Христос на магаре влезе пред да биде распнат во Ерусалим, Христијан Мицковски да не замине на магаре од „белата палата“?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Фотографијата што ја постирам како нассловна на текстот симната е од социјалната мрежа Фејсбук.

Не ми текнува кој ја постирал, но ми дојде интересна, ја одсликува политичката состојба во Македонија.

           Вечерва бев изненаден, за првпат лидерот на СДСМ Зоран Заев не беше главна тема на членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ.

           Јасно лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски го нарекуваат „предавник“, го повикуваат да си замине од лидерска функција.

           Кога добро ќе се проанализира зборот „предавник“ со кој на социјалните мрежи го нарекуваат членовите на партијата и симпатизерите има тежина, има вистина во тоа!?

Зошто велам има и вистина во тоа!?

За мене соочесникот секогаш бил поголем злосторник од злосторникот!

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски индеректно му го чуваше грбот на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Додека се потпишуваше договорот за дфобросество со Република Бугарија, кој е штетен за Македонија, лидерот на ВМРО ДПМНЕ не го повика народот на протест.

Тоа се случи и со склучувањето на „ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“, ка и во отварањто на уставот и промена на уставното име.

Факт е дека Зоран Заев и неговата влада неуставно го склучија „преспанскиот договор“, но тоа немаше да го направи ако народот излезеше масовно на протести.

Но, на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски поважно му беше донесувањето на законот за финансирање на партијата, отколку разнебитувањето на Македонија.

Не беше случајно, што лидерот на СДСМ Зоран Заев на последната дебата му кажа:

„ова е наша последна дебатна емисија“!

Ова реченица на Зоран Заев малку ме загрижи, почна да ми ја превзима работата, да предвидува.

Македонскиот народ на последните парламетарни избори имаше две можности да бира: помеѓу магаре и змија.

Поточно за оној што го смени името или за оној индеректно што му го чуваше грбот.

Г-дине Драган Павловиќ Латас од овие причини многу македонски граѓани апстинираа на овие избори.

Тука не треба да се заборави пандемијата и со корона вирусот.

На овие парламетарни избори симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ, апстинираа поради нивниот лидер, бидејќи македонскиот народ има ставено равенство помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски.

Како новинар аналитичар, професинално се занимавам со новинарска аналтика од 1986 година кога дипломирав на Југословенскиот Институт за новинарство, немам сретнато една работа.

До сега немам забележано никаде во светот, лидер на партија, која е една од најголемите во државата, по ред да губи 3-ри избори, понатаму да е лидер на партијата.

Пред изборите на Антонијо Милошевски, кој ми е пријател на фејсбук,, му напишав:

„Со Мицковски следните сто години нема да се вратите на власт“!

Тој ме уверуваше дека убедливо ќе тепаат.

Како аналитичар доволно ми беше показателот на председателските избори, кога во Охрид и Ново Село, каде се прегласуваше за градоначалник, паралелно со председателските избори.

Председателсдкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Давкова Силјаноска имаше повеќе гласови од ВМРО ДПМНЕ на преглуваните локални избори во Охрид и Ново Село.

Лично, Христијан Мицковски, кој ми беше пријател на фејсбук (веројатно да ги следи моите текстови), кога го забележав, го избришав и блокирав пред две години, кога забележав како индеректно му го чува грбот на Зоран Заев!

Гледајќи ја насловната фотографија на текстот, се прашувам дали поради името Христијан авторот на фотографијата го качил на магаре како Исус Христос.

Фотографијата можеби има и предвидувачки елементи, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски „славно“ да замине од белата палата на магаре.

Во моето родно село (сега општина) Зрновци на локалните избори победи ВМРО ДПМНЕ.

Се надевам моите соселани ќе бидат дарежливи – ќе му подарат едно селско магаре!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20