Дали бугарите „политички ќе го погребат“ Заев (видео)? Бугарските историчари гневни на македонските, што побарале да истражат историјските настани од втората светска војна!….
ХОРОСКОП КРАјНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Драги пријатели, ВИ постирам видео од јутут, но не сам сигурен, дали се работи за бугарска телевизија или портал.
Гостин во емисијата е бугарскиот исоричар Даниел Вачков дирекор на Институтот за историјски истражувања, инаку член на историјаската македонско – бугарска комисија.
Многумина од вас ќе ми најдат забелешка, зошто видеото не е титловоно или преведено.
Тоа не го направив од две причини:
Дијалекти не се преведуваат, како и причината што не сум финасиски моќен тоа да го направам.
Но, ако внимателно го погледнете видеото нема да ви биде тешко да ја дсогледате суштината.
Факт е дека добро го познавам бугарскиот јазик, бидејќи Бугарија моето списание „ХОРОСКОП“ 12 години го преведуваше и печатеше и во Бугарија на бугарски јазик.
Добро е познато дека дијалекти, не се преведуваат, туку само јазици, а тоа е една од причините и да имав средства македонскиот дијлект на „бугарскиот јазик“ немаше да го преведам.
Инаку со самото преведуивање на моето списание „Хороскоп од 1997 до 2009 година, фактички го решив јазичниот спор со Бугарија – ДИЈАЛЕКТИ НЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ, САМО ЈАЗИЦИ!
Едно е политиката, а друго е историјата, која работи со аргуементи и археолошки факти.
За да сте аналитичар, прво треба добро да ја познавате сопствената историја (тука не мислам политичката – наметната во учебниците) како и исоријата на своите соседи.
Но, да се вратам на видеото кое ви го постирам!
Бугарскиот историчар Даниел Вачков, кој е член на имакедонско – бугарска комисија за историја индеректно му удри нож на актуелниот премир Зоран Заев во грб!
„До доаѓање на владата на Зоран Заев се водеше „анти бугарска пропаганда“ во Македнија!
Нема потреба да се коментира или анализира ова изјава.
Интересен факт бугарскиот историчар изнесува, зошто биле бесни бугарските историчари!
Македонските историчари толку биле „безобразни и некултурни“ што им рекле на Бугарите:
„Дајте да ги протолкуваме и „заедничките настани“ од втората светска војна, не само од средновековниот период.
Но, најтрагикомично ми беше, кога бугарскиот историчар почна да се правда за досегашниот неуспех на македонско – бугарската историјска комисија.
Прво кажа дека во еден период и во Бугарија, во учебниците се учело за фашистичкиот дел од Историјата на Бугарија, како и за пиринскиот дел.
Исто така кажа дека 90 гдини македонскиот народ „се одрудавал“ ќе треба полека да се „врати кон корените!
Да не е смешно, ќе беше жалосно, ваква изјава на „историчар“!
Премногу контрадикторности за еден историчар кои ги изнесе во емисијата, а тоа на историчари, кои треба докумнитирано да зборуваат не им е дозволено – не е политичар!
ВИ предлагам внимателно да го погленете видеото, ќе ја разберете суштината на видеото, ќе научите малку од источниот македонски дијалект.