Кој е вистинскиот предавник: Заев, Груевски или Мицковски? Никола Димитров е само егзикуторот!
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Долго време се прашував дали да го напишам овој текст, поточно мојата анализа, кој го предаде македонскиот народ: Заев, Груевски или Мицковски?
Пријателите од ВМРО ДПМНЕ, да не ме разберат погрешно, мене и мојата анализа, јас сум еден од оние што присуствиаваа на основачкото сообрание на ВМРО ДПМНЕ во Кочани, во јуни 1990 година.
Еден кој ДБК, поранешна УДБА го следи поради својот патриотизам од 1984 година, интезивно од 1987 година.
Не сум личност со која може да се манупулира, да биде партијски послушник или војник!
Но, како новинар аналитичар, секогаш сум ги почитувал фактите, што би рекле правниците и ние новинарите „корпус деликти“!
Од промена на уставот, поточно од потпишувањето на „преспанскиот договор“ социјалните мрежи, особено фејсбук врие од коментари: „Заев предавник“ смрт за црпко“ и така понатаму.
Но, да ги согледаме фактите!
Поранешниот премиер и актуелниот премиер Зоран Заев не ги потпиша договорите за соработка со Бигарија, ниту „преспанскиот договор“.
Зоран Заев не започна да ја менува македонската историја, тоа се направи за време на Никола Груевски, кога во учебмиците за 6-то оделение се напиша дека власите се потомци на Александар Македонски.
Двата договора ги потпишна министерот за надворешни работи Никола Димитров!
Никола Димитров е син на Димитар Димитров министер во владата на татрчето Љуб(п)чо Греоргиевски, личен пријател на покојната Доста Димовска.
Семесјство Димитрови во јавноста беше оквалификувано како бугарафилско!
Идерот на СДСМ и премиерот Зоран Заев не случајно го постави Никола Димитров за министер за надворешни работи во предходната влада.
Веројатно поучен од „случајот Глобал“ а со чисти раце да ја заврши задачата, го поставува Никола Димитров за инистер за надворешни работи на Република Македонија.
Никола димитров во владата на Никола Груевски беше задожен за преговорите со Грција, кој ги водеше Нимиц.
Од правна гледна точка (не сум правник, новинар аналитичар сум), Зоран Заев нема потпишано нитуи еден договор, што зборува дека правно, кој и да дојде на власт не може кривично да го гони.
Судот и правото признаваат само докази или документи, но не и усни наредби.
Пријателите на ВМРО ДПМНЕ и неговите подржувачи би ги прашал само едно?
Дали е сега случајно што Јавното Обвинетелство го покрена случајот „Моќниот“, кога од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски се бара оставка и вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ.
Како „сочесник“ – чувајќи му грбот на Зоран Заев, за да се заштити Христија Мицковски се покренува случајот „Моќниот“ против Антонијо Милошевски, кој му беше против кандидат на изборниот конгрес во Валандово на Христијан Мицковски.
За отварањето на Уставот и неговите промени се обвинува Зоран Заев.
Во ред, има простор за такво обвинување, но нема простор за поткуп на пратеници, не велам дека немало и од негова страна.
Пријатели, членови и поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ, запрашајте се кој ја имаше гавната улога во поткуп нса пратениците и нивното врбување – Сашо Мијалков!
Добро е познато дека Сашо МИјалков е прв братучед на Никола Груевски!
Како факт, првата братучедка на Сашо Мијалков која беше пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, беше во групата пратеници на ВМРО ДПМНЕ што гласаше за промена на уставот и уставното име Република Македонија.
Голимиот патриот Никола Груевски (влав кој се преставува како егејски македонец – внук Никос Гројос, кој се борел во редовите на грчите антарти, има и споменик во Грција) замина во егзил, со нечии „амин“ во Унгарија.
Пред да замине ја заврши работата, македонските патриоти, кои протестира со месеци индеректно „ги смести“ во затвор.
Да не се лажеме, не ги смести Зоран Заев, он само ја доврши работата на Никола Груевски!
Кој ги отври вратите, за да народот влезе во сообранието, двајцата пратеници на ВМРО ДПМНЕ.
Никола Груевски го осуди влегувањето на народот во парламентот, а младиот Влатко Ѓорчев му беше телохтранител на Зоран Заев во сообранието.
Соогледувајќи ги овие факти, Зоран Заев сите што го нерекувате „црпко“ ве издрибла со ваши играчи.
Нема директна одговорност за двата договора и промената на името.
Ниту еден суд на светот не може да осуди без факти или потписи на договорот.
Договорите се неуставни, лесно можат да паднат на устсавни суд, но кога македонци ќе заседават во мнозинсто со него.
Партијските војници (особено на Мицковски) на ВМРО ДПМНЕ и подржувачите, запрашајте се дали сега случајно е покренат предметот „Моќниот“ против Антонијо Милошевски?
Актуелниот премиер и поранешен премиер Зоран Заев испадна чесен кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, со случајот „Моќниот“ му го врати долгот на лидерот Христијан Мицковски, што му го чуваше грбот.
Пред да го наречете Зоран Заев предавник (а не потпишал ниту еден договор) погледнете се во огледало, предавниците, да не се во вашите редови или потекнуваат од вашите редови.
Не се случајни поразите на ВМРО ДПМНЕ на локалните, председателските и парламетарните избори!
Македонскиот народ повеќе „не пасе трева“ има ставено равенство помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, благодарение на Никола Груевски i Христијан Мицковски!