СЕ ПРЕПУШТАТЕ ЛИ НА СУГЕСТИЈАТА?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

1. Црна мачка ви го сече патот, а вие:

а) без да се замислите продолжувате по патот

б) плукате три пати преку левото рамо и продолжувате

ц) ве обзема непријатно чувство, но сепак продолжувате

д) не и обрнувате никакво внимание на мачката

2. Ако видите хороскоп во весникот:

а) го пропуштате, никогаш не го читате

б) го прегледувате од љубопитство, без да ви прави особен впечаток

ц) го читате зашто верувте во претскажувањето

д) купувате весници и списаија, заради хороскопите

3. Вашиот однос кон разни гатчи, бајачи, гледачи е:

а) никогаш не ни ви паднало на памет да ги посетите

б) би сакале некогаш да одите

ц) случајно сте ги посетиле

д) ги посетувате редовно

4. Сте излегле од дома, но на половина од патот забележувате, дека сте заборавиле нешто, па мора да се вратите назад. Пријателот со вас ве моли пред да се вратите назад да погледнете во огледалце. Вашата реакција е:

а) “еј доста со такви глупости “

б) погледнувате во огледало, пред неговата желба, но не верувате во суеверија

ц) си помислувате: “може и да е прав, дај да погледнам. Ако не погледнам може да ме удри автомобил, којзнае”

д) “добро што ми напомна” ( Вие и сами секогаш погледнувате во огледалце, кога треба да се вратите назад. Дури и другите ги учите на тоа)

5. Сте добиле 50.000 евра на игрите на среќа:

а) си заблагодарувате сами на себе, што сте го купиле лозот и почнувате да ги трошите парите

б) си заблагодарувате сами на себе, но признавате, дека сепак сте имале среќа

ц) уверени сте, дека зад среќата стои некоја виша сила, која ве избрала вас

д) се плашите, поради добивката (зашто после таков успех, сигурно следи некоја несреќа)

6. Вашиот однос кон црквата и религиозните собранија е:

а) не ги посетувате никогаш

б) ги посетувате ретко (еднаш до два пати во годината)

ц) ги посетувате често (секој месец)

д) ги посетувате многу често (секоја седмица или скоро секој ден)

7. Вашето дете тврди, дека во сонот ја видело баба си умрена. Вие:

а) му кажувате: “тоа е зашто, касно си легна да спиеш”, зашто не верувате во соништа

б) не верувате во соништа, но сепак и се јавувате на вашата мајка по телефон

ц) ве измачува лошо претчуство следните неколку дена и покрај тоа што секојдневно и се јавувате на вашата мајка

д) лошото претчуство ве измачува веќе неколку недели пред сонот на детето, преку целото време очекувате да се случи најлшото

8. За време на сончевото затемнување, август 1999 година :

а) си ги вршевте своите вообичаени работи, како да нема затемнување на Сонцето

б) ве опфати мала тревога, претпочитавте да останете дома “ за секој случај “

ц) бевте исплашени, претходната ноќ не спиевте и се помоливте сите ваши да бидат дома за време на затемнувањето

д) доживеавте напад на паника, пред тоа бевте во црква, се молевте и целиот ден останавте дома

9. Вашата реакција при непријатна вест (сте паднале на испит, сте загинале пари…) е:

а) нема ништо, на секој му се случува, ќе преживеам (ќе го положам испитот, ќе заработам други пари, ќе најдам нова работа)

б) ги обвинувате другите луѓе, “ човечката подлост “, сметате, дека не е на арно

ц) ги обвинувате сите за вашата судбина

д) сето тоа го примате спокојно, “од судбината не можеш да избегаш “

10. Вашите омилени книги се:

а) енциклопедии, речници, специјализирана литература

б) сериозната уметничка литература

ц) љубовни романи, фантастика

д) источните учења, гатања, соновници

Резултати: За ској одговор под а) – 4 поени, б) – 3 поени, ц) – 2 поени, д) – 1 поен

ПОВЕКЕ ОД 35 ПОЕНИ -МАТЕРИЈАЛИСТКА –

Вие припаѓате на среќниот тип “ рационалисти “, кои секогаш се раководат од својот разум. Се сметате себе си за творец на вашата судбина. Не верувате во виши сили или сметате, дека не се машаат во вашата судбина. Вие сте достигнале или се стремите да достигнете успех во општеството. Во љубовта го цените физичкото задоволство, ги сакате водените процедури, воздушните бањи, спортот. За вас е картактеристичен здравиот начин на живот.

СЛАБИ ТОЧКИ: Вие сте малку посилни од другите, но само до моментот, до кога се владеете себе си. Ако вашите чувства некогаш излезат надвор од контрола (има жешки ситуации, за кои вашиот разум може да се покаже слаб ) за долго време ќе паднете во очај и депресија. Други потпорни точки освен сопствениот ум, вие немате.

ОД 25 ДО 35 ПОЕНИ -СЕ СОМНЕВАТЕ-

Вие припаѓате на најраспространетиот тип, во кој сепак преовладува здравиот разум. За разлика од матријалистите, овој тип не е толку уверен во отсуството на виши, таинствени сили. Ако припаѓате на овој тип луѓе, вие може случајно да се најдете кај јасновидец, да прочитате хороскоп, да ја ислушате пријателката, која сака да се исповеда. Но, во вас секогаш има опредеена доза иронија. Вие едноставно немате свој став, но и не ни сакате да имате. Вие им се посветувате на животот, децата, работата, домот и не верувате наполно во она во што веруваат другите.

СЛАБИ ТОЧКИ:

Се јавуваат како продолжение на вашата сила, вашата дејственост. Вие не му верувате така безусловно на својот разум, како материјалистите. Затоа понекогаш не знаете, како да постапите: да верувате или да не верувате? Во тешки моменти ожете да попуштате на влијанието на сугестијата и да преминете во луѓето од следниот тип. Во љубовта се колебате помеѓу душата и сексот, што може да предизвика многу комплекси во вас.

ОД 15 ДО 25 ПОЕНИ -ВЕРУВАТЕ-

Вие верувате, дека вашата судбина се наоѓа во рацете на таинствените, виши сили. Вие можете да бидете православни, баптисти, католици или едноставно да верувате во атролози, гледачи, јасновидци. Материјалното во вашиот живот нема големо место. Вие запазувате некои општествени норми. Вашата карактерна црта е тревожност. Тоа е заради тоа што вашата верба не е апсолутна.

СЛАБИ ТОЧКИ: Во сложени ситуации, вие повеќе се раководите од емоциите, отколку од разумот. Вас ве завладуваат стравови, што при еден разумен пристап не би се појавиле. Вие си ги претсатвувате последиците од ужасот, кои никогаш не се случуваат. Прибежиште од тие стравови за вас е токму вашата верба.

ПОМАЛКУ ОД 15 ПОЕНИ -МИСТИК –

Вие сте длабока интровертна (затворена во себе) личност. Непрекинато имате претчувства. Многу е возможно во детството вашата психа да била трауматизрана. Имате чувство, дека вашиот внатрешен свет е пореален од надворешниот. Околу себе непрекинато гледате “знаци”, “симболи”, опасности. Мислите, дека целосно подлежите на волјата на вишите сили. Љубовта ја доживувате, како соединување со космосот. Но, во животот не ви оди.

СЛАБИ ТОЧКИ: Вие можеби сте и премногу умни, но во вашиот живот разумот, игра скоро незначителна улога, што ви создава проблеми. Понекогаш не ве разбираат ниту најблиските. Вие можете да бидете многу зависни од човек со силно биополе, кој што ќе започне да се занимава со вашата душа. Вашето внатрешно ЈАС има кај вас големо влијание. Тоа секогаш е многу опасно. Во никој случај не затворајте се во круг на луѓе од вашиот тип и консултирајте се со психотерапевт.

Подетално за вашиот карктер и што ве очекува, можете да се информирате во РЕДАКЦИЈАТА – каде се изработуваат ХОРОСКОПИ СО ПРЕДВИДУВАЊЕ

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ со предвидувања

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари

контат. тел 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20