ОСВОЈТЕ ГО ПАРТНЕРОТ –

СО ЗБОРОВИ ИЛИ СО МОЛЧЕЊЕ!

 

Пишува: Илија Бошков Крајнички

 

Има ситуации во коишто мажите многу сакаат да им се зборува, и други, во коишто е најдобро да замолчиме. Се покажало дека и во оваа сфера с# зависи од ѕвездите. Ако знаеш некои особини на одделни хороскопски знаци, твојата комуникација со нив ќе се одвива многу полесно и побргу ќе стигнуваш до саканата цел.

Овен

Кога да зборувам?

Со претставниците на овој нетрпелив, нестрплив, праволиниски знак треба да се зборува многу дипломатично. Првин изразете ја Вашата согласност, а дури потоа сосема благо почнете да го изложувате своето гледиште за таа тема: поставувајте прашања коишто ќе го водат кон Вашиот став, а давајте и соодветни примери. Да се неутрализира категоричноста на Овенот е можно единствено со непрестано умилкување и благо несогласување за незначајни теми, или со интелектуално-ироничен хумор.

Кога да молчам?

Впрочем, во почетокот на познанството тоа може да се покаже и сосема излишно. Зошто треба да го изразувате своето мислење и своите погледи? Тој сам ќе Ви раскаже с# за своето и за Вашето мислење за определени проблеми, и ќе биде искрено убеден дека меѓу вас се одвивал интересен и плодотворен дијалог. Главно е да не ја заборавите неговата девиза: “Кој не е со нас, е против нас”, и во никој случај да не спорите со него, дури ни за ситници.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Бик

Кога да зборувам?

Главно е да не го шокирате со ништо. На пример, со разговор исполнет со премногу изливи на љубов. Неговата жена е загатка, објект на страст и извор на опасност. Тој може колку сака да се шегува и да се загледува, но никогаш не ја губи внатрешната желба за неа. Општо земено, според типичниот Бик, жената не треба да биде многу зборлива. Таа треба да зборува со очите.

Кога да молчам?

Не е добро да го потчукнувате пријателски по рамото и да му кажувате с# што мислите. Тоа ќе ја уништи невидливата бариера, без која Вие повеќе нема да предизвикувате во него трепет. Меланхолијата и хистеричните изблици, и тажните и агресивните, исто така може да Ве лишат од привлечноста во неговите очи. Не треба да покажувате остроумност, да зборувате за апстрактни поими и за мали мистерии. Тоа го заморува Бикот.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Близнаци

Кога да зборувам?

Изразувајте се, сомневајте се, поддржувајте… Близнакот треба да ја види Вашата жива реакција и тогаш тој почнува да зборува, да зборува, да зборува…. Станува видно среќен и се опијанува од сопствените зборови. Понекогаш корисно е радикално да ја промените темата: “А од гледна точка на зен-будизмот, на пример, с# е едно исто”. Нема врска што тој знае за зен-будизмот помалку дури и од Вас. Со задоволство ќе ја прифати и таа тема.

Кога да молчам?

Основното што не смееме да го правиме кога комуницираме со Близнаци е безрезервно да го примаме тоа што тие го зборуваат. Од тоа тие ќе се навредат, мислејќи дека сте рамнодушни кон нивната личност. Нема полза ниту да барате компромис со Близнаците или пак да се договарате нешто со нив. За нив е многу поедноставно да навлезат во Вашиот начин на мислење и дејствување отколку да го следат заеднички донесеното решение.  И на крајот, не треба да разговарате и да го продолжите разговорот со нив в кревет – ризикувате да поминете цела ноќ во зборување.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Рак

Кога да зборувам?

Тешко е да се осмисли правилна тактика на општење, бидејќи повеќето Ракови се убедени дека луѓето треба да ги разбираат и чувствуваат интуитивно, телепатски. Поради таа причина, поголемиот дел од обидите да се почне разговор со нив на дадена тема, тие ги пречекуваат со уплашени, и во почетокот неопределени звуци.  Единственото што ја спасува ситуацијата, тоа е самозадоволството на Ракот и неопходноста за споделување на своите мудрости и знаења за светот. Така, задавајќи му прашања што ќе му помогнат да допрецизира, на фонот на историските херои, холивудските ѕвезди и глупавите конкуренти, Вие би можеле да си разјасните многу важни и полезни аспекти од животот.

Кога да молчам?

Најдобриот начин да се спасиме од Ракот е категорично да да си го кажеме своето мнение, а притоа од соговорникот да побараме безусловно прифаќање и согласност со она што го кажуваме. Зборови како “неопходно”, “треба”, “исклучително” и “еднозначно” застануваат во грлото на Ракот, и ја исклучуваат можноста за адекватна комуникација, и предизвикуваат револт проследен со брзо исчезнување зад силно затворената врата.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Лав

Кога да зборувам?

Се разбира дека мажите што се припадници на овој царски знак обожаваат кога нивниот слух е погален од нежни зборови што го потпалуваат нивното самољубие. Но, тоа не значи дека тие не знаат да ја ценат отвореноста. Напротив, тие со големо внимание ја слушаат критиката и неповолната искреност. Сметајќи се себеси за крал во секоја ситуација, тој е способен да разбере и разбира практично с# она што му се  зборува – под услов мислата да е кратка по форма и јасна по содржина.

Кога да молчам?

Лавот просто не го поднесува молчењето, страдањето и неопределеноста – сите тие работи кај него создаваат чувство на безнадежност и предавање. Тој негативно ги прима сите наметнувања и недоискажани работи. Судрувајќи се со женското страдање, тој просто станува пасивен, чувствувајќи се незаштитен и не знаејќи што да превземе. Тоа е многу лошо за него, бидејќи е научен секогаш да ја контролира ситуацијата. Тој едноставно не умее долго да остане во безвоздушен простор и се стреми да избега оттаму употребувајќи ги сите средства, па дури и прекин на односите.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Девица

Кога да зборувам?

Надворешно многу тврди и сувопарни, мажите Девици всушност се многу чувствителни. Тие се многу приемчиви за дискретните посочувања и за многузначните изрази. Доволно е да се каже: “Мојот татко секогаш за роденден ми дава перуники” и во соодветниот момент Вашиот пријател Девица ќе се потсети дека тоа цвеќе многу би Ви се допаднало. И бидете уверени дека кога ќе ја чуе фразата “сакам затворени мажи”, веднаш ќе си помисли дека се однесува на него. А романтичните разговори “за нас” би можеле да ги заменат разговорите за француската поезија или за боите при залезот на Сонцето. Важно е да не ја преминете границата после која разговорот останува исполнет со трепет, но “безопасен”!

Кога да молчам?

Најчудовишната работа за којашто е способна некоја девојка, барем во очите на некое момче Девица, се малите женски каприци. Доволно е да му кажете со подиздадени усни “Ох, драги, те молам…” и ќе му се стемни пред очите, ќе започне да го слуша тропотот на железните окови. Можно е да исполни една или две твои желби, но, кога ќе дојде на ред третата желба, ќе побегне на психотерапевт за да му се пожали колку немилосрдно го експлоатираат. Тој тешко ги поднесува ласкавите зборови и нежните изрази, бидејќи не знае каде да погледне и како да одговори… А за сето тоа време се грижи да не случајно тоа е почеток на некакво барање.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Терезија

Кога да зборувам?

Многу лесно и најприродно мажот Терезија се чуствува кога некоја девојка не се притеснува да му каже “Прави го ова, а не тоа”. Тој ќе биде вистински благодарен ако Вие преземете иницијатива, оти тој по правило тешко постигнува хармонија со самиот себе си. Исто така, не заборавајте да му кажувате како тој претпочита да размислува или да дејствува за ова или за она прашање. Бидејќи тој речиси секогаш размислува различно, среде многуте варијанти ќе се најде и Вашата. Благодарение на тоа, Вие брзо ќе се здобиете со репутација на внимателен човек и човек полн со разбирање.

Кога да молчам?

Тоа што никако не смеете да го правите е да ги изразувате своите емоции и мисли. С# што му зборувате и за што го советувате треба секогаш да звучи како да е општо правило, неминовен факт, поредок на нештата. Потенцирајќи ја својата индивидуалност, или, недајбоже, спорејќи со него или јавно изразувајќи го своето мислење кое се разликува од “неговото”, ризикувате да го повредите неговото самољубие, што пак може погубно да се одрази на вашите односи.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Скорпија

Кога да зборувам?

Тој, бидејќи Скорпијата не е човек што многу сака да комуницира, претпочита своите мисли да ги искажува ретко, но прецизно и точно.  И, се разбира, во таков случај тој очекува разбирање и согласност. Или во краен случај – молчење. Или во последен случај – логични и разумни забелешки за тоа прашање. Се разбира, тој би &  простил на жената извесна брборливост, но тоа би било чин на хуманост од негова страна. И тоа само во случај Вашето брборење да е коректно и умно, зашто тој многу полага на тие квалитети.

Кога да молчам?

Скорпиите премногу мразат кога некој (најмалку пак нивната партнерка) зборува (а особено пред нив) за своите потреби и емоции. Тие би можеле да разберат ако таа им побара нешто, но не и ако таа едноставно фантазира за луксузен кревет, за поголема куќа, за полна кутија со бонбони. Да не зборуваме за солзи, бонбони, воздишки, итн. Сето тоа предизвикува во нив противречни чувства, оти почнуваат да се обвинуваат себеси за сите маки и потешкотии, и истовремено почнуваат да се дразнат од нетактичноста на жената којашто им докажува дека нешто не обезбедиле, не успеале, не  предвиделе…

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Стрелец

Кога да зборувам?

Всушност, со Стрелецот е најлесно и најкомфорно да се комуницира. Со нив можете да зборувате за што сакате и на каков начин сакате  – с# ќе биде потполно адекватно разбрано и примено со добродушност и оптимизам. Се разбира, Вашиот Стралец ќе биде вистински среќен ако Вие неговиот малку недоделкан хумор и неговите заклучоци што тој ги смета за многу умни, ги восприемате како нешто нормално, и при сето тоа изразите големо восхитување. Но, тој нема да се налути и ако раскажете колку е глупав затоа што заборавил да си ја измие својата чинија. Можно е дури и да отиде да си ја измие чинијата. И само Стрелецот е во состојба да слуша прикаски за секакви глупости, вклучително и за тоа каква анегдота Ви раскажала пријателката и што сте &  одговориле.

Кога да молчам?

Единственото што Стрелецот не е во можност да го поднесува е систематски да му досадувате. Во тоа влегуваат постојаните забелешки за ситници (зашто не кажал “благодарам” при станување од масата); обидите да го потчините неговиот живот на определени стереотипи (не заборавај да си ги испиеш витамините после јадење); детално испрашување за несуштествени нешта (каде беше од осум до единаесет?”) и ситни споредби од кој било вид (јас ти ѕвонам двапати повеќе отколку ти мене).

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Јарец

Кога да зборувам?

Јарецот одлично ги разбира укажувањата. Уште повеќе, таквиот начин на изнесување на информација за него е најприфатлив, бидејќи според неговата претстава тој го знае сето она што му е неопходно. Незнаењето на нешто ќе го повреди неговото самољубие. Впрочем тој не е во состојба да се спротивстави ниту на восхитот, солзите, воздишките и сличните сентименти. Сето тоа е во состојба да го стопи мразот на неговата воздржаност, и да го сопре за да обрне внимание на Вашите зборови.

Кога да молчам?

За да го извадите Јарецот од такт и да се спротивставите на неговата желба да разговара со Вас, почнете да зборувате за нештата што Вие лично ги имате. Или обидете се да го научите да живее и говорете му за морал. Или пак едноставно приговорете му: “Ти повторно си зафатен, јас сум последната дупка на кавалот за тебе”.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Водолија

Кога да зборувам?

Покрај целата надворешна независност, Водолијата има потреба од Вашата иницијативност, сака да го каните на разговор и да го определувате тонот на разговорот. Неговиот идеал е личноста што сака да ризикува и се почитува себеси – “човекот-театар”: “Сам играм, сам пеам, сам се шегувам, сам се смеам”. Со такви луѓе тој одеднаш оживува и на лицето веднаш му светнува насмевка, веднаш се вклучува во играта. Освен тоа, тој, слично на Терезијата, може да се однесува позитивно кон директните укажувања што треба да прави и што треба да мисли (подобро е, се разбира, ако му ги изнесувате укажувањата кокетно и шеговито). Но, тој ќе ја игра таа игра додека му е интересна. Водолиите сакаат луѓето да ги забавуваат.

Кога да молчам?

Ако не Ви е во план растурање на односот со Водолијата, погрижете се да избегнувате натурање со страсти, прекори, да го обвинувате за направените гревови. Тој нема да се засрами ако му истакнете колку е голема разликата помеѓу неговите зборови и дела. Тој тешко дека ќе има разбирање за Вашите нервози поради неговото лошо поведение. Водолијата ќе ги сфати Вашите зборови како обид да го ставите под контрола (нешто од што тој се плаши најмногу на овој свет). Во најдобриот случај, тој ќе одговори со зборовите: “Со кој си, таков си!”, а во најлош случај ќе избега.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Риби

Кога да зборувам?

Во претставата на Рибите, идеалната жена зборува малку, тивко и убаво. Пред с# – со стихови и за возвишеното. Најдобро: со стихови и за возвишени нешта. Кога зборува за прозата во животот, тоа  го прави со волшебен глас. Нејзините манири секогаш се меки и интелегентни. А небесниот идеал на тој знак, се разбира, воопшто нема потреба од зборови за да комуницира. Идеалот едноставно знае с#…

Кога да молчам?

Зборлести Риби (во целосна спротивност на името на овој знак) се среќаваат доста често. Но, ниту еден маж од овој знак не може да поднесува брборки крај себе. Особено ако наместо воздишки, тие испуштаат нелогични фрази, дијалектни зборови или едноставно речено баналности, коишто ги претвораат облаците на неговиот розово-виолетов свет во картонски декорации со сомнителна уметничка вредност. Рибите се многу трпеливи и можат многу да поднесуваат, но не и силен говор без паузи, при кој содржината на кажаното нема никакво значење.

Подетално за вашиот хороскоп можете да се информирате во редакцијата на “ХОРОСКОП”, каде се изработуваат детални хороскопи, хороскопи со предвидување.
контат. тел 078 215 911
ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ
НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.200 денари
СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари
КОМПЛЕТНИ –
НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)
НА 30-ина СТРАНИ – 2.000 денари

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20