Дали Заев и Ахмети го дриблаат Мицковски? Дриблингот започна со предизборната коолиција на СДСМ и БЕСА!!!!!

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Скоро две години не ја анализирам и не пишувам за Македонската политичка сцена, моите текстови беа свртени кон глобалната или светската политика. Вчера на мојата веб страница http://horoskop-krajnicki.mk/ пренесов текст од српски портал, кој од албански медиум пренесе информација дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се договориле првата година од заедничката влада албанец да биде премиер, другите 3 години од ВМРО ДПМНЕ.

           На пренесената информација, членовите на ВМРО ДПМНЕ задлепени со ликот на нивниот лидер ме исплукаа, комуњар, што се не ме направија. Несвесни дека се слепи и не гледаат подалеку од носот.

           Од овие приочини решив да го напишам овој текст да ги разбудам нив, нивниот лидер, како и нивните „аналитичари“!

Овој мој текст или анализа ви е бесплатна!

Дриблингот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети започна со предвремената коолиција на СДСМ и БЕСА! Се прашувате зошто?

БЕСА и Алијансата за Албанците има незванична коолиција, а рејтингот на ДУИ кај албанскиот електорарат почна да паѓа. Кога ќе ги соберете 4 пратиника на БЕСА која е во колиција со СДСМ и 12 пратеника на Алијансата го добивате збирот 16 пратеника, а ДУИ има 15 пратеника, значи ДУИ не би бил победникот во албанскиот електорат.

Со коолицијата помеѓу БЕСА и СДСМ, СДСМ повторно доби албански гласови, кои му беа доволни да победи во македонскиот блок, да има повеќе пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Вториот дриблинг на лидерот на СДСМ Зоран Заев беше неговото заминување на „одмор“, на кој наседна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и медиумите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев намерно го пушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да преговара за влада со ДУИ, поточно со нвниот лидер Али Ахмети.

Веројатно се прашувате зошто намерно го пушти?

Го пушти за да види колку ВМРО ДПМНЕ е подготвено да му попушти пред барањата на ДУИ. Потоа со истиот попуст СДСМ би повторно формирала влада со ДУИ, бидејќи кога ќе ги соберете пратениците на СДСМ 46 и на ДУИ 15 доѓате до збирот 61, мнозинство доволно за формирање на влада.

Да не заборавам, победата на СДСМ на изборите, како и апстинецијата на македонскиот народ не беше случајна, без разлика колку била местенката!

За време на потпишувањеето на договорот за добросоство со Бугарија и „преспанскиот договор“ ВМРО ДПМНЕ еднаш не го повика македонскиот народ на мосовни протести, си правеше екскурзии по Македонија.

Без разлика да ли со уцена или поткуп, името се смени со помош на дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, а народот тоа не простува.

Македонскиот народ на овие избори можеше да бира „магаре“ или „змија“, затоа се случи апстинецијата на македонскиот народ.

Само да ги потсетам заслепените членови на ВМРО ДПМНЕ на 2014 година, кога лидерот на СДСМ Зоран Заев излезе во 19 и 5 минути и кажа:

„Без разлика на изборните резултати, изборите не ги пизнаваме“

А на последните избори се случи „хакерски напади“ лидерот на ВМРО ДПМНЕ не ги повлече набљудувачите, буквално ги легализираше изборите, особено со врерификацијата на пратениците во парламентот.

Прашање е само каков следен дриблинг лидерот на СДСМ Зоран Заев му подготвува на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски?

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20