ПРЕТСКАЖУВАЧ ОД РАЃАЊЕ ДО СМРТТА СПОРЕД МЕСЕЦИТЕ
ВЕЧЕН КАЛЕНДАР – РОЖДЕНИК
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Подготвил: Илија Бошков – Крајнички
ЈАНУАРИ
Машко дете родено во овој месец ќе биде црномуресто, мудро, итро, крупно, угледно, зборливо, досетливо, со непостојано мислење, т.е. едно зборува, а друго мисли. Белег од раѓање ќе има на градите или на грбот. Негови среќни денови ќе бидат во јануари. Добитоци и остварување на многу желби ќе има во февруари. Во овој месец секој негов труд ќе биде проследен со добиток, а посебно во трговијата. Во јуни постои опасност од опасни болести кои успешно се лечат. Во јули ќе се склопат многу бракови, ако се случат во овој период ќе бидат сакани од своите сопруги. Оној кој се жени многу млад прв жената ќе ја изгуби, децата ќе го ожалостат, а дури во 30-тата година добро ќе живее и секое задоволство ќе му биде по негова заслуга. Му претстои смрт од вода, затоа нека внимава при капење. Ако ја преживее 25-тата година ќе живее до 80-тата година. Судбинската смрт ќе се случи во август. Нека се моли на Св. Богородица. Болки ќе има во вените, колената и главата.
Женско дете родено во овој месец ќе биде убаво и со долгнавесто лице. Ќе биде речито, ќе има белег на прстите или на челото. Ќе се премажи, добро ќе живее. Заради децата ќе преживее во жалост. Ќе боледува во 3, 16 и 26-тата година, ако преживее тие години нема да умре пред 76 години. Ќе боледува од главоболка и грозница.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
ФЕВРУАРИ
Машко дете родено во овој месец ќе биде со среден раст, плоснат нос, дебели усни, тешко тело. Ако учи ќе биде виден и честит човек. Брз е во купувањето, како и во продавањето. Ќе се збогати и ќе биде добар газда. Ќе биде добар кон сиромашните и ќе биде многу гостољубив. Ќе се исече на главата, од гром ќе страда, змија ќе го нападне, но нема да го касне, ќе биде добар ловец. Белег ќе има на образот или на главата. Во февруари секоја работа и напредок ќе му оди. Во ноември ќе биде опасно болен, но ќе оздраве. Ќе му се допадне жена која има маж. Ќе појде по светот, но пак ќе се врати. Децата ќе го ожалостат. Сопругата ќе му почине и друга ќе земе, со која ќе има деца. Неговиот живот се дели во повеќе периоди, два се најглавни, и тоа: 9 и 28 година, кои ако ги преживее ќе живее до 90-тата година. Судбинската смрт ќе се случи во декември. Ќе боледува од нозе, заби и очи.
Женското дете родено во овој месец ќе има убаво лице, белузликаво, со румени образи и убав поглед. Од железо ќе има белег на устата. Ќе биде мудра жена, на своите мила, а на другите добра. Нозете малку ќе ја болат. Од нечист дух ќе страда. Доброто ќе ја следи и многумина ќе ја пофалат, добро ќе живее. Децата ќе ја слушаат, но едното ќе ја ожалости. За другите луѓе нема да се грижи. Ќе боледува во 3, 5, 10, 15, 25 и 30 година, кои ако ги преживее ќе живее 84 години. Нека се моли на Св. Петка. Ќе има болки во главата.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
МАРТ
Машко дете родено во овој месец ќе има кратки образи, голема уста, премудро, чесно, слободно, со јуначки дух и за никаков страв нема да знае. Заради науката ќе биде почитуван и голема слава ќе достигне. Животот свој би го дал за другите и со тоа ќе дојде до почести. Многу земји ќе помине, ќе падне во беда, но ќе се извлече, братот ќе го ожалости. Старо дрво ќе го рани. На лошо друштво нека внимава. Ќе има белег на главата или на колкот. Со првата жена нема да остане долго, ќе земе друга и со неа ќе биде среќен и ќе има многу деца. Ќе патува во страни земји каде што ќе наиде на отпор, а потоа лесно ќе дојде до поголема слава. Во март ќе има среќа во с#, посебно на патувањето по вода. Ќе живее подолго од своите браќа и од своите родители. Во август му претстои болест и штета од секоја страна. Во септември и ноември богатство и секаква добивка. Во јануари добар успех. Животот му се дели на три периоди: ако ја преживее 7 и 22-та година, ќе доживее 79 години. Судбинската смрт му е во октомври. Болки ќе има во коските и вените.
Женското родено во овој месец ќе има нежно лице, костенливи очи, секому допадлива, со благ карактер, само почесто ќе боледува. Од раѓање белег ќе има на прстите или на рамениците. Ќе биде чесна домаќинка, штедлива и сожалива, заради што и во жалост ќе падне. Ќе боледува во 6, 12, 18 и 36 година, кои ако ги преживее ќе живее 92 години. Нека се моли на Св. Петка. Ќе боледува од заби и коленици.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
АПРИЛ
Машко дете родено во овој месец ќе има виткана коса, залижано чело, завратени усни, срамежлив, добродушен и добро познат, со среден раст. Ќе ги почитува високите науки, ќе биде добар, вреден, љубител на игрите, ќе биде голем женкар, со страшен поглед и ситни лице. На очите или на рамениците ќе има белег. Ќе молчи и никого за совет нема да се обиде да запраша, ќе биде самоуверен во себе, но ќе се труди да биде верен, чесен и брз. Во април ќе има среќа и добивка. Во мај исто така ќе има успех на работа. Ќе се спротивставува на секоја и најмала лага. Ако се роди ноќе ќе биде богат, ако пак се роди дење ќе биде сиромашен, милостив, многу добра ќе прави и малку ќе прима за возврат. Во јануари и февруари може слободно да тргува со успех. Ќе се ожени во помлади години, ќе има повеќе женски деца. Животот му се дели на два периода, т.е. ако ја преживее 2-та година, тогаш ќе ја преживее и 58-та година. Русокоси луѓе нема никако да трпи ниту пак да ги прима во друштво. Судбинската смрт ќе се случи во ноември. Болки ќе има во очите и во главата.
Женско дете родено во овој месец ќе има плоснато лице, крупни очи, полни усни, ќе биде говорлива. Од огин ќе претрпи страв. Белег ќе има на прстите и на главата. Некое дете ќе ја ожалости, но повторно ќе се развесели и добро ќе проживее. Ќе боледува во 1, 15, 24 и 36 година, кои ако ги преживее ќе живее 80 години. Ќе боледува од глава и стомак.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
МАЈ
Машко дете родено во овој месец ќе има чист и правилен лик, убав, бистар, остар поглед, сина коса. Ќе биде склон кон науките и ќе постигне големи успеси. Лесно ќе заработува многу пари, но нема да умее да ги цени и чува. Заради ситни работи ќе се разлутува, но лутината брзо ќе му поминува. Ќе биде добар и слободен патник и ќе патува по многу оддалечени места ширум светот. Ќе има мирен изглед, низок раст, слободоумен, а кога ќе се налути ќе зборува многу. Ќе има познанства со угледни луѓе. Во октомври му претстои немоќ и слабост. Во септември ќе се ожени. Во ноември ќе се ожени по втор пат и секоја работа ќе искочи според неговите желби. Во 45-та година ќе му се случи некое зло од кое самиот ќе излезе. Белег од раѓање ќе има на раката или грбот. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 34 година ќе доживее 70 години. Во април ќе има непријатности и штета од секоја страна. Судбинската смрт ќе му се случи во декември. Нека се моли на Св. Богородица. Болки ќе има во стомакот и прстите.
Женско родено во овој месец во помлади години ќе биде болежливо, паметно, со светли очи, чесно, секому мило, полнокрвно. Првиот маж ќе го надживее. За друг ќе се омажи и среќно ќе живее. Првите деца ќе ја ожалостат, а со другите ќе се утеши. Ќе патува по туѓи земји и во својата земја ќе се врати. Ќе страда од силно главоболки. Ќе има работа со судот. Ќе има белег на раката, ногата и колковите. Ќе боледува во 6, 16 и 31 година, ако ги преживее ќе живее 93 години.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
ЈУНИ
Машкото дете родено во овој месец ќе биде склоно кон дебелеење, со плоснато лице, мали очи, костенлива коса, тешка рака, мудар, љубител на жени, гостољубив, говорлив, секому мил. Ќе се носи убаво и чисто, во науката ќе има успех, исто така и на јавните собири, пријателите ќе го сакаат. Во јадење и пиење нема да претерува. Брзо се разлутува, но и брзо му поминува. Неговата среќа е непостојана. Богатство ќе постигне со свој труд. Ќе биде на раб од пропаѓање, но брзо ќе се спаси. Да се чува од змии. Во јуни секоја работа ќе биде добра и со успех. Ќе живее подолго од својата жена, деца ќе има но повеќе женски. Ќе има среќа во трговија и лов. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 32-та година, ќе ја доживее и 96-та година. Судбинската смрт ќе му се случи во мај. Ќе боледува од плускавци и забоболки.
Женско дете родено во овој месец ќе биде убаво, со витка става, остар поглед, руса коса и сини очи, гостољубива. Првиот маж ќе го изгуби, а со вториот ќе биде среќна. Ќе почине во својата куќа. Ќе боледува во 3, 18 и 35 година, кои ако ги преживее ќе живее 85 години. Нека се моли на Св. Богородица. Ќе боледува од главоболка и грозница.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
ЈУЛИ
Машко дете родено во овој месец ќе има мала глава, округли образи, големи усни, темен тен, љубител на жени, ќе биде склон кон добри дела, сака вистина и правда, многу е разумен и храбар, слободен и вреден. Многу внимание ќе вложува на својата чест заради работата, па, така ќе биде признат кај големите господа. Од своите ќе си отиде, а никакво зло нема да го снајде. Ќе биде добар, богат и љубезен, лаги за себе нема да слуша и зборува. Ќе добие власт, но и својата куќа ќе ја посака. Белег ќе има на градите или на едната страна од телото. Лутината брзо му поминува. Во јули ќе има голема среќа. Во август работата ќе оди со добар успех. Ќе биде посакуван во друштво. Ќе се ожени млад и со жената убаво ќе живее. Ќе има деца. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 31 година, ќе ја преживее и 76-тата година. Ќе почине причестен. Нека се моли на Св. Јован. Ќе има болки во главата и грбот.
Женско дете родено во овој месец ќе биде мудро, побожно, витко, речито, со жесток карактер, но спрема луѓето љубезна. Заради некоја беда ќе настрада во петнаесеттата година, но без последици. Ноќе нека не пие вода. Да се чува од громови, да не стои под дрво кога грми. Во породувањето ќе се намачи, ќе биде среќна. Ќе добие син и ќерка, заради ќерката ќе доживее нешто неповолно. Ќе боледува во 2, 3, 11 и 19 година, кои ако ги преживее ќе живее 80 години. Ќе боледува од глава и забоболки.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
АВГУСТ
Машкото дете родено во овој месец има чист образ, среден раст, остар поглед, побожен, жесток, но милостив и ќе има благослов од своите родители. Во учењето ќе биде грижлив и вреден. Нека внимава при јавање коњи бидејќи може да падне. Нека се чува од вода. Нозете и главата ќе ги повреди. Жолчката ќе му биде изложена на воспаленија, затоа нека не пие вино. Со жената ќе стекне куќа, ќе има многу деца од кои едно ќе умре од убод на ‘рѓосано железо. Ќе биде драг и на старите и на младите луѓе, а од своите омрзнат. Во август ќе има среќа и добивка, а во септември многу работи ќе му се остварат. Белег ќе има на коленого. Ќе биде мрзелив и лут. Најголема среќа ќе има во јуни, а неговиот добиток ќе го присвојат други. Во јули мора да се воздржи од женидба. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 40-тата година, ќе ја доживее и 90-тата година. Нела се моли на св. Јован. Ќе боледува од болки во очите и забите.
Женско дете родено во овој месец ќе биде убаво, со црна и голема коса, висока, мила и допадлива секому, со добар карактер и гостољубива. Нека внимава да не падне од височина. Едното дете ќе ја ожалости. Многу ќе ја бараат за жена и како девојка со тоа ќе се гордее, ќе се радува на туѓ успех. Среќно ќе се омажи и со мажот ќе дочека старост. Ѕвер ќе ја касне, ногата ќе ја шине, но с# успешно ќе заврши. Белег ќе има на градите или на вратот. Ќе боледува од треска и главоболки. Ќе боледува во 5, 14, 37 и 40 година, кои ако ги преживее ќе живее 85 години. Нека се моли на св. Троица.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
СЕПТЕМВРИ
Машко дете родено во овој месец ќе биде со правилно лице и став, милостиво, со залижано чело, крупен, мудар, непопустлив и самостоен. Ако го заврши школувањето ќе биде почитуван. Ќе биде женкар. Многу ќе патува, а во својата земја староста ќе ја дочека. Во септември секоја работа и трговија ќе му биде од голема корист. Во октомври му се ветува голема корист од залагањето во работата, посебно во трговијата. Лесно ќе се навредува, лутењето нема да го крие. Ќе се покае поради измама. Ќе се исплаши од вода. Од дрво ќе има лузна. Првата жена ќе го разжалости, но децата ќе го сакаат и со него ќе живеат. Едно дете ќе му умре. Белег ќе има на раката и на лицето. Во јули ќе има најмногу среќа, ќе стане богат во зрелите години од животот. Животот му се дели во два дела, ако не умре во 44-та година ќе ја доживее 70-тата. Судбинската смрт му е во март. Болки ќе има во градите и во грбот.
Женско дете родено во овој месец ќе биде со широки образи, со подвиени усни, со долга коса, со убаво лице. Брзо се лути, но веднаш и поминува лутината. Гостопримлива е. Ќе биде зборлива. Ќе се вљуби во едно момче и ако отиде за него среќна ќе биде. Ќе се пресели во друго место. Несреќи нема да и се случуваат. Животот ќе & биде мирен, ќе живее во слога, млада ќе има деца. Породувањето ќе & биде тешко и болно. Децата во сон ќе и се плашат. Поради некоја жена ќе тагува. Ноќно време не треба да скита. Белег ќе има на лицето и кај срцето. Ќе болува во 3, 7, 17 и 40-та година, кои ако ги преживее ќе живее до 100 години. Нека се моли на Св. Богородица. Ќе ја болат плешките и главата.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
ОКТОМВРИ
Машко дете родено во овој месец ќе биде со крупно лице, со дебел нос, остар поглед, со црна коса, ладнокрвен. Ќе има добар карактер. Добро ќе учи. Лесно ќе се лути и со опак карактер ќе биде. Лесно може да се реши на измама да се реши, но затоа секогаш тежнее да биде добар и чесен. Така ќе биде сакан од големите господа. Ќе биде со среден раст. Ќе доживее голема среќа. Жените ќе ги сака, ќе пропатува низ многу земји. Ќе биде побожен, под дрва да не легнува. Многу добри работи ќе прави, но малку ќе му се возвраќа. Од дрво и железо ќе биде ранет во рамо. Со жената ќе биде многу среќен, ќе има многу деца. Знак од раѓањето ќе има на плешките и на градите. Во ноември ќе има големи добивки во работата, како и во декември. Ќе живее повеќе од родителите. Зимно време ќе заболува. Во април ќе се ожени и ќе има многу среќа, во септември ќе биде во голема неволја, поточно тогаш за многу лаги ќе го обвинат, но ќе се одбрани. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 44-та година ќе доживее 80 години. Судбинската смрт ќе биде во мај, затоа во тие денови нека внимава од вода. Во 12-та година ќе боледува од костоболка и од треска.
Женско дете родено во овој месец ќе биде високо, со големи очи, ќе има долга коса, плоснати образи, со убаво и нежно тело, лесно ќе се лути, превртлива и самоволна ќе биде, ќе работи с# на своја рака. Од вода ќе се плаши, од оган ќе се исплаши, куче ќе ја гризне. Ќе се омажи и момчето ќе го остави, ќе остане вдовица. Со с# ќе биде задоволна, за с# ќе се грижи и нервира. Ќе биде од познато семејство, добри работи ќе доживее ако ги преживее 3, 12, 27 и 36-та година тогаш ќе доживее 89 години. Ќе има главоболки и стомачни болки.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
НОЕМВРИ
Машко дете родено во овој месец е убаво, со весел карактер, речито, паметно, подвижно и полетно, со убаво тело, очи црни, со развиени и силни мускули. Побожно ќе биде, ќе нема страв. За браќа ќе се тепа со други, а за другар и главата ќе ја заложи. Од соседите ќе трпи озборување. На главата ќе има лузна. Змија ќе го нападне. Од родителите ќе има придобивки и богат ќе биде. Знак од раѓање ќе има на челото и на градите. Ќе биде склон кон хумани и добротворни работи, тоа ќе го прави без да бара признание или благодарност. Судбинската смрт е во ноември. Во декември што и да започне ќе го заврши. Родителите многу ќе му помагаат, а тој ќе им помага на браќата во непријатностите. Двапати ќе се жени. Со првата жена ќе нема деца, со втората ќе има повеќе и тоа повеќето машки кои ќе бидат со добар карактер. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 28-та година ќе доживее 77 години. Ќе боледува од заби и очи.
Женско дете родено во овој месец ќе биде со тромаво тело, со долг нос, со набиен врат, сини очи, таинствен знак ќе има, коса долга, веѓи костенливи, остар поглед, здрав лик и жалостиво срце. Добар маж ќе има. Од кучиња и од лоши жени треба да се чува. Треба да внимава да не добие лузна на главата. Ќе жали поради децата, ќе паѓа од височини, но без поголеми последици. Ќе осиромаши, но пак ќе се збогати. Ќе болува во 8-та, 11-та и 29-та година и ако ги преживее ќе доживее 76 години. Треба да се моли на Света Петка. Болки ќе има во градите и во главата.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 911
ДЕКЕМВРИ
Машко дете родено во овој месец ќе биде силно и со ведар лик, со широк нос, во очите на мајка си ќе личи, ќе има остар поглед, нервозен ќе биде, ќе се лути лесно, кога ќе зборува ќе вика. Советите нема да ги слуша, во трговијата нема да се однесува чесно, но постојано ќе има добитоци. Двапати ќе се жени. Ќе се повреди со железо во ногата, од дрво нека се чува, од огин ќе се изгори. Родителите ќе ги фрли во тага за да потоа повторно ги израдува. Двосмислен ќе биде и нечувствителен. Во жените ќе се излаже. Ако во јули се ожени ќе има деца и среќен ќе биде. Многу земји ќе помине. Во туѓината ќе биде сакан. Знак од раѓање ќе има на градите или на коленото. Во декември секоја работа ќе му биде корисна, ќе биде браколомец. Животот му се дели на два периода, ако ја преживее 25-та година ќе доживее 65 години. Судбинската смрт е во јуни. Треба да се моли на Свети Никола. Ќе боледува од стомак, ќе има плускавци.
Женско дете родено во овој месец ќе биде ниско, црвено и силно, со црни очи, долго ќе цица. Ако се роди во празниците ќе биде гостопримлива. Ќе ја засака едно момче, ако тргне за него ќе изроди синови и ќерки. Едно дете ќе & се роди болно и ќе го изгуби. Белег ќе има на средината од телото, кое ќе го добие помеѓу 10-та и 15-та година. Добро ќе поживее во староста. Ќе има злоба и лоши работи од некоја жена. Вода да не пие ноќе. Ќе болува во 3-та, 12-та, 28-ма, 35-та и 42-та година, кои ако ги преживее ќе доживее 79 години. Треба на Свети Никола да се моли. Ќе има главоболки и ќе болува од стомак.
Подетално што ве очекува во животот, што ви е напишано, можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
контат. тел 078 215 91