Изреалскиот експерт Кедми тврди: САД повеќе не ќе може да започнува војни низ светот, Русија е пречката….

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Изреалскиот експерт тврди дека воено Русија ја надмина САД.

            Причина з ова изреалскиот експерт го наведува економскиот колапс кој го доживува САД последните неколку години до сега.

            Голем екномски удар им донел „корона вирусот“.

            Мислев да го анализирам тектосот на порталот:

но немаше потреба.

            Порталот излезе со наслов:

„Шокантни тврдења на израелскиот експерт: Америка нема да може повеќе да започне војна никаде поради воената моќ на Русија“

            Еве го текстот во целост:

Соединетите држави веќе не можат да започнат војна во странство поради зајакнување на руската воена моќ, а сценарио како методичното уништување на Југославија веќе не е можно, изјави израелскиот воено-политички експерт Јаков Кедми за радиостаницата „Вести ФМ“.

„Она што Американците и Европејците го направија со Југославија во денешната светска ситуација е невозможно. „Заради Русија“, рече Кедми.

Според него, Америка е навикната да започнува „мали победнички војни“ со цел да реши некои внатрешни проблеми.

Сепак, сега ваквото сценарио е невозможно, објаснува експертот.

Америка не е подготвена за војна. Како што рече, модерната војна бара големи суми пари, а САД се соочуваат со тешкотии уште од почетокот на пандемијата на вирусот корона, што го поткопа американскиот финансиски систем.

Сепак, плановите на Пентагон се силно нарушени и од воената моќ на Русија.

Кедми посочува дека САД ќе мора да се судрат со Русија во секој дел од светот каде што потенцијално би можеле да започнат војна.

„Американските војници знаат дека Украина значи војна со Русија, Сирија – војна со Русија, Венецуела – војна со Русија.

„Тие не можат да започнат војна денес, бидејќи тука е Русија“, објасни експертот.

Според него, Америка ја доживува најголемата конфронтација од времето на Граѓанската војна, а причината се економските и социјалните противречности меѓу населението.

Кедми посочува дека главната причина не е во промената на власта и политичките ориентации на граѓаните, туку дека тоа се симптоми на тешкотии што постојат веќе подолго време.

Сепак, ако добро се анализира тврдењата на изреалскиот експерт, воената немоќ и економскиот колапс на САД ќе го убрзат распадот на НАТО.

Распадот на НАТО го убрза и „корона вирусот“, од кој САД ќе извлече подебелиот крај.

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20