Путин и планетите: Дали Путин подготвува политички дриблинзи на светската политичка сцена… Путин денес полни 68 години…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Председателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, кој за мене како новинар аналитичар е некрунисан владетел на светот, благодарение на воената моќ што ја има во моментот Руската Федерација.

           Ова воена моќ на Русија е создадена токму за време на владеењето Владимир Путин, од 1999 година кога Борис Елцин заминува од власт без  избори, а Владимир Владимирович Путин го назначува за прдседател на Руската Федерација.

           Во меѓувреме, пред да го назначи беше формирана парттијата „Единствена Русија“.

           По назнучувањето се одржуваат председателските избори на кои Владимир Владимирович Путин станува и званично председател на Руската Федерација.

           Да не бидам погрешно разбран, но заминувањето на Борис Елцин од власт без избори, го имам предвидено 4-ри години порано во „Македонско Сонце“ во бр. 37 од 03. 03. 1995 година, во текстот во кој го предвидов и атентатот на покојниот председател Киро Глигоров.

           Денес председател на Руската Федерација полни 68 години.

Натална карта на Владимир Путин со транзитите

           Роден е на 7-ми октомври 1952 година во Сант Петезбург, некогашен Ленинград.

           Значи роден е во знакот на Терезија, со подзнак во Скорпија (роден е во 9 часот и 30 минути), што зборува дека не бира срества да ја постигне целта.

Ова го почувствуваа киднаперите во „Бољшевик татарот“, како и Чеченија, која ја приземји.

           Како роденденски подарок решив да го погледнам говорот на планетите, поточно неговата соларна карта (од роденден, до роденден) и наталната со моменталните транзити.

Владимир Путин натална со соларна карта

           Ова не значи дека очекувам бар едно шише водтка, поштарот да ми донесе на врата, да наздравам за неговиот роденден.

           Кога ќе се погледне неговата соларна карта (годишната), соларниот асцедент му е во 8-ма куќа (блокади и пречки).

           Таму му се наоѓа од втората половина на јули, август, септемви, а ќе биде скоро до крајот на октомври.

           Ова е одговор на неговата пасивна улога на светската политичка сцена овие месеци.

           Интересно е што и  транзитите во овој  период му се поклопуваат со соларната, Сонцето му транзитира низ 12 куќа (подсвест, непријатели) што му носи недостаток на енергија.

Крајот на октромври, со почетокот на ноември работите полека ќе ги земе во свои раце.

           Од крајот на октомври соларниот  асцедент (годишниот) излегува од неговата 8-ма куќа (блокади) и ќе почне да транзитира низ негова 9 куќа (странство) што зборува повторно ќе биде активен на светската политичка сцена.

Со почетокот на ноември и Сонцето ќе почне да транзитира низ неговата прва куќа (самата личност) што зборува дека енергијата му се враќа, работите повторно ќе ги земе во сво раце.

           Не би сакал повеќе да ги толкувам неговита натална со соларна и натална со транзити карта, тоа го оставам на неговите астролози и аналитичари.

           Не ги толкувам повеќе и од друга причина, место шише водтка да не испрати цел пакет, кој после алот ќе ми гледа.

           Да не заборавам, октомври месец е и месец на лидерите на СДСМ.

           Утре на 8-ми октомври роденден е на

лидерот на СДСМ и премиерот Зоран Заев а на 12 октомври на Бранко Црвенковски.

           Се прашувамкој прв поштар ќе стаса: оној со водтката или со шише струмичка мастика.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20