ИНДИЈСКА НУМЕРОЛОГИЈА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Индијската нумерологија ги толкува планетите по денот на вашето раѓање

Планетите што управуваат со бројката на датата на раѓањето ги откриваат доблестите и слабостите на секого од нас. Индиската нумерологија смета дека датата на раѓањето може да внесе светлина врз карактерот на личноста и неговата иднина. Во минатото се сметало дека следењето на судбината и нејзиниот исход зависи од временскиот период кој е поврзан со планетата владетел, која владее со датата на раѓање на човекот. Според индиската астрологија има 9 планети кои најсилно влијаат врз земјата, секоја од неа владее со 3 или 4 бројки.

Сурја 1, 10, 19 28

Чандра  2, 11, 20, 29

Гуру  3, 12, 21, 30

Раху 4, 13, 22, 31

Будха  5, 14, 23

Шукра  6, 15, 24

Кету  7, 16, 25

Шани  8, 17, 26

Куджа 9, 18, 27

СУРЈА

Исполнети и живи личности

(родени на 1, 10, 19 и 28 било кој месец од годината)

Според старите индиски ракописи Сурја дава живост на целиот Сончев систем. Во Индиската астрологија Сурја е олицотворение на светлината, животот и љубовта и е најважниот космички фактор, кој опоределува потенциојалот кај човекот. Управува со срцето, олицветрение на татко, ја симболизира вселенската машка сила, разум и волја. Луѓето што се под влијание на Сурја се силни личности, ја сакаат слкободата, искажуваат отпор кон наредбите и не трпат мешање во работите. Тие се надарени со многу способности и таленти, можат да опстана на животните искачувања и паѓања, без да го изгубат присуството на духот. “Вазалите” на Сурја се умни, склони се кон материјалното и со леснотија ги трошат парите. Склони се кон професиите кај се потребни чесноста, авторитет, организаторски способности и несекојдневни решенија.

Кога е во прашање здравјето, им се создаваат проблеми со видот. склони се очни инфекции и имаат проблеми со циркулацјата.

Чандра

Нежни и поетични психолози.

(роденио на 2, 11, 20 и 29 било кој месец во годината)

Чандра е владетелка на растенијата, плодовите и богиња е на водата. Симболизира мајчинство, женски почеток, енергија на создавањето. Нејзината е белата боја. Чандра делува на физичката состојба, душевното спокојство, дури и на судбината. Дава сапособност да се фукусира на потребите на околината и способност да се разбере јазикот на чувствата. Луѓето што се под влијание на оваа планета, мирољубиви се, меки ичувствителни, ја сакаат поезијата и уметноста. Тие се обдарени со чувство за правда. Чандра се предала на својата фантазија, интуиција, им недостига решителност. Тие личности се склони кон чести промени на расоположението и имаат потреба од поддршка. Нивната карактерна црта е дипломатијата, која често ја користат за а си помогнат, себе, на блиските и пријателите, без да чекаат да им се возврати. Во професионалната сфера, подчинети на Чандра, можат да се сретнат како псхилози и терапевти, како и во творечките професии.

Кога се зборува за здравјето тие треба да внимаваат на стресовите, на стомажние и внатрешните заболувања. Склони се на простѕинки, кашлици, на белодрони заболувања.

Гуру

оптимисти, надежни и љубоморни

(родени на 3, 12, 21 и 30 било кој месец во годината)

Гуру или Брахоспати се имиња на крупната планета, под чие влијание се религијата, филозофијата, духовноста и богатството. Величенствена, плодоносна и енергична Гуру ветува слава, успех, почести идеца. Очите на таа планета се гледаат, опфаќаат долги патувања, проникнуваат во тајните на мудроста и медитацијата. Тоа е ѕвезда на творечките мислители, на етичната и трудуљубивта индивидуалност.

Личностите под влијание на Гуру се дисциплинирани, веруваат во себе, полни се со инцијтива. не трпат подчинетост и ситни задачи. Копнеат по успех и целосно го постигнуваат благодарение на острата проникливост, логиката и поддршката од влијателни личности. Тоа се весели личности, сакаат да патуваат, можаат да се преселат и во странство. Чаробните Гуру се несугурни за спротивниот пол, пред се поради љубомората и тешко им е да изградат задоволувачки односи со партнерот. Бараат постојано внимание и восхитување.

Поради ова не се заштитени од од нервни растроенија, кожни алергии и дијабетис. Препорачува им се да обрнатт внимание на здравјето, особено по 40 година. Обрнете поголемо внимание на исхраната.

Раху

Таинствени  и неспокојни херои

(родените на 4, 13, 22 и 31 било кој месец во годината)

Определена како сенка на Чандра, Раху прреставува смеса од илузија, хедонизам, стремеж кон успех, метежен ум, љубов кон патувања и селења. Личностите под влијание на Раху не се глупави, но лесно се возбодуваат и реагираат бурно. Совршено, успешно ги примаат промените, кои им ги носи судбината. Како вечно нескротливи бунтовници, тие секогаш се против правилата, без страв го кршаат законот за да излезат од неприликите или бедата. Тие се заштитници и реформатори за блогосостојба на ниските слоеви на опшеството. личностите ги сакат минатото, музеиите, изложби на стари предмети, концерти театарски престави. Тие се галантни во многу љубовни истории, макар и со трагичен завршеток. “Вазалите” на Раху склони се кон работи каде се барат резултати, срдечност и умствено да се планира. Како правило кај овие луѓе успехот им доаѓа во втората половина од живототм кое секогаш сесовпаѓа со резултатите од нивната способност. Личностите под влијание на Раху често страдаат од задих, кашлица и разни инфекции, со срце и со крвниот притисок. Добро е да не се препуштаат на гневот и периодично да се држаат допрочистетелни диети.

Будха

Непостојани интелектуалци и брбливци

(родени на 5, 14 и 23 било кој месец во годината)

Будха е планета на интелектот, односот и чувството за хумор. Нејзиното име означва “знање” и има заедничкикорен со зборот “буддхи” тоест способност да се разграничи реалното од нереалното. Таа планета е смбол на речитост, трговијата, обуката, писменоста, мислите и решенијата.

“Поданиците” на Будха се тивки, послушни и постојано во движење. Нивната постојана умствена активост ги тера кон промени, кон нови работи и затоа нокгаш не прават долги планови. До староста ги опкружуваат пријателите, ги почитуваат во тие односи. Но, на личностите Будха тешко им ее да востановат блиски односи поради сопствената нестабилност. Овие личности раснаат , водени од Будха кој е добар трговец, кој секогаш ноаѓа нови патишта, за да дојде до пари, но често се соожаваат и со финансиски проблеми. Тие се одлични као новинари и научници, незаменливи се када се бара логиката, комуникативност и брзо донесување на решенија.

Луѓето Будха имаат проблеми со крвниот притисок, кожата и нервите. Не се заморувајте. Дајте си одмор на умот, кога физички ќе се преотоварете. За нервниот систем и за подобрување на крвотокот потребни ви се масажи. 

Шукра

Сентименални и истенчени

(родени на 6, 15, и 24 било кој месец во годината)

Во старите индиски митовиголемиот пророк Бхриту на синот Шукру му ги открил тајните на свештеничките текстови. Елементите на таа женственост и деликатна планета е водата. Шукра одговара за љубовта и за разни искуства.

Родените под нејзина заштита се стремат кон насладите, комфорот и раскошот. Овие луѓе поседуваат магнетизам, ласкави се, страсни, фриволни и ерудирани. Богато се надарени со истенчен вкус и за нив хаосот и секоја форма на неубаво преставува терет. Тие многу се грижат за внатрешноста и секогаш се облекуваат елегантно. “Вазалите” на Шукра се методични дипломати, се стремат кон мир. Повеќе чувствителни, отколку логичнии во постапките, личносите се приврзани кон родителите, со кои не ја прекинуваат врската дури кога напуштат и домот. Они се страсни и на брзина склучуваат брак. Луѓето Шукра најмногу се реализират во обвласти каде е важно здравото чувство за убавина и способоста за систематизација.

На здраствено поле проблеми им создаваат белите дробови и половите органи. За да испливате од проблемите, учете да го заборавете минатото, да им простувате на роднините и соседите.

Кету

Независни,  интровертни, аскети и антикормоивисти

(родените на 7, 16 и 25 било кој месец во годината)

Кету е сенка на планетата Сурја и со себе ја носи недоречивоста, затвореноста и склоност кон недествување. Та е слична на Раху, полупланета, ако се додаде кон тоа дека е без глава. Кету е склона кон духовност и аскетизам, засновани на откажувања од сопствените амбиции. Кон приложените црти треба да се додаде дека имаат способност за концетрација, интуиција и способност за лечење со алернативни методи.

Луѓето родени под бројот на Кету не се скаперници, они се романтични и благородни. Тие никагаш не се изразуваат на банален начин и познати се во својата околина. Не се помируваат со неспроведливоста и почита на слободата. Многупати оставаат впечаток на анархисти, кои не се интересираат многу за имиџот, но внатрешно тие се завидно организирани и водат хармоничен живот, подржуваат душевна и физичка рамнотежа. Надарени со голем ум, луѓето Кету ги привлекуваат промените. Ови личности склони се кон таинственоста и се интересираат за окултните науки. Ако се навлезе во нив, стануваат многу раздразнети, тогаш чувствуваат големи маки. добри се во професиите поврзани со анализирање, допуштајќи самобитност и премостувања.

Слабите точки им се: стомакот, цревниот систем, мочни канали. Не се исклучени и проблеми со циркулацијата. Овие лижности треба да се хранат редовно и им се препорачуваат прошетки поред река или езеро.

Шани

Урамнотежени, отговорни и конкретни

(родени на 8, 17 и 26 било кој месец во годината)

Во индиската митологија Шани ја тера колата во која седи Сурја. Шани ја симболизира медитацијата, обективноста, дисциплината и способноста да се истре во тешкото.

Луѓето што се под нејзино покровителство се создржани и рефлективни, трпеливи и мелахонични. Тие изгледаат сурово, тешко ги рабираат нивните постапки, подготвени се да ги поминат сите препреки, за да ги заштитат интересите на пријателите. Луѓето од овој тип имаат вродено чувство за должност и одговорност, која им помага да се најдат каде се бара практичност и умешност, педантност. Во принцип тоа се спокојни и предвидливи луѓе, а тоа им помага да го постигнат саканото без поголем напор. Среќата им се насмевнува по 30 година.

Припадниците на Шани се склони кон ревматизмот, стомачни заболувања, кон настинки.

Куджа

Искрени и импулсивни херои

(родени на 9, 18 и 27 секој месец во годината)

Куджа е машка и избублива планета, смела и енергична. Таа е олицотворение на страстите на човекот и способноста да се изрази во овој свет. Во индијската митологија Куджа е син на земјата и затоа ги осветлува тајните страни на човечката природа.

Луѓето под покриветелство на Куджа се дрски, поривни и красноречиви. Решителни се се и со силна волја, без двоумење тие се искачуваат по скалите на кариерата. Независни и полни со енергија, не поднесуваат наредби. Луѓето куджа знаат да проникнат длабоко во ситуацијата, при тоа страдаат од критика, мешања од страна. Импулсивноста често ги прави жртви на пожари, треба да се внимателни со електроуредите. Во името на славата и престижот тие се подготвени на секакви откажувања. Најмногу им лежи професија кои барат технички состојби на умот, интуиција и решетелност.

Личностите под знакот на Куджа се склони кон инфекциите, нервни заболувања, кон стомачни и цревни заболувања, како и кон заболувања на коските. треба да ги избегнуваат агресивните ситуации, да се самоконтролираат и дисциплинираат. 

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20