Дали ДУИ е пред раскол (видео)? Ќе се доведе ли во прашање формирање на владата? Ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај кренаа глас против изборот на министри од страна на лидерот Ахмети…..

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Моите анализи полека тропаат на врата. Формирањето на влада до септември може да стане невозможна мисија.

           Една од причините е заминувањето на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Хаг, да свеедочи за злостарствата на ОВК на Косово.

           Лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што јавуваат албанските и српските медиуми бил еден од основачите на ОВК (Ослободителна Војска на Косово), од тие причини е повикан во Хаг.

           Втората причина која може да го отежни формирањето на влада е расколот што се јави во ограноците на ДУИ во Чаир и Сарај поради предложените министри од страна на лидерот Али Ахмети.

           Македонскиот медиум на албанците „Тв 21“ јавува за раскол во партијата, особено кај најсилните ограноци на ДУИ, во Чаир и Сарај.

           Се споменува можноста лидерот на ДУИ Али Ахмети пратениците да ги „препушти“ на опзицијата.

           Сето ова зборува дека на албанските партии најважен и беше изборот на председател на парламентот.

           Како што реков во една од последните анализи, со повторниот избор на Талат Џафери за председател на парламентот, на албанските партии им се обезбедува место на председател на парламент, по било кои избори.

           На констутирањето на парламентот кога Алијансата за Албанците го напушти парламентот, како и Левица, остана само ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, со што даден е лигитеметот да продолжи ова традиција.

           Сето  ова зборува дека ДУИ со вакви барања, особено на толку министерски места, не му е цел формирање на влада.

           Неизбежни се брзи повторни парламетарни избори, без разлика дали ќе се формира влада.

           Ова не треба многу да ги радува членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ.

           Ќе повторам оно што му го имам напишано на фејсбук на Антонијо милошевски:

           „Со Христијан Мицковски, следните 100 години нема да се вратите на власт. Македонскиот народ помеѓу ХристијаН Мицковски и Зоран Заев има ставено знак на равенство, кога се во прашање уставните промени“.

           Ви предлагам внимателно да го погледнете прилогот на „Тв 21“!  

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20