ТАИНСТВЕНИ УЧЕЊА: Белтан –
празникот на плодноста
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува : Илија Бошков – Крајнички
На 1 мај се одбележува еден од старите пагански празници, наречен Белтан – празник на огновите што го привлекуваат небесниот благослов.
Во тие денови луѓето ја празнуваат плодноста на земјата и преодот од студените кон топлите месеци на годината.
Белтан ја отелотворува вишата љубов меѓу Божицата и Бога. Се избира Мајска кралица – единствената која што на тој ден може да носи зелени алишта во чест на дружењето на луѓето со самовилите и елфовите.
Останатите луѓе на тој ден не треба да носат црвено или зелено, за да не ги разгневуваат малите суштества.
Овој празник е еден од најпогодните денови за нови почетоци, за нови проекти, за обучувања, за создавање нови групи, за церемонии, за јавни говори и друго.
Украсете си ги домовите со зелени гранки и со јаглики.
Но, кога ги отсекувате не употребувајте ножица или нож, зошто не само што ќе ги избркате самовилите, туку и ќе ги разжалостите (тие не го сакаат железото).
Во тој ден не треба да се сече глог, зашто тоа ќе донесе несреќа и неуспех во љубовта.
Тој ден е наречен уште и празник на маговите.
Произлегува од тоа дека самовилите умеат да прават магии, ги знаат лековитите својства на растенијата и се добри помошници.
Во ноќта на 1 мај се извршува и ритуал. Ритуалот истовремено е и поклонување и начин за општење со божествата и духовите.
Тоа е симболичен јазик, кој дозволува да проникнете во другите димензии и да постигнете различни степени на осознавање.
Ритуалот исто така ни дозволува да се издигнеме над животната суета и да станеме подобри отколку што сме во секојдневието.
Во магијата ритуалите се начин да се вклучат сите учесници во таа колосална енергија кон која тежнеат сите тековни циклични процеси што произлегуваат од Земјата.
Пред спроведување на ритуалот, искапете се во купка со билки, цветови, а околу Вас запалете свеќи.
Празнувањето се врши во текот на ноќта. Најдобро е да бидете во шума или крај живо дрво. Најсоодветен е глогот.
Ако немате можност да отидете во шума, изведете го ритуалот дома, при што ќе искористите гранки од елка.
Направете амајлија или симбол во чест на бракот на Богот и Божицата и закачете го на дрвото, кое можете да го украсите со ленти, венци, монистра, цвеќе и со се што ќе Ви текне.
Поставете околу него камења и запалете свеќи и материи што испуштаат пријатни мириси.
Благодарете им на Богот и на Божицата и на силите за тоа што пролетта дошла.
Основната идеја на овој празник е соединувањето на две нешта за добивање трето.
Украсете го глогот – нека секоја панделка симболизира една Ваша желба. За секоја одберете соодветна боја.
Постојте молчеливо до дрвото, насочете се во својата внатрешност кон него, и концентрирајќи се на желбата, заврзете ја панделката.
За заштита користете панделка со сина боја, за успех – зелена, за љубов и романтична врска розова или црвена, за да усвоите окултни познавања – темно виолетова или темно сина.
Можете да си посакувате многу нешта, но за секое треба да користите посебни зборови.
После тоа оставете подарок за дрвото. А кога ќе се исполни Вашата желба, повторно вратете се пред дрвото заблагодарете му, и оставете уште дарови.
За заштита на домот можете да си направите амајлија од бозел, која што треба да си ја ставите на вратот.
Бозелот е дрво кон кое самовилите се благонаклони, па затоа тие ќе го благословат Вашиот дом.