Мицковски му се налути на Пендаровски, ќе ја прекинат комуникацијата, нема повеќе да се играат…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Трагикомчна беше бламажата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, со остварување средба со председателот Стево Пендаровски.
Наводно му се налутил, рекол дека ќе ги прекинат комуникациите, поради тоа што му доделил мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира влада.
Факт е дека е направен еуставен потег, дека без обезбедено мнозинство лидерот на СДСМ Зоран Заев Заев доби мандат да формира влада.
Само едно потсетување!
Во 2016 година (тогаш ВМРО ДПМНЕ имаше 2 пратеника повеќе 51) од председателот доби мандат да формира влада, без предходно да обезбеди мнозинство.
Но, не успеа да формира влада, за да мандатот потоа му се додели на председателт на СДСМ Зоран Заев.
Христијан Мицковски како ошто е познато во ВМРО ДПМНЕ е дојден од Либералната партија, како и неговиот председателски кандидат Гордана Давкова Силјановска. Истата беше и министер во владата на Бранко Црвенковски.
Но, не е прв пат ВМРО ДПМНЕ да купува или позајмува личности за лидери од други паттии.
Предходниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со Гордана Јанкуловски дојдоа од ДА. Нив покојнатаДоста Димовска ги нарекуваше „младотурци“!
До сега, во поновата политичка историја на Македонија, не се случило партијски лидер да изгуби три избори (локални, председателски и парламетарни) да остане на чело на партијата.
За потсетување!
Љуб(п)чо Георгиевски ги изгуби изборите 2002 година, по што го напушти кормилото на партијата.
Никола Груевски не изгуби ниту едни избори, но не успеа да формира влада 2016 година, го напушти кормилото на ВМРО ДПМНЕ.
Но, новиот лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски е „поумен“ од нив, го смени статусот на партијата, со кој може со преложени негови делегати да губи избори уште два мандата.
Апстинецијата на македонскиот народ на овие избори беше токму поради лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Ниту за време кога се потпишуваа договорите за добрососедство со Бугарија, ниту „преспанскиот договор“ членовите и симпастизерите не ги изведе на протести.
Со помош на „одродени“ пратеници од ВМРО ДПМНЕ се отвори уставот и смени уставното име.
Г-дине Христијан Кицковски македнскиот народ не пасе трева – го потценивте!
Пред изборите со Антонијо Милошевски (потпреседателот од ВМРО ДПМНЕ) имавме преписка, во која касно му кажав:
Со Христијан Мицковски следните 100 години нема да се вратите на власт.
Тој ме уверуваше во сигурна победа, на што се само насмејав!