Љупчо Ристовски (видео): Мицковски ми кажа „Јас сум уценет човек, од мене не очекувајте ништо.. Во моментот има взаемно против тужби на Ристовски и Мицковски, за нивните взаемни изјави…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Драги пријатели, повторно ВИ посдтирам емисија „во центар“ на Васко Ефтов.

           Целта на емисијата, која добро ја анализирав, да ја најдам причината на пасивноста и конструктивноста на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

           Пред да започнам да ја анализирам емисијата би сакал да му укажам на водителот на емисијата Васко Ефтов, дека циничното однесување кон гостинот, не е дел од новинарскиот кодекс.

           Тоа го правеше и во минатото гостување на Љупчо Ристовски, лидерот на „Интегра“ Љупчо Рисотовски тогаш го нарекуваше „попче“, постојано потенцирајќи тогаш и сега неговата вероисповест.

           Само да го потсетам г-динот Васко Ефтов!

           Покојниот председател Борис Трајковски, кој беше протестански свештеник, ниту еден новинар во тоа време и по неговата смрт него нарече „попче“!

           Исто така го нарекуваше „македонецот од Крушево“ Петар Богоевски во нивната преизборна дебата. Кој освои само 3-ри гласа на неговото избирачко место.

           Не знам, дали на водителот на емисијата „во центар“ Васко Ефтов му е познато, дека неговиот гостин во емисијата Љупчо Ристевски има два докторати: по теолошки науки, како и по политички науки, дека е универзитетски професор.

           Да поминам на анализата на емисијата, особено на изјавата која ја дае гостинот Љупчо Ристевски:

           На средбата со Мицкмовски што ја имавме, Мицковски ми кажа:

           Јас, сум уценет човек, како и моето семејство, од мене не очекувајте ништо“!

           Не навлегувам во веродостојноста на изјавата, тоа сами ќе си докажуваат на суд, но многу факти зборуваат дека има доста вистина во тоа.

           Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски за време на потпишување на договорите со Бугарија „за добрососетво“ ниту за време на потпишување на договорот со Грција „преспанскиот договор“, како и за време на уставните промени и името, не го изведе народот, ниту членството и симпатизерите на ниту еден протест.

           За потсетување со „помош“ на пратениците на ВМРО ДПМНЕ се отвори уставот и се смени уставното име, покрај неуспешниот референдум.

Неговите „протесни маршеви“, подобро кажано екскурзии по Македонија ги нарекува протести.

           Г-дине Христијан Мицковски, протести се прават пред сообрание и пред влада, а не на прошетки низ Македонија, затоа ги изгувите неколку изборни циклуси, македонскиот народ стави знак на равенство помеѓу вас и лидерот на СДСМ г-дин Зоран Заев.

           Гостинот Љупчо Ристовски изнесе и една информација, дека Мицковски само му го „чувал лидрското место на Никола Груевски“.

           Ако е така „навистина добро“ му го чува: Го избриша од новиот статут, партијата ја донесе пред расцеп и поделба на фракции, од кои повторно ќе се родат нјови сателит партии.

           Тука се поставува прашањето дали и во „белата палата“  ќе може да влезе повторноНикола Груевски, ако уште некоја година престојува како азилант во Унгарија.

           „Белата палата, ако не се лажам Никола Груевски сам ја стави под хипотека во Комерционална банка за кредит на партијата, а беа на власт.

           Не сум запознаен дали и одмрзнат и имотот на партијата, кој го замрзна СЈО, кој во моментот пречи да се продаде „Белата палата“, како што вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

           Да не зобаравам, во моментот лидерот на ВМРО ДПМНЕ го тужи Љупчо Ристовски за неговата изјава.

           Од друга страна Љупчо Ристовски лидерот на „Интегра“ го тужи лидерот на ВМРО ДПМНЕ за лажното обвинување од страна Христија Мицковски за финансирањето на „Интегра“.

           Вреди внимателно да го погледнете интервијуто, кое Васко Ефтов го направи со Љупчо Ристовски, во емисијата „во центар“.

  

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20