Историска лекција:

ПРОРОШТВОТО ЈА СПАСИ РУСИЈА ОД ЧУМА

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Царот Алексеј Михајлович му поверувал на д-р Андреас Енгелхард и спровел тотално ембарго кон Западна Европа, со што го спречил ширењето на подмолната болест.

Смртоносниот поход на чумата во Лондон во 1665 година донел страв и ужас во тогашна Европа.

Од тие настани наоѓаме одраз во литературните творби и слики.

Интересно е дека пред тоа да се случи се, јавило пророштвото за нејзината појава и ги предупредило тогашните европски владетели.

Вообразеноста и презривото отфрлање на пророштвото од редица монарси подоцна ги чинело не само нивните животи, туку и на голем дел од народот.

Единствено рускиот цар Алексеј Михајлович го послушал претскажувањето на својот научник и лекар Андреас Енгелхард да не прима гости од странство и да не тргува со прехранбени стоки од Европа, посебно не од Англија.

Знакот за идните несреќи познатиот саксонски астролог видел во појавата на комета во декември 1664 година.

Во двете свои писма до царот Енгелхард ги предвидел мирното зближување помеѓу Полска и Русија и скорешната смрт на полскиот крал.

Според небесниот знак претскажал страшна болест која ќе покоси толпи од народ.

За идната несреќа сведочеле неповолната позиција на планетите Марс – Сатурн – Земја, несвојствената промена на сезоните и земјотресите.

И навистина пророштвата направени половина година порано, се случиле како на меѓународен план, така и по однос на епидемијата на чумата.

Страшната болест го започнала својот поход од Холандија во пролетта 1665 година, ја опфатила Англија и Германија и стигнала до Дубровник.

Единствено Русија останала незасегната од страшната болест, благодарение на царскиот указ за недопуштање на луѓе и стока од Европа.

Дури по минувањето на бранот на чумата царот Алексеј ги оставил затворени границите на државата се до летото 1666 година.

Слично на Нострадамус, Енгелхард бил не само одличен астролог, туку и вешт медицинар.

Бил роден во Саксонија, а животот го завршил како семеен лекар, политички советник и астролог на рускиот цар.

Како следбеник на римската Галенова медицинска школа Енгелхард го посоветувал царот неговите ближни и сите Руси да не ја заборават добрата традиција на својата трпеза да го стават лукот како храна и лек.

Истовремено како воспитаник на својата епоха тој ги прифатил погледите на италијанскиот научник Франческо Гунтини дека “без астрологијата лекарот е како слеп и никој нема да му поверува”.

Таа нова метода во науката во 17-от век е познато како “лекувачка астрологија”. Повеќето европски лекари дури ги усогласувале операциите и пуштањето крв зависно од годишната сезона и влијанието на Месечината.

Врз основа на древните познавања на Халдејците, Персијците, Римјаните, Арапите, Грците и др. се создала нова медицинска школа која ги следела движењата на ѕвездите и планетите како фактори на дејствување врз организмот и индикатори на биолошките циклуси.

Не знам, дали денешните лекари, кои јја полагаат „ХИПОКРАТОВАТА ЗАКЛЕТВА“,коку им е позната еговата изјава:

„Лекар што не ја познава астрологијата е прав бивол“!

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20