Русија го најде решението! Ја исфрлува на пазар и третата вакцина, наменета за деца и хронично болните…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Руската амбасада во Македонија, лоцирана во Скопје, објави информација за нова руска вакцина.
Во својата информација Руската амбаса кажува дека се работи за третта руска вакцина, која се разликува од предходните две.
Третта вакцина е намената за деца и хронично болните лица.
Ова зборува дека со треттата вакцина за сите категории на граѓани имаат посебно, безбедни вакцини.
Лично и препорачувам на владата да се набават, засега најбезбедни вакцини – руски вакцини, кои имаат вакцини са секоја група на граѓани.
Еве го тексто на информацијата на Руската амабасада во Скопје:
Русија е на прагот на регистрација на третата вакцина против COVID-19.
Вакцината е разработена од Федералниот научен центар за истражување и разработка на имунобиолошки препарати „П.М. Чумаков“ од Москва.
Производството се очекува да започне во февруари.
Главна карактеристика на вакцината е тоа што таа не е произведена од определени антигени од коронавирусот, туку од цел инактивиран вирус, така што обезбедува комплетен сет на сите антигени на вирусот, што пак дава комплетен сет на сите антитела .
Создавајќи три различни вакцини против COVID-19 – првата вакцина во светот „Спутник V“ (која е векторска), „ЕпиВакКорона“ (која по состав е хемиски синтетизирани пептидни антигени) и третата, на Центарот „Чумаков“, Русија е единствена земја во светот која што разработи три ефективни вакцини против коронавирусот.
Руските научници, повторно направија огромен чекор, бидејќи создадоа три единствени вакцини по својот состав, кои што меѓу себе не се повторуваат.
Тоа ќе овозможи со вакцинација да биде опфатена секоја категорија од популацијата.
Се очекува дека вакцината на Центарот „Чумаков“ ќе може да се користи за вакцинирање на деца и луѓе со хронични заболувања.