ЛИЧИМЕ НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ

ПО КАРЕКТЕР И БОЛЕСТИ

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Често велиме – во прашање се гени, но сличноста меѓу родителите и децата е резултат покрај на влијанието на гените воедно и на длабокота духовна поврзаност.

Сепак, децата не личат целосно на своите родители, а астрологијата си дозволува да даде одговор зошто е тоа така и што придонесува за истото?

Информацијата која што дава објаснување се содржи во знакот на зодијакот, во кој се родени родителите или барем едниот од нив.

Познато е дека секој зодијачки знак управува со определени органи кај човекот.

На пример: Овенот со главата, Стрелецот со црниот дроб, Близнаците со белите дробови и рацете. Тие всушност се нивните најчувствителни органи. Но кај Овенот не страда само главата, а кај Стрелецот само црниот дроб.

Врската на секој еден од нас со неговите родители ги предодредува и нашите заболувања. Токму таа информација онаа што се содржи во знакот на родителите. Зодијачкиот знак се определува во зависност од положбата на Сонцето во зодијачкиот круг во моментот на раѓање.

Соединети двете сонца на родителите го раѓаат трето …Според законот на природата третото сонце – детето , не може истовремено да личи на двајцата родители.

Детето може да ги добие сите својства од родителите или пак само едно. Ако родителите се родени во исти знак, на пример Близнаци, детето ќе биде работливо и комуникативно, ќе биде надарено за нешто и нема да биде особено практично. Ќе биде предодредено кон заболувања на белите дробови.

АКО ЕДНИОТ ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА ОВЕН

Детето ќе има болести поврзани со главата. По пририда ќе биде силно и ќе сака да биде прво во секој поглед. Благородно и со силни страсти.

АКО ЕДНИОТ ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА БИК

Детето ќе страда од грло или штитната жлезда. Ќе ги сака убавото и љубовта, ќе биде добар домаќин и родител. Посебно кај Бикот, ако и двата родители се родени во овој знак е тоа што постои опасност детето да ги добие сите негативни својства од двајцата. Зошто е тоа така – не се знае, но астрологијата никогаш не греши.

АКО ЕДНИОТ ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА РАК

Детето ќе ги наследи емоционалноста и фантазијата, може да биде наклонето кон заболувања на стомакот, но затоа пак силно ќе го сака семејството, кое пак нама да му пречи да стане голем љубовник.

АКО ЕДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА ЛАВ

Детето ќе ги добие следниве карактеристики: личност способна да твори и дејствува, ќе се стреми кон убав живот, ќе добие великодушност и примеси на властољубие. Тоа ќе треба да се пази од заболувања на срцето.

АКО ЕДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА ДЕВИЦА

Тоа значи дека детето ќе ги сака редот и дисциплината и ќе го следи своето мислање, без да им обрне многу внимание на мислењата на другите околу него. Ќе има големи амбиции за кои постои опасност да станат и болни. Тој како човек секогаш ќе излегува чист од ситуациите, зашто во својата душќе носи необјаснива привлечност. Кај него може да страдаат цревата и стомакот, а често и психата.

АКО ЕДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА ТЕРЕЗИЈА

Детето може да наследи дипломатичност и со тек на времето ќе разбере дека во него живеат две личности. Терезиите управуваат со бубрезите и уринарниот систем и затоа токму тие органи се подложни на заболувања.

АКО ЕДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА СКОРПИЈА

Посоти можност детето да открие кај себе интерес кон мистицизмот, но повеќе е возможно да стане егоист и исклучителен материјалист. Треба да внимава на половите органи, зашто скорпијата управува токму со нив.

АКО ЕДЕН ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА СТРЕЛЕЦ

Детето ќе ги сака патувањата, ќе сака да филозофира,нема да биде особено суетно, ќе ги претпочита духовниот свет и љубовта над сè. Треба да внимава на здравјето на црниот дроб.

АКО ЕДНИОТ ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА ЈАРЕЦ

Детето ќе биде способно да исполнува секакви задачи, при тоа придружник ќе им биде духовната сила, но постои опасност од психички застранувања или наследен порок. Треба да внимаваат на коскениот систем, а особено на рбетниот столб.

АКО ЕДНИОТ РОДИТЕЛ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА ВОДОЛИЈА

Детето ќе биде отворено кон нестандното, чудното и новото, ќе биде човек кој сака да ги искуси нештата. Осетливи ќе му бидат срцевите садови со кои владее Водолијата.

АКО ЕДНИОТ ОД РОДИТЕЛИТЕ Е РОДЕН ВО ЗНАКОТ НА РИБИ

Детето ќе мечтае, длабоко ќе го преживува сето она што ќе се случува со него ќе, силно ќе биде приврзано кон едниот и никогаш кон двата родитела. Кај него чувствителни ќе бидат стапалата и лимфниот систем.

Карактеристиките наследени од родителите не се стекнуваат во текот на животот, туку детето се раѓа со нив. Присетете се на зодијачките знаци на вашите родители и споредете ги со вашиот сопствен карактер и болести, несомнено соодносот за којшто читавте погоре, ќе се потврди. Можеби родителските црти не се така силни кај вас, но сепак се значителен дел од вашиот карактер. Ако откриете негативни црти во карактерот и вашите болести, правете се што е возможно да ги избегнете.

Душата на родителите е во вас, со сето добро и зло, нежност и преданост, здравје и болест, страв или хероизам….се она што таа носела во себе.

Тоа е нивниот завет за нас и ние треба да се трудиме недостатоците да ги пратвораме во позитивни каркатеристики.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1.500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

контат. тел 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20