ДОДЕКА ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ,

МИЦКОВСКИ ПРЕГОВАРА КАКО ДА ГЛАСИ,

РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ,

ЗА ТОА ВРЕМЕ ПАЛЕВСКИ,

ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР НА СДСМ –

ПОВИКУВА НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

Пишува: Илија Бошков Крајнички

Драги, пријатели, многу нелогични работи се случуваат на македонската политичка сцена. ВМРО ДПМНЕ, која важеше за македонска национална партија, нивниот наметнат лидер либералот г-дин Христијан Мицковски, преговара СО НАМЕТНИОТ ПРЕМИЕР Г-ДИН Зоран Заев за референдумското прашање, како да биде формулирано. Во неговите настапи на тв, на прашање на новинарката (ако не се лажам на „ТВ ТЕЛМА“) на прашањето „Да ли ќе го бојкотирате референдумот?“, неговиот одговор беше „Ми поставувате хипотетечко прашање, треба прво да го видиме референдумското прашање“. Во еден друг настап изјави: „Јас, на референдумот ќе гласам против!“ Овие негови изјави не ме чудат, бидејќи на конгресот во Валандово, буквално беше наметнат за лидер на ВМРО ДПМНЕ. Во моментот јасно се гледа, дека нема контрола над членството и парламетарната група. Како што реков, многу не ми изненадува неговите настапи и изјави колку што ме изнади изјавата и повикот на г-дин Љупчо Палевски, кој е поранешен висок фиункционер на СДСМ, кој важеше за човек на г-дин Бранко Црвенковски, а во моментот е во фаза на формирање на своја партија „ТРЕТА“. Не ми е нелогично што лидерот на ВМРО ДПМНЕ либералот г-дин ХРистијан Мицковски не го повикува членство на бојкот – истиот го повика членство, да не ги подржат протестите, кои народот ги организираше против прегопворите за промена на вековното и библијско име Македонија. Г-дин Љупчо Палевски, кој е поранешен функционер на СДСМ, во процес на формирањењ на своја партија „ТРЕТА“ јавно на социјалните мрежи го повика македонскиот народ на „БОЈКОТ“! Членовите на ВМРО ДПМНЕ, како и на СДСМ, треба да си стават прст на чело, тука мислам на етничките македонци, кои им се лидери, каде ги водат – ги водат во самоуништување на Македонија и Македонскиот етникум!

Бојкотирам ТРЕТА

#Бојкот

Posted by ТретаПолитика on Среда, 25 јули 2018

 

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20