МПЦ се подготвува Исус да го прогласи „нерантибилен“ (видео), ќе стане технолошки вишок, а Мицковски ќе добие нејолална конкуренција….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Гледајќи ги вестите на „Канал 5“ останав без текст:

Македонската Православна Црква – Охридска архископија на Исус му подготвува „отказ“ не е исклучено да го прогласи за технолошки вишок.

          По влегувањето во градежниот бизнис МПЦ-ОА влегува и во бизнисот со градење на мини хидроцентрали.

          Ова зборува дека ќе му стане нејолална конкуренција на ледерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.

          Интересен е одговорот кој го дава владиката Тимотеј:

          Треба да се осигураме како оцрква да имме постојани срества за опстојување на црквата, што има тука чудно.

          Кога внимателно ќе се прочита Новиот завет, кога Исус неговите ученици и апостоли го прашуваат како да го наплаќаат учењето на народот.

          Исус им одговорил:

          Вие да ли плативте за учењето, ќе живеете од даровите и милоста на народот.

          Но, да се вратам на владиката Тимотеј, кој се брани дека целосно не  запознаен како ќе се движи „бизнсот“ со мини хидро централите:

          Во тоа многу не се разбирам, тоа го пропуштивме на адвокатите и другите што прават правни заврлазами…
  Ова зборува дека Исус Христос полека треба да се подготвува, поточно да го чека решението кое поштарот ќе му го донесе „дека МПЦ го прогласува за технолошки вишок“.

          Мислам дека Исус Христос треба да ја рабере МПЦ-ОА.

          Со неговото учење успеа на владиките само да им обезбеди „Џипови“, магарето на кое јаваше, кога влегуваше во Ерусалим, одавно е пензинирано!

          Прости, најблогореден син на СОЗДАТЕЛОТ, но светот оди напред, владиките имат потреба од авиони, па и од вселенски бродови, да ти поминат некогаш на кафе!

          Во сета работа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски се најде како „колетрална штета“!

          Дали поради неговато име Христијан, МПЦ-ОА реши да го „банкротира“ да му го „превземе бизносот“, бидејќи неговиот имењак Исус треба полека да се подготвува да стане технолошки вишок.

          Ова почна сериозно да ме загрижува!

          Се плашам МПЦ-ОА де не отвори некој астролошки центар, да почне да предвидува, ќе треба да ја „затворам“ фирмата!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20