Дали Заев го дисциплинира Мицковски преку Митко Јанчев (видео), градоначалникот на Кавадарци, поранешниот потпредседател на ВМРО ДПМНЕ…..
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Слатко се смеев гледајќи го интервијуто на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и поранешен потпредседател на ВМРО ДПМНЕ, во емисијата „во центар“ на Васко Ефтов.
Мора да признаам дека емисијата на Васко Ефтов ја постигна целта, го натера гостинот во целост да се разголи.
Останав без текст кога го натера да си признаее дека од кабинетот ја остранил сликата за стреланите од Ваташа, „веројатно да не го наруши“ договорот за „собросоство“ со Република Бугарија.
Во емисијата си призна дека имал бизниси со Заеви.
Веднаш по локалните избори, јасно кажав дека градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев избран е со со „амин“ на премиерот и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
На локалните избори ВМРО ДПМНЕ дожевеа катастрофа, имаше „4-ри“ градоначалници: Кавадарци, Илинден, Сопиште и Зрновци (инаку мое родно село, сега општина).
Само за потсетување, за време на локалните избори сегашниот градоначалник на Кавадарц, кога беше „приведен’ во полиција, место да се јави на Никола Груевски или Христијан Мицковски се јави на премирот и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Неговата најава за протести пред зградата на ВМРО ДПМНЕ за смена на лидерот на ВМРо ДПМНЕ е да се дисциплинира Христијан Мицковски.
Ова е добар дриблинг на премиерот и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Индеректно го опоменува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, да не скока многу, дека натаму треба да си игра улогата на „конструктивна опозиција“.
Се прашувам која „конструктивност ќе биде следната на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски?
ВИ предлагам, внимателно да ја погледнете емисијата „во центар“ на Васко Ефтов, со градоначалникот на Кавадарци и поранешниот потпредседател на ВМРО ДПМНЕ Митко Јанчев.