Трамп преку Србија ќе се пресметува со Кина и Русија! Демократите му подготвуваат пред изборите нова офанзива преку корона вирусот….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Председателот на САД Доналд Трамп подготви офанзива „Бркање на Кина и Русија од Балканот“, главната „маша“ за тоа треба да му биде председателот на Србија Александар Вучиќ.
Пред председателските избори во САД, кои треба да се одржат во првиот вторник во ноември на председателот на САД Доналд Трамп му требаше меѓународен успех на светската политичка сцена.
За ова да го постигне го избра Балканот, поточно „главната маша“ треба да му биде председателот на Србија Александар Вучиќ.
Познато е дека Кина е најголемиот инвеститор во соседна Србија, а Русија воено ја поддржува.
Во исто време му требаше поддршка од еврејото лоби во САД, поточно од еврејскиот бакарски картел.
Од ова причина председателот на САД, амбасада на САД од Тел Авив ја пресели во Ерусалим.
Но, целосно да го задоволи еврејското лоби, му требаше „овци“ кои ќе го следат пастирот.
Тоа го постигна со потпишуваето на договорот или изјавата на српскиот председател Александар Вучиќ дека амбасадата Србија ќе ја пресели од Тел Авив во Ерусалим, како и Косово кое се согласи со тоа, веднаш доби признавање од Изреал.
Со „економскиот“ договор кој Србија го потпиша со САД, значи директно бркање на Кина и нејзините инвестиции од Србија.
Не беа случајни протестите во Бор, каде ивеститор е Кина, против зголеменото загадување, пред да отпатува председателот на Србија за Вашингтон.
Председателот на САД Доналд Трамп, мудро постапи,не чекаше да се олади железото, деновиве Србија ја посети американски економски тим.
Најинтересно што со инвестициите на САД во Србија ќе раководи Иванка Трамп, ќерка на председателот на САД Доналд Трамп.
Но, најинтересно е што председателот на САД Доналд Трамп, познат по градење на неговите кули, во Белград на местото на срушената зграда на Генерлштабот, за време на бомбардирањето 1999 година ќе гради кула.
Со економското влегување на САД во Србија се запира Кина и изградбата на нејзината брза пруга „патот на свилата“ кон Унгарија.
Веднаш по враќањето од Вашингтон министерот за одбрана на Србија Вулин го откажа учеството на српската војска на вежбата „словенско братство“ со Русија и Белорусија, прогласувајќи „6 месечен мораторијум на сите вежби.
Со ова председателот на САД Доналд Трамп, преку председателот на Србија Александар Вучиќ да се обиде да им удри шлаканица на Кина и Русија.
За разлика од балканската успешна политика или потег пред изборите, дома демократите на председателот на Трамп му подготвуваат завршна офанзива.
Ако добро се проследат информациите од европските земји, особено од Балканот, мислам на Македонија и Србија, од 1-ви октомври се подготвуваат повторни карантини.
Сето ова е со цел во САД гласањето на председателските избори да не биде директно, да се гладса по пошта, каде манипулациите се големи.