ЕКСПЕРИМЕНТИ СО ВРЕМЕТО
Пишува : Илија Бошков – Крајнички
Машината на времето е реалност! Првите и успешни испитувања, постојат уште од текот на август 2001 година, а се направени во Русија. Нејзината технологија, сеуште се чува во тајна. Познато е, дека, само апаратот има сферична форма и дијаметар од два метра. Наскоро светот го дозна името на првиот патешественик низ времето, а тоа е Иван Конов. За чудниот, невообичаен пробив, раскажува самиот откривач–раководителот на научно – истражувачкото здружение, наречено “Космопоиск” и јавниот истражувач на аномалните појави Вадим Александрович Чернобров.
Експерименталниот апарат бил испробан во горски реон на така наречените Мечкасти планини (крај Волгоград). Вадим Александрович Чернобров, чувствува, дека уште при инсталирањето на апаратурата, започнале да се случуваат “чуда”. Од внатрешноста на сферата се разнесол мирис на озон, што се чувствувал во радиус од 180 метра.
Ден подоцна, нивоата на радиоактивното лачење, окулу “машината на времето” скокнале шест пати повеќе. Само после деноноќието, радијацијата, замислете си, мистериозно исчезнала. Пред да се испроба апаратот врз живи суштества, раководената група, од Вадим Александрович Чернобров, решила да изведе чуден експеримент. Низ радиоапаратурата на бродот на машината, членовите на истражувачкото здружение “Космопоиск”, излачиле послание кон краиштата во реонот на Мечкастите планини. За време на радиосеансата од сфероидот се доловувале непознати пискливи звуци. После тоа облаците во небото, ја зеле формата на цифрата 289. Неколку минути покасно, помеѓу облаците јасно се појавила првата буква од грчката азбука “алфа”. Истражувачите не успеале да ги дешифрираат сигналите. Шест дена пред првото испитување на “машината на времето”, се појавила друга аномајлија. Часовниците на учесниците во експедицијата полуделе. Стрелките на часовниците им се движеле многу брзо нанапред, за неколку часа им избегале или пак воопшто престанале да се движат. Од необјасниви причини се изгубиле и датумите, што се наоѓале на екраните од мобилните телефони. Истражувачите, само успеале да се совладаат себе си и пристапиле кон дејствување. Првите суштества, избрани да учествуваат во експериментот со времето биле животни се разбира, како на пример: мачки, глувчиња и кучиња. Малкумина од нив останале здрави и живи. Од 31 лабараториски глушец, коишто опстојувале во аномалната зона, до почетокот на обидите останале живи, само шест. Четири гризачи издржале два часа во “машината на времето”, но демонстрирале неопислив страв. Следниот “патешественик” било куче, коешто се викало Лонохуд. После 108 минутен престој, животното успеало да го прегризе дното на капсулата и со очајно скаменото тело се струполило на земјата.
Се убедиле, дека ризиците при тестирањето на “машината на времето” се приемливи, па истражувачите решиле да ја испробаат и врз луѓе. Бевме навистина претпазливи, се доверува Вадим Александрович Чернобров.” Го избравме првиот патешественик во времето помеѓу дваесет претенденти. Неговата психа требаше да е дотолку стабилна(издржлива), дури и да стане сведок на Апокалипса, да може ладнокрвно да си ги одрази настаните во својот дневник. Тој е едноставно кажано хибрид помеѓу Ајнштајн и Шварценегер. За да се навикнат на тесното пространство во едномеражната соба, сите кандидати поминале низ “претходна подготовка”. Првиот испитувач во историјата на нашата цивилизација станал младиот Иван Конов. Го следеле уште осум души, вклучувајќи три жени и самиот Вадим Александрович Чернобров. Максималната продолжителност на тестовите достигнала 30 минути. Лилја, една од учесничките во експериментите, раскажала, дека неколку секунди после почетокот на обидот, таа почувствувала некаква промаја, божем самото “пространство” се завртело окулу неа. Пред очите и избувнала силна светлина и за миг видела пејсаж од минатото. Кога излегла од капсулата, девојката осетила неверојатен прилив на сили. Лилја поминала во машината само 15 минути. Но за тој краток период, времето се забавило со три проценти. Хронометарот поставен во внатрешноста на машината “изостанал” со две минути. “Тоа е ништожно мала големина, само неколку десетици секунди, но спротивно, тоа е првото реално достигнување на човекот, во неговите обиди, тој да управува со времето”, убеден е Вадим Александрович Чернобров.
Според Вадим Александрович Чернобров, аномални природни појави во врска со времето, како ненадејното преместување на луѓето во минатото и во иднината, забавувањето или дури “превртувањето” на одот на времето се сведоштво, дека минатото не е апстракција, туку реалност, којашто суштествува заедно со нештата. Паралелните светови се физичка реалност. Минатото, сегашноста и иднината, всушност, тие сите три суштествуваат истовремено. Само, кога зборуваме за иднината, за нас има множество веројатности и сценарија. Минатото, спротивно на иднината, тоа е едноваријантно и непроменливо. За нашите прадедовци ние сме “множина” и тие не знаат која од многубројните возможни судбини ги снашла нивните потомци. Но, за нашите правнуци, ние сме единствени, а животот веќе е “остварен и непроменлив настан”.
Тестовите на “машината на времето” продолжуваат, Вадим Александрович Чернобров предвидува, дека, ако преместувањето во времето се вдолжува до час и повеќе, испитаникот ќе успее да излезе надвор од касулата, да го разгледа местото, каде што се наоѓа и да раскаже за своето доживување. Но, тој допушта, дека патешественикот низ времето, може и да не го најде обратниот пат. Вадим Александрович Чернобров, упорно откажува да ја открие тајната на својот пронајдок, врз, којшто работи од 1987 година и тоа насамо, но признава, дека е вдахновен од обидите на рускиот астрофизичар Николај Козирев. Уште пред десетлетија, Козирев пронашол метални “огледала” со различна форма во коишто се променува одот на времето. Размерите на неговите “огледала” не се повисоки од 2-3 метра. Луѓето поминале извесно време во “огледалата” на Козирев, добивале страв, гледале НЛО и дури се набљудувале себе си во детството. Раководителот на истражувачкото здружение “Космопоиск” располага и со документацијата на уште 50 проекти на “машината на времето”, по којашто се работи во САД, Канада, Израел, Европа.
Како учените го коментираат експериментот на Вадим Александрович Чернобров?” Не знам, организацијата на машината на времето е изградена од Вадим Александрович Чернобров, но самото движење кон испитувањето на проблемот за управување на времето е “исклучително интересен”, обележува биофизичарот и парапсихолог Александар Дубров. “Според мене, патувањета низ времето се наполно реални. И минатото и иднината суштествуваат истовремено, независно од тоа, како располагаме со имагинативната оска на времето”. Александар Левич, доктор на биолошките науки и раководител на рускиот интердисциплинарен семинар по терминологија, исто така допушта, дека “машината на времето”, со организација на забавеното време, за неколку проценти е потполно реална. “Што се однесува до патешествијата во времето, досега во науката не е набљудувано нарушување на законот за каузалност. Смислата му се состои во тоа, што е невозможно да се сретнеме со себеси во минатото. Но, како е и дали, тој закон ќе биде демантиран во иднина, тоа не е јасно. Познати се случаеви на успешно предвидување на иднината. Но возможно ли е физичко суштествување на реалноста, којашто ја нарекуваме минато? Лично јас го допуштам тоа. И затоа верувам, дека патешествијата во времето се возможни”.
Споделете