Дали позади бламажа на„Тв Алфа“ стои Мицковски (видео), со лидерот на „Интегра“ Љупчо Ристовски? Новинарите на „Тв Алфа“ добија „шлаканици“ од Ристовски…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Тв Алфа“ која опзицијски е, дека лидерот на „Интегра“ Љупчо Ристовски, еден од водителите кажа дека сам побарал да биде гостин, водителите доживеа фијаско.

           Мора да признам, по поднесувањето на тужба од страна на лидерот на „Интегра“ Љупчо Ристовски на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, ова е храбар потег на лидерот на „Интегра“ да влезе во гнездото на осите.

           Главниот алиби за поразот на парламетарни избори лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски го префрли на Интегра „поради одземените гласови“ кои ќе гласале за ВМРО ДПМНЕ.

           Прашање на ден кога ќе го обвини и за поразот на претседателските и локалните избори?

Повеќе од трагикомично?

Членовите и симпатизерите на СДСМ и ВМРО ДМНЕ си излегоа и гласаа за своите партии.

Добро знаеме дека имаше голема апстинеција на изборите, токму од гласачко тело на ВМРО ДПМНЕ, токму поради пасивноста на партијата при склучување на „договорот за добросество со Бугарија“ и „преспанскиот договор“, глумејќи „конструктивна опозиција“.

Тука не треба да се заборави со помош на пратениците на ВМРО ДПМНЕ се отвори и Уставот и се смени  името.

Тоа беше причината зошто апстинирааа гласачите на ВМРО ДПМНЕ, поради „конструктивноста“.

Интересно никој не ја оптужи „Левица“ која 3-ти имаше повеќе гласови од „Интегра“ дека им ги земала гласовите на ВМРО ДПМНЕ.

Токму „Левица“, благодарение на нивниот Лидер професорот Димитар Апасиев и неговите правни одбрани и поднесувањње на преставки до Усатавниот суд, ги превзема гласачите на „конструктивниот“ ВМРО ДПМНЕ.

Новинарите на „Тв Алфа“ во емисијата „Заспиј ако можеш“ лидерот на „Интегра“ го поставија на оптуженичка клупа за „поразот“ на ВМРО ДПМНЕ.

Поголема новинарска бламажа, во мојата новинарска кариера немам видено.

Интересно што повторија една иста фоскула, со која лидерот на „Интегра“ Љупчо Ристовски која му беше потенцирана додека гостуваше во изборната кампања „попче – свештеник“, алудирајќи на неговата протестанска вера.

Притоа забаравија дека е професор со две докторски титули:

  • Доктор по политички науки
  • Доктор по теологија

Тука треба да се напомене дека е дипломиран економист.

Интересно е што професорот, инаку лидерот на „Интегра“ г-дин Љупчо Ристовски СДСМ и ВМРО ДПМНЕ цело време ги нарекува СДС и ДПНЕ.

Кажува дека двете партии одамна не можат да се наречат македонски, особено по промената на Уставното име.

Новинарите на „Тв Алфа“ одеа со многу ниски ударци, на кои добиваа „жешки шлаканици, што досега немам невидено во новинарството, особено со два водитела а еден гостин.

Во мој медиум не би можела да работатат и на пријавница!

Најниско им беше на крајот, кога поккажа исечок на гостување на лидерот на „Интегра“ Љупчо Ристовски, пред потпишување на договорите.

На истиот исечок добија две добри „шлаканици“ од гостинот Љупчо Ристовски, кој пред прекажувањата и кажа што ќе прикажат.

Направија спротивен ефект, оваа емисија ќе му ја зголеми популарноста на лидерот на „Интегра“ Љупчо Ристовски.

Двајцата новинари, со провидни прашања, само се избламираа а лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ уште повеќе ги вовлекоа во живиот песок.       

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20