Величко Димитров Керин (филм), познат како Владо Черноземски е бугарски терорст, по убиството на српскиот крал Александар Карџорѓевиќ во Марсеј, србите се осветуваат на македонското население, бидејќи се преставувал како македонец….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Се згрозив гледајќи го филмот за убиството на српскиот крал Александар Караџорџевуиќ во Марсеј во 1934 година, од страна на „Владо Черноземски“, по што настрадалоо македонското население како освета.
Не се згрозив од филмт што ви го постирам со текстот, се згрозив од вистината која ја дознав од филмот.
Најмногу се згрозувам на моменти кога ја слушав песната како наводно „Владо Черноземски“ убивајќи го српскиот крал Александар му вели:
„Еве ти ја Македонија“
Уште повеќе се загрозив кога по филмот побарав податоци за „Владо Черноземски на гугол!
Еве што гугол одговори:
Величко Димитров Керин, повеќе познат под својот псевдоним Владо Черноземски — македонски[1] револуционер и терорист од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење во првата половина на XX век, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација. Черноземски е познат атентатор, приврзаник на терористичката тактика, која била карактеристична во овој период за Организацијата. Останува запаметен во историјата како атентатор на кралот на Југославија, Александар I Караѓорѓевиќ во 1934 година. Помеѓу неговите жртви се Димо Хаџи Димов и Наум Томалевски. Познат е и по псевдонимот Владо Шоферот, како и Петар Келеман, името со кое престојувал во Марсеј
Читајќи овој дел на биографијата на „Владо Черноземски“, како аналитичар забележав дека некој бугорофил го пишувал ова.
Како може да биде бугарски терорист македонски деец и револуционер, кој меѓу другите го убива Димо Хаџи Димов?
Черноземски е Бугарин по потекло.[2] Тој е роден во 1897 година во семејството на Димитар Керин и Риса Балтаџиева од чепинското село Каменица, денес населба на Велинград. Завршил трокласно училиште во своето родно село. Како млад имал склоност кон алкохолот, но подоцна целосно се воздржувал од пиење и станал вегетаријанец. Величко служел како војник најпрво во Пловдив. Учествувал и во Првата светска војна, тогаш служел во инженерските сили. Бил ослободен од воена служба во 1919 година.
Една година подоцна се оженил. Работел како шофер и часовничар. Во 1923 се родила неговата ќерка Латинка. Во 1925 година се развел. Подоцна повторно се оженил и живеел во Софија до 1932, кога исчезнал од Бугарија и му се губи секоја трага.
Черноземски е идентификуван во 1934 година по ексхумација на телото на дотогаш непознатиот атентатор од Марсеј.
Авторот на биографијата заборавил да каже дека е платен убиец на Ванчо Михаилов, кој бил под заштита на Мусолини во Италија.
Во 1930 година го ликвидирал Наум Томалевски, еден од водачите на Протогеровистите.
Черноземски по вторпат е осуден на смрт, поради убиството на Томалевски, но во 1932 година тој бил помилуван поради блиските односи на Иван Михајлов со бугарските власти и дворот.
Во меѓувреме, во 1929 година во Бугарија, на покана на ЦК на ВМРО е Анте Павелиќ. При оваа посета бил склучен договор за заедничка борба за извојување на независна Македонија и Хрватска.
Тука авторот заборава да каже дека Ванчо (Иван) Михаилов сам им го понудил на хрватската дијаспора „Владо Черноземски“ за да го ликвидираат кралот Александар.
Сето ова зборува дека бугарскиот терорист „Владо Черноземски, не никаков македонски ревулуционер или деец, туку платен убиец на бугарскиот двор, во служба на Ванчо Михаилов, кој се лажно преставувал како македонец.
Единствена личност за која може да разговара комисијата за историја македонско-бугарската е Величко Димитров Керин, познат како „Владо Черноземски“ – кого во целот можеме да им го подариме, во пакет со Ванчо Михајлов