Успешни врски – ВОЛШЕБНИОТ БРОЈ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Кажи ми кои се твоите пријатели?
Во животот на секој од нас пријателството игра не помала ролја, отколку љубовта или роднинските врски. Колку што луѓе има на светот, толку се и пријателските врски.
Но со кого и како вреди да се зацврстат односите и со кого треба да ги сведеме на минимум?
Кој е искрен, а кој само се преправа? И што кажуваат ѕвездите по тоа прашање?
Во зависност од тоа каков хороскопски знак сте вие, можете да искористите некои тајни, кои ќе ви помогнат дада изградите нови и да ги усовршите старите пријателства според најдобриот образец.
Возможно е пријателството со него или со неа да означува бескрајни спорови, а можно е да се среќавате често да помолчите заедно.
Пријателството, као и љубовта може да биде различно. А за да дознаете како и со кого можете да бидете пријатели, обратете се кон нашата табела, за да ги определите типот на вашите односи и… читајте!
1. Помили од роднините
Вие го чекате тој човек, вашето срце е отворено секогаш за него, вашиот дом е негов. И така, можете да продолжите до бескрајност. Таквите луѓе по правило влегуваат во вашиот живот за долго, тие секогаш се радуваат кога ви помагаат, да ве утешат, да подадат рамо, да ви ги дадат последните пари. Овој човек секогаш е дел од вашиот живот, исто како сопругата, децата, родителите. Се е во ред, но… Понекогаш сето тоа почнува да ве раздразнува, советите негови ви стануваат здодевни, поучувањата исто така… Не знаеш каде да се сокриеш од будното око и постојаните опомени. Сепак, подобро е да истрпите, зашто тоа навистина се проверени, искрени односи кои имаат висока цена. Внимавајте да не ја изострите ситуацијата, проверувајте – тоа навистина е случај кога старото пријателство е повредно од две нови. Понекогаш навистина може да биде здодевен, да страда од недостаток на внимание од ваша страна. За среќа, сето тоа е привремено и во вашите односи повторно ќе дојдат среќни дни.
2. Како снег на главата
Ваквите пријатели се силно дополнение кон суровата стварност. Без нив е лошо, но со нив е премногу бучно. Разбивајќи ги во прав и пепел сите ваши идеи, тие обично предлагаат сосем апсурдни решенија кои често се покажуваат како најправилни. Тие се екстремисти, ужасно нетрпеливи, настојчиви. Всушност, тие секогаш имаат резервни варијанти во случај на неуспех и еден куп нови идеи. Вистински празник е дури и кога само се зборува за нив! Нивните телефонски јавувања ја прекинуваат тишината нарушувајќи ги сите ваши планови, а нивните посети личат на силни молњи… Но, дали по бура воздухот е прочистен, ви се сака да дишите и да правите подвизи! Такви пријатели можат само да се сакаат силно, да им се простува с#, да се восхитуваме на нивната остроумност и да чекаме нови игри во кои не секогаш ни е пријатно.
3. Пријател или соперник?
Кој може да минува низ животот без капаци на очите, но пред вас да ги спушта за секој случај? Кој може да се договори со некого за средба и во последен момент да смисли некое лабаво објаснување? Кој мисли дека е итар и умен? Станува збор за еден од нашите стари познаници. Можеби треба да ги прекинеме односите со него, но нели тој самиот не е среќен што се родил таков? Подобро би било да го разубедиме, да се пошергуваме со неговите стравови, да му објасниме дека за вистинското пријателство нема прегради. Но ако и тоа не помогне, треба да го оставиме на мира. Ќе мине време и тој повторно ќе ви поѕвони и ќе направи некој метеж, но треба ли од тоа да се прави трагедија?
4. СПОРЕД ПРАВИЛАТА НА РЕТРО СТИЛОТ
За овие односи подеднакво се можни две сценарија. Првото: Вие сте учеле заедно, а потоа судбината за долго ве разделила и ве упатила во различни насоки, а сега наеднаш неочекувано се среќавате. Што се случило во животот, кој до каде стигнал? Колку е чудно да се сретнете уште еднаш – да позборувате и да најдете нови допирни точки… Можеби нема се да се случи добро, но маката од некаде, загубеното пријателство нека не го затемнува вашето постоење. Тоа може да не било вистинска дружба, туку случајно совпаѓање на интересите, детска недоверливост? Второ сценарио: тешки односи кои се обликуваат со години, ниту на вас не ви се по срце, ниту на другиот. Но знајте дека во секој момент вие можете сериозно и на најпријатен начин да повлијаете на судбината еден на друг: Да дадете вреден совет, да помогнете во работата и т.н.
5. МИЛИТЕ ТИРАНИ
Вашиот дом е среќен, а пријателите и пријателите на нивните пријатели во секој случај се обидуваат да ја посведочат својата љубов и заедно да се поддржат сериозно (во гастроносмска и во духовна смисла). Бројот 5 ја покажува токму таа ситуација. Пожалете се себеси, дајте му да разбере дека присуството на некои луѓе во вашиот дом не е многу пожелно. Дека со својата наметливоста и непријатно однесување и најгостољубивиот домаќин го ставаат во непријатна ситуација. И дека на вашето семејство не се чувствува удобно во својот дом. Договорете се да се среќавате некаде надвор – во кафеана, на спортски натпревар, во парк…
6. САМО БЕЗ ПОЗАЈМУВАЊА
Сакате ли вашиот пријател да биде со вас мил, како и секогаш? Не барајте пари на заем. Пријатно ли ви е неговото друштво? Тогаш, не ја нарушувајте таквата идила. Паричните односи меѓу вас се неумесни. Многу подобро е да одите заедно на изложби, да си брборите за новостите во светот… И ако вие разберете дека тие раменици нема да се свиткаат под товарот на вашите проблеми, морето од задоволства ви е загарантирано.
7. ДА УЧИМЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ ГРЕШКИ
Во пријателството, како и во љубовта се случуваат непријатности, разделби, помирување и враќање. Прекинувајќи ги своите односи, бившите пријатели често сметаат дека времето е најдобриот лекар и дека ќе ги потполни пукнатините. Возможно е тоа да се случи. Но седмицата н# предупредува дека непријатната ситуација може да се повтори и не само еднаш. Можеме да ги прифатиме нивните оправдувања, да климнеме со главата во знак на согласност – како што се вели, лошиот мир е подобар од најлошата војна. Сте имале доволно убави и радосни денови, за кои е многу попријатно да си спомнете. На крајот на краиштата, сите сме луѓе кои можат да грешат. А и надежта за подобро утре и понатаму ќе биде ваш задолжителен сопатник – така тврдат ѕвездите, а незнаат с# или… речиси се.
ВОЛШЕБНИОТ БРОЈ НА ВАШЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО
Во вертикалната колона на табелата најдете го вашиот хороскопски знак, по тоа – во хоризонталната графа – знакот на вашиот пријател (пријателка). Замислете линија меѓу двата знака до точката на пресечување. Цифрата која стои во квадратчето на пресекување, дава клуч на вашите односи со тој човек.
Ваш знак
Знак на пријателот
Овен 2 6 4 3 1 3 7 6 2 7 2 1
Бик 6 4 7 2 4 1 2 7 5 1 7 1
Близнаци 4 7 4 3 2 7 1 2 6 6 2 6
Рак 5 6 4 1 3 1 6 4 7 4 3 7
Лав 1 7 2 4 4 7 3 7 1 4 6 5
Девица 6 1 7 2 4 2 4 5 7 1 7 3
Терезија 7 2 1 7 2 4 4 6 2 7 3 7
Скорпија 6 7 2 1 6 6 3 7 2 1 7 6
Стрелец 2 5 6 7 1 5 2 3 4 3 1 7
Јарец 5 1 6 3 4 1 3 3 4 4 1 2
Водолија 2 3 6 5 6 6 1 3 1 1 4 7
Риби 1 2 6 4 5 3 7 6 7 3 7 4
Подетално каква ќе ви биде годината можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2. 000 денари