потоа во текот на три дена носете ја неговата фотографија блиску до вашето срце, и вслушувајте се во тоа што ќе ви го каже внатрешниот глас.
Во такви моменти силите на космосот ја прават вашата интуиција многу силна, вие во буквална смисла може да разберете што се случува со вашиот сакан човек.