СРЕЌНА ТИ СЛАВА СВЕТИ ИЛИЈА,

МОЕО РОДНО СЕЛО ЗРНОВЦИ –

ПО СЕЛСКАТА СЛАВА КУМОТ МЕ КРСТЕШЕ!

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Драги пријатели, овој текст нема да е новинарски аналитички, го посветувам на моето родно село Зрновци, денес општина Зрновци. Денес на 2-ри август моето село Зрновци има селска слава – традицинално го слави Илинден, потично Св, Илија. Кумот ми кажуваше, дека ме крстел по слекста слава, за да моите во ист ден имаат поголемо славење, селската слава и мојот именден. Би сакал, да ви пренесан нешто од Историјата на моето село Зрновци, кое нема да го најдете на интернет, а ми го раскужуваше баба ми Стојанка, мајка на мајка ми Славка. Баба ми Стојанка не е Зрновјанка, родена е во село Бели, кочанско село, воинствено село, бунтовничко, кое единствено успеало да не влезе во селските задруги, кои беа формирани по втората светска војна. Потекнува од поповска фамилија – познати како поповци. Баба ми Стојанка ми кажуваше, дека за време на турско, турците исклале 14 машки глави од нејзината фамилија, само нејзиното братче дедо Нисо Поповски го оставиле, бидејќи бил во колевка. За моето село, ми раскажуваше дека за времето на втората светска војна, прво германските, потоа и бугарските окупатори ретко влегувале во селото – бидејќи селото е во поодножието на планината Плачковица, која била полна со партизани. Секогаш велеше, бугарите се плашеле, зборувале не одете во Зрновци „таму се шумкарите – партизаните“. Дедо ми Стојан, татко на мајка мии, бил учесник во партизанските редови. Моите соселани се големи македонци, бунтовничко село, една од редките општини каде ВМРО ДПМНЕ има свој градоначалник. За жал во моето село, малку живеав, до мојата 8 година 1969 година. Потоа,  во 1976 се вратив од какј таткоми во Титово Ужице, каде беше преженет (не е србин велешанец – роден во Крајници, дојден во Велес меѓу дсвете свестски војни, кога дедо ми Славе Бошков од Крајници се доселил на Којник во Велес). Инаку дедо ми Славе Бошков, татко на татко ми е, баба ми е Викторија (по која сестра ми доби име) мајка на татко ми, се од фамилијата Бошкови – комитска фамилија. Со текстот ви го постирам грбот на моето село, две фотки од моето село, мои фотки како дете во Зрновци, со моите родители и сестра ми.

           Драги пријатели ви посакувам среќни илинденски празници, на моите соселани среќна и вечна слава!  

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20