ВЕЖБИ: РАЗВИВАЈТЕ ЈА ИНТУИЦИЈАТА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Секому од нас му е позната појавата на “необјасниво чувство”, “некакво претчувство” или “моментно светло”, кои во одреден момент се обиделе да ни наговестат дека решението кое сакаме да го донесеме е исправно или целосно погрешно.

Тие сигнали ја претставуваат нашата интуиција, “внатрешното сознание” кое доаѓа на површина, секогаш на некој необичен и зачудувачки начин.

Ако посветиме внимание на неа, интуицијата може да ни биде од голема помош, како моќно оружје за усогласување на нашите одлуки и за одржување на нашиот живот на вистинскиот колосек.

Иако интуицијата се јавува спонтано, таа може да се развива, како и мускулите, со помош на вежби.

Интуицијата е внатрешниот систем кој управува со нашите постапки, кој функционира како радио станица.

Интуицијата ни испраќа сигнал, а ако сме наместени на таа фрекфенција, ние ќе ја примиме пораката.

Сигналите, всушност, се знаци, слики, чувства, физички сензации, спонтани мисли, а понекогаш и надворешни појави.

Постојат три основни вида интуитивност: ментална, кинестетичка и емоционална.

Пример за ментална интуиција е кога одеднаш ќе ни прелета мисла низ главата, додека работиме на некој проект.

На пример: “Треба да се јавам во печатницата”. Иако знаете дека тоа сте го направиле пред една недела и дека се е договорено, таа мисла не ве напушта.

Не размислувајте, туку јавете се. Ако сте помислиле дека треба да го направите тоа, тогаш тоа е вистинската работа.

Кинестетичка интуиција е физичка реакција на ситуацијата, кога “во стомакот имате некакво чувство”.

На пример, сте тргнале по непозната улица и одеднаш застанувате како да сте наишле на невидлив ѕид.

Сфаќате дека, најверојатно, сте на погрешен пат, се свртувате и тргнувате во друг правец кон својата цел.

Емоционалната интуиција се доживува како “чувство”, како на пример, кога ќе влезете во нов стан и веднаш ќе се почувствувате пријатно или непријатно.

Или, запознавате некоја личност за која веднаш чувствувате симпатија или антипатија.

Синхронизираноста, како уште еден вид интуиција, се случува надвор.

На пример: имате проблем да донесете одлука во врска со понатамошниот животен пат.

Во дилема сте. Но, ви се случува среќна околност, случајно да стапите во разговор со непознат човек, кој ви дава одговор на вашата дилема, снабдувајќи ве со информации кои ви се потребни за донесување на одлуката. Ова е екстремен пример, но слични работи се случуваат секојдневно.

Ни се случува да имаме некоја потреба или прашање, а одговорот да ни дојде сосем случајно, по пат на телефонски разговор, писмо или случајна средба.

Може да ни се случи да ги имаме сите потребни иннформации, како и потребната моќ за забележување.

Единствено што ни недостасува е способноста да ги препознаеме и сослушаме своите интуитивни сигнали, но и да имаме верба во нив.

Нема сомневање дека во одредени моменти е потребна голема верба и лична сила за да се постапи по “налог” на интуицијата.

Иако сите знаеме многу неверојатни приказни од животот кога интуицијата се покажала како “ѕвезда водителка”, повеќе од нас малку време посветуваат на развивањето на овој феноменален извор на мудрост.

Интуицијата не мора секогаш да биде драматична за да биде од корист и за да ја потврди својата вредност.

Таа повеќе функционира на секојдневна основа раководејќи не нас, на пример да тргнеме по друг пат на работа, за да можеме подоцна да утврдиме дека сме избегнале голем застој поради судар на патот по кој вообичаено одиме; или, решавајќи ги секојдневните проблеми потребни ни се одредени информации и одеднаш се јавува некој, кого не сте помислиле да го прашате и тоа токму со одговор на вашето прашање и сл.

Вежби за развивање на интуицијата

Следната програма за вежби содржи пет етапи во процесот на јакнење на вашите интуитивни мускули.

Првиот чекор: ПОЧЕКАЈТЕ.

Сетете се дека поседувате интуиција. Пред донесување на каква било одлука посоветувајте се со себе. Поставете си прашање: Што навистина чувствувам во врска со тоа? Што ме мачи во врска со таа работа? Дали се чувствувам совршено удобно во таа ситуација?

Вежба: Седнете на страна, барем половина час и сконцентрирајте се на проблемот или на одлуката која треба да ја донесете, а не сте сигурни дали е правилна. Секој внатрешен сигнал ќе биде добредојден.

Втор чекор: ГЛЕДАЈТЕ.

Оддалечете се и гледајте на ситуацијата од две перспективи. Прво, погледнете ги луѓето, настаните, прашањата и ситуациите објективно, барајќи ги проблематичните места, знаците на предупредување, можностите и позитивната енергија. Следниот чекор е да погледнете внатре во себе – преиспитајте се како се чувствувате во врска со таа ситуација, дали ви годи да бидете дел од тоа ил не; дали предизвикот е стимулативен или исцрпувачки, тежок или лесен.

Вежба: Почнете со процесот на размислување за да преминете на физичко “чувствување” на проблемот.

Кога проблемот еднаш ќе се всади во вашето тело, обидете се да ги идентификувате чувствата или појавите кои го следат проблемот и опишете си ги себеси.

Не трудете се да ги анализирате или разберете чувствата. Само набљудувајте ги.

Трет чекор: СЛУШАЈТЕ.

Размилувате за тоа што тие чувствувања и чувства ви порачуваат. Издвојте неколку моменти за интерпретирање и поврзување на тие нејасни чувства кои дотогаш сте ги собрале.

Отстранете ги сите стравови, проценки или претходни идеи за тоа што ви се случува.

Ваша цел е да го разберете и негувате она што интуицијата се обидува да ви го порача.

Четврт чекор: АКЦИЈА.

Сите информации кои сте ги примиле од вашата интуиција, соберете ги и решете за својот следен чекор.

Вежба: Запишете ги можните чекори и со длабоко дишење и концентрација обидете се свесно што повеќе да се приближите на интуицијата и што повеќе да ја ослободите.

Петти чекор: ТЕЖНЕЕТЕ КОН ПРОГРЕС.

Водете забелешки за своите идни интуитивни вежби и искуства, како и за резултатите.

Нема подобар начин да стекнете доверба во својата интуиција, отколку со вежби, но и проверка на постигнатото.

Јакнете ја својата интуиција, така што секогаш ќе се консултирате со неа пред донесување одлуки. Забележувајте ги своите впечатоци, како и точноста на интуитивната проценка.

Што повеќе ја тестирате својата интуиција и откривате дека ве водела по правиот пат, со тоа вашата самодоверба ќе биде поголема и ќе работи во ваша корист.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20