ЧЕКАЈЌИ ЈА ВЕСНА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

ЧЕКАЈЌИ ЈА ВЕСНА

Ноќеска се обидував

Сонот да го повикам да дојде –

не дојде!

Низ заклучената врата

почувствав како некој влегува

поред креветот застана кралот Филип –

Таткото на мојот народ и земја!

Илија, ме позна

знам,

не ме чекаше –

весна ја чекаш!

Да кралу,

Мојот народ со векови

грамотевици и снег само памети –

весна никако да дојде!

Илија, самиот знаеш

СОЗДАТЕЛ те прати

да бидеш светилник на твојот народ

Да ја осветлиш патеката

по која треба да оди –

патеката по која весна ќе дојде!

Весна наскоро ќе дојде

гушната со мечка

мечката во шепата ќе држи

пердуви од орел –

мојот народ повтоено сонце ќе го грее!

Корените што ги посадив

најсилните бури

не можат да ги откорнат

повторно ќе влезат длабоко во земја –

скинатите делови да ги спојат!

Илија Бошков – Крајнички

27. 09. 2020 ГОСПОДОВА

5 часот и 32 минути

Скопје, Македонија

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20