ТАИНСТВЕНИ СОЗНАНИЈА: ПРЕДВИДУВАЊЕ ПРЕКУ ТРЕПЕРЕЊЕ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Многу од деловите на телото некогаш ни даваат знак по кој што може да се ориентираме во дадена ситуација. А тоа чувство што го создаваат тие всушност е плод на претскажувачко сознание.

Мнозина од нас сме го искусиле тоа чуство, и понекогаш веројатно сме се прашувале на што не предупредува тоа, а некогаш можеби и сме сфатиле за какви всушност предупредувања станува збор.

Ако ти затрепери врвот на главата – ќе се соочиш со своите непријатели, но ќе излезеш од тоа здрав и неповреден.

Темето на главата од левата страна – те очекува веселба.

Челото – ќе слушнеш лоши вести.

Тилот – ќе те разжалости лоша вест.

Средината на главата – ќе доживееш патешествие.

Десната страна на челото – некому ќе му сториш добро.

Левата страна на челото – се што си почнал ќе го доведеш до добар крај.

Ако ти ѕуни (зуи) левото уво – ќе слушнеш лоша вест.

Ако ти трепери левата веѓа – те чекаат мали непријатности.

Ако ти трепери десното око – она што го планираш ќе се оствари.

Ако ти затрепери левото око – силно ќе се јадосаш, но ќе ти помине бргу.

Долната клепка од левото око – чекај поткрепа од влијателен човек,

Ако ти трепери грлото од двете страни – голема печалба.

Десно рамо – те чека добро здравје.

Лево рамо – навреда од близок пријател .

Десен лакот – победа над силен непријател.

Лев лакот- ќе добиеш големи почести и Ќе забележиш победа.

Целата околина на левото око – те чека радост.

Ако целиот нос ти истрпне – унапредување на работа.

Горниот дел на десната рака – пријатни новости.

Левата рака – почести и слава.

Големиот прст на десната рака – остварување на твоите надежи.

Вториот прст на десната рака – клетви на твоја адреса.

Третиот прст на десната рака – ќе дадеш помош на несреќно семејство.

Четвртиот прст на десната рака – лоша вест.

Малиот прст на десната рака – чувај се од предавство.

Десниот образ – ќе бидеш нападнат од разбојници.

Левиот образ – тага по загубен пријател.

Горната усна – весел помин со пријателите.

Ако ти треперат двете усни – запознавање со нови пријатели.

Брадата – ќе добиеш полезни совети.

Десната дланка – ќе сториш нешто богоугодно.

Големиот прст на левата рака чувај се од непријателски напад.

љВториот прст на левата рака – ќе се расправаш или ќе се судиш со некого, но набргу ќе се смирите.

Третиот прст на левата рака – те чека долг пат.

Четвртиот прст на левата рака – информација од далечни места.

Малиот прст на левата рака – ќе најдеш пари што се загубени, но за брзо време ќе ги потрошиш.

Десната мишка – пофалби на твоја адреса.

Горниот дел од градите – средба со саканиот човек.

Целите гради ако ти треперат – ќе се здобиеш со пари за кои што не си морал да се мачиш.

Десниот дел од градите – нема да отидеш таму каде што си планирал….

Левиот дел од градите – ќе добиеш пофалба од човек на висока позиција.

Левата страна на утробата – те чека висока служба.

Ако ти затрепери папокот – радост и голема печалба.

Десното колено – те чека ново големо богатство.

Коленото – непријателите ќе те озборуваат.

Жилата на левата рака – разделба со близок човек – засекогаш.

Десното бедро – ќе најдеш пари во земја, но ќе бидат проколнати.

Левото бедро – те чека долго патување со пријатели, од кое што ќе се вратиш со брачен другар, здрав(а) и богат(а).

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20