Марија Ле Пен ме потврди: Деновите на Европската Унија се одброени! Корона вирусот ја растура Европска Унија….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Пред месец, два имав текст со наслов „Корона вирусот ќе ги растиру ЕУ и НАТО“.
Овие мои зборови ги потврди пзонатата француска политичарка и голем пријател на Македонија Марија Ле Пен.
Во својата изјава јасно укажува дека корона вирусот го покажа вистинското лице на ЕУ, дека како таква не може повеќе да постои.
Таа се залага за сојуз на народи, за суверенитет на државите, нагласувајќи идеја Европа постои.
Ова го потврдува моите анализи и тврдења во последните неколу години дека Македонија и Србија никогаш нема да станат членки на Европската Унија.
Повеќе за изјавата на Марија Ле Пен пишува порталот:
излезе со наслов:
„Деновите на Европската унија се одбројани: Марин Ле Пен предложи алтернатива на Брисел“
Еве го текстот во целост:
Деновите на Европската унија, што е „вештачка креација“ – се одброени, рече францускиот политичар Марин Ле Пен и посочи дека наместо ЕУ, да се формира „Европа на народите“, заснована на почитување на националните карактеристики и независност на секоја земја.
Во интервјуто за „Valleurs actuelles“, францускиот политичар посочи дека кризата, предизвикана од вирусот корона, го постави темелот за промени и ги врати зборови како „граници“, „суверенитет“ и „национални интереси“ на секојдневниот говор на Европејците.
Ле Пен посочува дека ЕУ се подготвува да ја прослави 70-годишнината од потпишувањето на декларацијата на Шуман со голема помпа, но дека тоа е едноставно „класичен обид за создавање митови“.
Таа потсети на судбината на Советската империја, која се распадна заради нејзината „идеолошка апсурдност“.
Францускиот политичар додаде дека Европската унија е „лабораториска унија на триумфална глобализација, вештачко создавање, кое постои како прототип на светската влада“.
Според нејзиното мислење, ЕУ „завршила“ и за време на кризата предизвикана од вирусот корона, разочарувањето на луѓето од „непопуларната влада“, кое ја покажа својата недоследност и рамнодушност, постепено прерасна во одвратност.
Во исто време, како што истакна таа, тоа не значи дека европската идеја е мртва. затоа што „Европската унија не е Европа“.
Ле Пен апелираше до 500 милиони „вистински Европејци“ да го запомнат духот на Европа на солидарност, која „не треба да се формира, затоа што таа веќе постои“.
„Таа не е 70 години, таа сјае од почеток“, рече францускиот политичар.
Сепак, како што додаде таа, „вистинска Европа“ може да се организира исклучиво околу нации, „разновидни и креативни народи“, со безусловно почитување на националните чувства.
Според неа, сега се појавува значењето на зборовите „суверенитет“, „граници“, „стратешка држава“ и „национални интереси“, а „зад овој семантички пробив можеме да видиме идеолошка победа, која наскоро ќе резултира во политички пресврти“.
„Суверените народи во суверените држави, Европа, која е на патот на соработката и почитта кон народите – тој природен поредок на нештата постепено се враќа на своето место“, заклучи Ле Пен.
За потсетување: Марија Ле Пен победи во Франција на изборите за паламентот на Европската Унија.