Имате ли среќа во животот (тест)?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Сигурно некогаш сте се запрашале зошто на некои луѓе се што ќе замислат им се отстварува и секогаш си ја постигнуваат целта, додека пак други жнеат неуспеси до крајот на животот?

Што да се стори за да Ви се насмее среќата и за да можете да постигнете барем половина од она по коешто мечтаете?

Доколку често си задавате прашања од овој вид, можеби овој тест ќе Ви ги даде вистинските одговори.

1. Во непознато друштво некој, погодувајќи колку сте стари, кажува помала возраст. Како ќе реагирате:

а) Ќе го прифатите тоа како комплимент;

б) Ќе си помислите дека можеби точната возраст ја знаел, а намерно не ја кажал;

в) Ќе се пошегувате дека сте доволно умна за својата возраст;

г) Нема да обрнете внимание на тоа.

2. Во какви редици најрадо застанувате:

а) Таму каде што има ведри луѓе со коишто ќе може да се запознаете;

б) Воопшто не застанувате во редици, па затоа одите на друго место каде што ќе може да испазарувате побрзо;

в) Постојано налетувате на редици во кои стоката што се продава ќе се потроши токму пред Вие да дојдете на ред;

г) Онаму каде што на касата има сонлива касиерка.

3. Кога дома ѕвони телефонот, и Вие ја кревате слушалката, првата работа што ќе ја кажете е:

а) Слушам;

б) Ало;

в) Здраво;

г) Да.

4. На што помислувате кога ќе го чуете зборот „спорт”:

а) Здравје, крепкост;

б) Набиеници и повреди;

в) Тешки тренинзи;

г) Победи, награди.

5. Што ќе направите за да се спасите од агресивен обожавател:

а) По којзнае кој пат ќе го одбиете;

б) Ќе измислите некое оправдание што не можете да му одвоите време;

в) Ќе му предложите да излезете во некоја друга прилика – но не затоа што тоа го планирате, туку за да го „откачите”;

г) Агресивно ќе му се заканите да Ве остави на мир.

6. Како се однесувате ако на Вашата пријателка не & се допадне некое ново парче од Вашата гардероба:

а) Нема да обрнете внимание, важно е Вам да Ви се бендисува;

б) Ќе се изнервирате;

в) Ќе си речете дека таа само Ви завидува;

г) Ќе почнете да ја убедувате дека наскоро сите ќе почнат да одат облечени како Вас.

7. Кога јадете намачкана кришка леб, и таа Ви паѓа, тогаш паѓа:

а) Со намачканото горе;

б) Секогаш ја држам цврсто и никогаш не ми паѓа;

в) Со намачканото доле;

г) Не ми е гајле како паѓа.

8. Би сакале да личите на:

а) Барбра Стрејсенд;

б) Настасија Кински;

в: Деми Мур;

г) Мерилин Монро.

9. Се обидувате да уфрлите топче хартија во корпата за отпадоци. Каков е резултатот:

а) Колку и да се обидувам, не успевам да погодам;

б) Еднаш од десет пати ќе погодам;

в) Успевам уште од првиот пат;

г) Нема ни да се обидам, знам дека нема да успеам.

Сега видете колку бода носи секој Ваш одговор, па соберете ги за да видите во која група припаѓате и што би требало да правите во иднина:

Бодирање на одговорите:

1 2 3 4 5 6 7 8 9

а) 1 4 2 3 3 3 4 3 2

б) 3 3 1 1 4 1 3 1 3

в) 4 1 4 2 2 2 1 4 4

г) 3 2 3 4 1 4 2 2 1

Резултати на тестот:

Од 36 до 30 бода:

Слободно може да се каже дека се во животот Ви врви релаксирано, и во се успевате од прв пат. Но, не смеете да заборавите дека сепак се зависи од Вас. Сепак, верувајте во успехот и настојувајте да останете весели и релаксирани во секоја ситуација, па дури и во оние посебно тешките.

Од 29 до 20 бода:

 Благодарение на својата упорност и на трудољубивоста честопати сте успешни, и покрај тоа што понекогаш има малку непријатни периоди на неуспех. Но, понекогаш целата работа пропаѓа поради Вашата претерана самоувереност и тврдоглавост. Обидете се да бидете подипломатични и ќе видите дека работите одеднаш ќе почнат полесно да Ви одат од рака.

Од 19 до 13 бода:

Претерано сте се отпуштиле, а и некако работите ги водите во неправилна насока. Застанете и подразмислете зошто постапувате како што не треба. Со овој ритам не можете да се ориентирате и да увидите правилно што се случува околу Вас. Обидете се да си ја смените тактиката – и тоа целосно!

Под 12 бода:

Претерано сте агресивни и нетрпеливи, и навистина не треба да им завидувате на оние на коишто им оди подобро отколку на Вас. Преиспитајте си ги од корен позициите на коишто сте сега и обидете се да разберете што се случува со Вас и околу Вас – и, впрочем, зошто работите стојат вака! Немојте да очајувате ако нешто не Ви оди во животот. Подобро само насмевнете се, извлечете поука и обидете се да почнете отпочеток. Наскоро ќе Ви тргне.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20