Дали е Германија „капут машин“? Германската армија принудена е да изнајми од САД 40 подобрани по цена од 20 000 долари за десатната вежба на НАТО…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Не можев да поверувам што читам, кога го читав текстот на порталот:

https://rs.sputniknews.com/evropa/202005171122592885-velt-nemacka-vojska-prinudjena-da-iznajljuje-americke-padobrane/

           кој излезе со наслов:

Велт: Германската армија е принудена да изнајми американски падобрани

Деновиве во Германија економскиот колапс се разголува, поточно уште минатата година кога „Дојче банк“ беше принудена да затвори  многу свои филијали низ светот, да даде отказ на илјадници вработени.

Деновиве Уставниот суд на Германија на Федералната Банка на Германија и нареди да се дистанцира од Европската Централа Банка.

Секој добар аналитичар знаее дека еврото и доларот се печатат без покритие.

Германија уфрлуваше евра без покритие во Централната Банка на Европа, купувајќи државни обврзници на Шпанија, Португалија, Грција…

Добро е познато дека Германија е третта најзодолжена земја во светот, по САД и Велика Британија.

Но, не ми се веруваше дека се дојдени до толкав економски колапс, да не можеле на армијата да достават 40 нови подобрани, барање кое е од минатата година.

За да учествуваат на НАТО десатната вежба од армијата на САД изнајмиле 40 падобрани, по цена од 20 000 долари, до август.

Како што пишува порталот, скоро иста цена се нови падобрани да купиле.

Тука се поставува прашањето во каква состојба е НАТО, особено армијата на Геррманија која е една од водечките во НАТО.

Сето ова мириса на брз распад на Европската Унија, како што изјави и самиот Сорос.

Само за потсаетување Германија „позајми“ 160 милијарди евра за да се справи со корона вирусот.

Повеќе за инајмување на падобрани од армијата на САД од страна на Германија пишува порталот.

Еве го текстот во целост:

Германската армија ќе изнајми 40 падобрани, направени во САД, до август, пишува „Велт“. Според весникот, испораката на сопствена опрема била одложена во Бундесверот, поради што тие морале да ја изнајмат за да не бидат запрени вежбите на силите за десант.

Според списокот, Бундесверот ќе треба да ангажира 40 американски падобрани за да одржи воени вежби на силите за десант.

Логистичката служба на германската армија објави дека нарачале дополнителна серија падобрани минатата година, но дека испораката е одложена.

За да не бидат прекинати воените вежби, падобраните ќе бидат изнајмени до август.

Според експертите, цената за изнајмување на падобран, направена во САД, за неколку месеци е околу 20 000 долари.

Скоро е исто како да купиле нови падобрани.

Според весникот, рокот на траење на падобранот во германската армија е 15 години.

До денес, Бундесверот користил само падобрани од сопствено производство.

Кога добро ќе се анализира овој текст вината за недостаток на подобрани не може да се бара во канцеларката Ангела Меркел.

Вината треба да се побара во Адолф Хитлер!

Адолф Хитлер изгледа во десантот на Дрвар искористил премногу падобрани, не мислеќи за иднината на војската на Германија.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20