Тајни, окултни сознанија: Астрологијата и кармата…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Астрологијата е древна наука. Не помалку древен е и поимот карма.

Тој постои и во индиската филозофија, не помалку од 5.000 години. Кармата и судбината за кои што зборува астрологијата се тесно поврзани меѓу себе.

Кармичката астрологија пред се го анализира наследството од минатите инкарнации.

Однесувањето на човек кон многу нешта во животот е определено од тие инкарнации.

Кармата е закон на природата, таков каков што е на пример законот за привлекувањето.

Од него не може да се избега, тој е неумолив.

Законот за рамнотежа води до неизбежни последици; таков е принципот на работа на тој закон. “Што ќе посееш, тоа ќе жнееш”, такво е библиското формулирање на тој закон за кармата.

Светот живее по законите на кармата, и секоја причина после себе води соодветни последици.

Човекот сам создава се што се случува со него. Индиското учење разликува три видови карма: Зрела, Скриена, Кармашто се заработува.

Зрелата карма веќе е готова за жетва и затоа е неизбежна. Слободата на изборот била во минатото, изборот е направен, останува само да се исплати својот долг.

Една од пројавите на зрелата карма е да се претстават постапките што може да се наречат неизбежни.

Од тоа следи дека нашите скриени мисли совршено ја определуваат нашата волја и моментот на нејзиното исполнување е само прашање на време.

При таа ситуација, човекот нема избор, изборот бил направен во минатото, кога тој посеал, а сега останува да се соберат плодовите.

Скриената карма е втемелена на причините кои што постојано се појавуваат во нашите мисли, желби и постапки, кои што често пати се толку многу противречни, и не можат да се остварат реално истовремено.

Може да има и кармички долгови на одредена нација или одредена општествена група.

Скриената карма може да се пренесе од една инкарнација во друга и долго да остане погребана, за да оживее и да донесе плодови – слично на зрна, кои што се наоѓаат во египетските саркофази – штом ќе се појават сите неопходни услови.

Третиот вид – карма што се заработува, се темели на тоа што целата наша судбина се формира од нашите постапки.

Не треба да се заборави дека нашите инкарнации се бескрајно разнообразни.

Се што сме го мислеле, претчувствувале и направиле во текот на денот, ќе резултира во нашата дневна карма, која може да биде и добра и лоша.

Поставувајќи ја во чашата на нашата општа карма, ќе се покаже дека дел од нашите лоши пројави ќе се урамнотежат со добри, но таа дополнителна тежина, која што ја наклонува чашата кон добро или лошо, ќе се запази во летописите на нашата судбина, а се останато ќе угасне.

Ете зошто активниот човек има многу повеќе шанси да ја промени својата карма отколку пасивниот.

Има случаи кога во минатото се натрупала многу лоша карма, та сите усилби на човекот да се оттргне од ивицата на бедата изгледаат многу безуспешни.

Но, тоа така изгледа само на прв поглед. Секоја заложба е насочена кон подобрување на лошата карма… останува силата на нејзиното спротивставување.

Да ги земеме на пример проблемите со парите.

Кармата на еден човек бара од него беда и лишувања, тој прави усилби да печали вложувајќи многу голем труд, но одново губи се добиено и пак почнува од почеток.

Видливата несреќа на тој човек може да продолжат до неговата смрт, но таа невидлива лабораторија во која што се создава нашата иднина, неговите усилби, си го направиле своето; тие ја ослабеле силата на спротивставувањата на лошата карма, и ако тој победил во тој преплет ќе победи и иднината, и безусловно, ќе стане богат.

Иста е и ситуацијата со пороците, борбата која што може да изгледа неуспешна.

Законот за кармата објаснува дека во таа борба главното значење не е толку во видливата победа, колку што е во ослабувањето на лошите сили што доаѓаат од минатото.

Ете зошто не треба никогаш да креваме беспомошно раце и да велиме:јас не можам да се изборам со своите проблеми и слабости.

Неопходно е постојано да се борам, зашто секоја нова усилба насочена кон лошите навики ги поткопува нивните сили, и во идната инкарнација лесно ќе се справам со нив.

Треба да напоменеме дека ниту една добра усилба на човекот не е залудна, секоја гасне честици од неговата кармичка тежина.

Друга непожелна работа што ја прават луѓето што ги усвоиле злите закони за кармата, кои што се изразуваат во мислата дека “не е добро да му се помогне на оној што страда, а вината за неговите страдања е во самиот него и во неговата зла карма”.

Таква мисла може да доведе до студенило и себичност, а всушност таквиот човек не се чуствува сигурен.

Потполно точно е дека сме обиколени од зло и страдања од секаков вид, кои се јавуваат како природен резултат на лошата карма на луѓето, но тоа не е никаква причина да не се спротивставиме и да правиме усилби за спротивставување на тоа зло.

Лошите мисли и постапки го заменуваат страдањето со среќа.

И, нам не ни е наложено да се грижиме за исполнувањето на вишата правда. Таа ќе ја изврши својата пресуда и без нас, а ние мора да го помниме нашиот долг – а тоа е да му помагаме на секој кој што е во нашата сфера и е под наше влијание.

Откако човек ќе потпадне под наше влијание, својот долг тој ќе го плати преку страдања, а нашиот долг ние ќе го исплатиме со тоа што ќе му помагаме нему.

Дури и од егоистична гледна точка, неопходно е да им помагаме на луѓето што се во беда и оние кои страдаат, зашто пропуштајќи ја можноста да им ги олесниме страдањата, можеме да си создадеме таква карма што ќе донесе и ние да не добиеме помош во тешки моменти.

Кармата не му пречи ниту на едно добро дејство. Нејзините закони дозволуваат подобрување на нашата сопствена судбина, а исто така и подобрување на судбината на нашите блиски.

Кармичка астрологија

Кармичката астрологија се занимава со определување на главната задача на инкарнацијата на некој човек.

Целата информација дадена во хороскопот е онаа спечалената, се она што човек го натрупал при сите инкарнации на Земјата.

Хороскопот исто така го раскопува потенцијалот, целиот раскош на можности и различни варијанти на животи што можеме да ги доживееме.

Еве и неколку интересни примери:

Еден човек-месечар при таа состојба почнал да зборува за некакво негативно религиозно искуство.

Подоцна се покажало дека во својот претходен живот тој бил погубен од црквата.

И кога ги анализираме хороскопите на многу атеисти и критичари на црквата, може да откриеме дека во некое време тие настрадале од неа.

Таков аспект откриваме кај Ленин – како што е познато, тој ги презирал црковните дејци. А во претходниот живот, бил мачен од инквизицијата.

Преку астролошки методи можеме да ги одредиме претходните инкарнации.

Можеме да определиме и во што последно човек се инкарнирал, и со што се занимавал.

Ако Напредниот јазол е под влијание на Месечината- тој човек загинал за време на несреќен случај; под влијание на Марс – можеби го убиле; под Уран – можеби бил многу смел или сам му ставил крај на сопствениот живот.

Во хороскопот на Хитлер, напредниот јазол бил под Уран. Има основи и да претпоставиме дека и во претходниот живот, како и во неговиот, Хитлер се „самоубил“.

Слично е и со позитивната карма – ако влезниот јазол е во хармоничен аспект со Сонцето, човекот заземал висока општествена положба. Може и да бил цар или управител. А тој што во претходниот живот бил управител, можеби тоа ќе биде и во следниот.

Кармичкото сеќавање му укажува како да управува и како да владее на најефективен начин. Таквите луѓе многу брзо се искачуваат по социјалниот стоб – стануваат раководители, претседатели.

Претседателите во минатите животи биле императори или цареви. Оној што во претходниот живот не бил некој значаен, исто ќе биде и во овој, и ќе треба да мине долг пат за да придобие кармичко искуство.

Во ваков случај е можно напредување, но не е можно тоа да се случи моментално.

На пример, на уметникот за да биде генијален му биле нужни не едно туку две воплотувања (инкарнации_ за да го развие своето мајсторство.

Постојат дванаесет кармички задачи, според бројот на хороскопските знаци во хороскопот.

Тие се определуваат од положбата на Месечината во јазол со знаците на зодијакот.

За секое ново воплотување јазолот се преместува во наредниот хороскопски знак, но во обратна насока.

Се менува и кармичката задача, што повлекува и промена на дејствата. Така преминуваме преку сите задачи.

Хороскопот се толкува во зависност од кармата, од социјалните услови, од нивото на културата.

Што се однесува до слободната волја пак, прашање е што човек може да искористи од својата слободна волја, кога нема претстава за сопствената иднина?

Тоа е исто како да се движиме во темнина без запалени фарови.

Астрологот, како проектор, му го осветлува патот на човекот.

И токму во тоа осветлено пространство од животот, човек може да ја користи сопствената волја.

Донесувањето едно или на друго решение е исто така донекаде предопределено, и астрологот може да го види.

Универзумот, влијаејќи на астралното тело, предизвикува во човекот определени желби, намери, интереси, наклонетости, состојба на вљубеност.

Астрологијата може да претскаже дури и кога човек ќе започне љубовна романса, колку длабока ќе биде таа.

Замислете си ја следнава ситуација: астрологот му претскажува на семеен човек љубов во иднина.

Тој човек претходно е информиран за ситуацијата и таа не го затекнува неподготвен. И тогаш се појавува можност за избор.

Човекот знае дека тоа е програма за она што е можно, дека не е задолжително да се разрушува старото семејство за да се создаде ново. И тој сам донесува решение.

Астрологот може да го предвиди и решението што човекот ќе го донесе.

На пример, има три астролошки решенија кои што укажуваат на развод, а тоа значи дека е многу веројатно човекот да се разведе.

Астрологијата го предупредува човек за можните опасности, болести, несреќни случаи. Таа зборува и за благопријатните можности за коишто треба да се подготвиме и да ги искористиме максимално.

Може да има многу такви ситуации, но може и да недостасува готовност да ги искористиме потполно.

На пример, творецот знае кога ќе има најблагопријатен период за творечки постигнувања. Тој, се разбира, може да работи постојано, но реализацијата на неговото творештво ќе биде мексимална доколку постојат определени космички услови.

Знаејќи го тоа, во посочениот период, тој може да добие и добар резултат.

Но, често се случува и човекот што добил прогноза од астролог пасивно да чека да се случи тоа што му е кажано.

Се разбира, се зависи од нивото на развој на конкретниот човек.

Со сето тоа, астрологијата навлегува во животот на човекот, а тој се повеќе ќе осознава дека има некаков програмиран дел од судбината, но и можност да се издигне и да се ослободи од неа.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20