Каракачанов да не е „реинкарнација“ на Гоце Делчев? Красимир Каракачанов на 4-ти мај, на денот на убиствоито на Гоце Делчев е избран за министер за одбрана на Бугарија….
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Се прашувам, зошто македонските медиуми му обрнуваат толкаво внимание на министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов?
Големиот блгарин, инаку влав од Русе, Красимир Каракачанов, повеќе е од трагикомичен.
Ќе го разберев да се бори за влашки права, на влашкото малцинство во Бугарија, а тој самиот се отркажува од своето потекло и народ.
Само да го подсетам, желбата на Гоце Делчев беше да почива во слободна Македонија, каде и во моментот почива во црквата Св. Спас во Скопје.
Гоцевите мошти беа пренесени во Македонија по втората светска војна, од Софија во Скопје.
Со ова се исполни неговата желба да почива во слободна Македонија (делумно слободна само вардарскиот дел).
Ни сакал само едно прашање да му поставам на Каракачанов, да ми го протолкува името на неговата партија ВМРО БНД?
Првите 4-ти букви се Внатрешно Македонска ревулуционартна Организација.
Вторите 3-ри бикви се. Блгарско Национално Достоиинство.
Кога ќе спојат првите 4-ри и вторите 3-ри букви се доаѓа до заклучок дека ВМРО се борел за да имат деенес бугарите „национално доистоинство“.
Веројарно до тогаш му палеле свеќи само ханот Аспарухов.
Интересно е г-дине Красимир Каракачанов, станавте министер за одбран а на Бугарија точно на 4-ти мај 2017 година, на денот кога е ликвидиран од соборците Гоце Делчев.
Како личност што ја истражува параспсхилогијата од 1983 година, се запрашав, да не сте случајно „реинкарнаија на Гоце Делчев, како лидер на ВМРО БНД?