Дали САД е пред граѓанска војна (видео)? Во вашингтон воведен полицијски час….Конгресот ја прекинал седницата….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Порталот:
излезе со наслов:
„Од минута во минута: Во Вашингтон е воведен полициски час поради обидот да се влезе во Конгресот“
Еве го текстот во целост:
Американскиот конгрес одржува седница на која треба да ги потврди резултатите од Изборниот колеџ и претседателските избори, како и победата на Џо Бајден.
Поддржувачите на Доналд Трамп, кој ја оспорува регуларноста на изборите, се собраа во Вашингтон и се обидоа да влезат во Конгресот, поради што беше воведен полициски час во главниот град на САД.
Заедничката седница на Претставничкиот дом и Сенатот, двата дома на американскиот Конгрес, е последната шанса Доналд Трамп да ги оспори изборите, за кои тврди дека биле нерегуларни.
На дневен ред е резултатот на Изборниот колеџ, кој додели 306 гласа на Бајден и 232 на Трамп.
Голем број приврзаници на Трамп се собраа во Вашингтон и се обидоа да упаднат во зградата на Конгресот.
Полицијата употреби солзавец, а седницата беше прекината.
Вжештената ситуација во Вашингтон пред конгресот може да птрерасне во оружан конфликт, со големи последици, да предизвика граѓанска војна во САД.
Некои медијууми јавуваат дека е погодена убиена една жена.
Треба да се почека, ден до два за да може во целост ситуацијата да се анализира, какви последици може да донесе.
Федерална полиција е повикана во помош, Демонстраите влегле во председателскиот кабинет