Меркур е ретрограден, може да донесе многу афери и скандали, хаос да направи во председателската кампања во САД, но и во Македонија……
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, внимавајте од 13-ти октомври до 4-ти ноември, Меркур ќе се движи ретроградно (повратен, неповолен од) во знакот Терезија до 28-ми октомври, а од 28-ми октомври до 4-ти ноември во Девица.
Веројатно се прашувате зошто да се внимава на ретроградниот Меркур?
Меркур е мала планета и по димензиите потсетува на Месечината. Најблиска е до Сонцето и во астрологијата е позната како гласник на боговите.
Во зависност од нејзината положба, може да дејствува негативно, а во аспект со Јупитер позитивно.
Меркур предизвикува постојани промени, непредвидливи.
Неговото ретроградно движење може да донесе многу непромислени потези, пресврти, скандали.
Како сето ќе се одрази на светската политичка сцена и кај нас, побарав одговор во говорот на планетите.
Меркур владее со знаците Близнаци и Девица.
Меркур е планета на интелектот, комуникативноста и литературата.
Неговиот дијаметар изнесува околу 5.000 км, а од Сонцето е оддалечен 58 милиони километри. Дневно минува приближно еден до два степена, а дванаесетте знаци на Зодијакот ги минува приближно за една година.
Меркур е симбол на пубертетот, браќата, пријателите. Создава добри говорници.
Меркуров ден е среда. Кај луѓето управува со дробовите, нервниот систем, рацете, цревата, памтењето, фантазијата, движењето на телото.
Ретроградното движење на Меркур може да донесе, многу поместувања на светската политичка сцена па и кај нас, многу штрајкови, бунтови, демонстрации.
Како што реков Меркур ќе се движи ретроградно низ Меркур во глобалната политичка сцена може да донесе мнлогу афери, како и пронлеми со дишните органи.
Ретроградниот Меркур кој започна да се движи ретроградно од 13-ти октомври започна и зголемувањето на заболени со корона вирусот.
Меркур како што реков владе со дишните органи, а корона вирусот токму плуќата ги напаѓа.
Ова зборува дека до средината на ноември, поточно до 4-ти ноември силно ќе делува и ќе треба да се обрне внимание на здравјето, промените на времето силно ќе влијаат.
Ретроградниот Меркур на председателските избори во САД може да предизвика многу пресврти, како и хаос.
Ова зборува дека не е случајно што председателот на САД Доналд Трамп ја тргна тајноста од мејловите на Хилари Клинтон, како и на негповиот Џо Бајден, неговиот председателски кандидат.
Не е исклучено ретроградниот Меркур во САД може да предизвика насилни протести и жртви, токму за време на председателката кампања, но и по неа.
Ретроградниот Меркур низ наталната карта на Република Македонија ќе транзитира низ нејзината 7-ма куќа, што зборува дека во јавноста можат да излезат многу афери и скандали, кои веќе од 13 октомври излегуваат.
Пример за тоа се финансирање со европски пари фризерница и тренирањее на магариња.
Треба да се внимава какви одлуки се донесуваат и какви дговори се склучуваат, треба да се одложат до 4-ти ноември.
Драги пријатели, имав намера да пишувам, како кај вас, во овој период ќе делува ретроградното движење на Меркур, но тоа нема да го направам од следните причини:
Ако пишувам за секој знак ќе треба буквално да пишувам дека сте исти знак и подзнак, дека Меркур ќе се движи из само една куќа, една област од животот, а може да се случи спротивно, во зависност од подзнакот.
Од тие причини кој е заинтересиран како ќе делува кај него ретроградното движење на Меркур, може да се информирате во редакцијата на списанието ХОРОСКОП, каде се изработуваат детални хороскопи….
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари
контат. тел 078 215 911