Вреди да се препрочита: Европа си го стави јажето околу вратот…. Текстот е објавен на 14-ти мај 2014 година на мојот фејсбук профил..

ХОТОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Вечерашната вест, дека Русија и Кина во текот на наредната недела ќе потпишат договор за снадбување на Кина со руски гас, во наредните 30 години, Европа и Америка добија голема шлаканица.

Самиот факт дека за ова преговарале десетина години, а минатата година потпишале меморандум на договорот, зборува дека Русија и Путин беа подготвени за настаните што се случуваат во Украина и на светската политичка сцена.

За немоќта на Европа зборува и изјавата на Меркел дека не можат да и воведат санкции на Русија, а се гледа дека за тоа е немоќна и Америка, воведувајќи им санкции на одредени граѓани и фирми.

Делува премногу трагикомично.

За настаните што се случуваат на светската политичка сцена, побарав одговор во говорот на планетите. Бев пријатно изненаден кога на интернет ги најдов податоците за Путин, неговата натална карта.

Успеав да ги најдам и податоците за НАТО, наталната карта на НАТО.

Сликата која ја создаде говорот на планетите ги отсликува моменталните настани, немоќта на НАТО во последните неколку години.

Путин владее со светот……..

Владимир Путин роден е на 7 октомври 1952 година во 9 часот и 30 минути, во Ст. Петерсбург. Се обидов неговата натална карта да ја погледнам преку Пласидус системот, но не ми даде јасна слика. Случајноста што ја најдов неговата натална карта, изработена по системот на еднакви куќи (секоја куќа како и секој знак по 30 степени) ме оставија вчудоневиден, повторно говорот на планетите ја даде вистинската слика, сликата за Путин.

Веројатно се прашувате зошто останав вчудоневиден?

Говорот на планетите во неговата натална карта зборуваше дека пред мене е слика на владетелот на светот, не само на Русија.

Светкската историја памети 3 големи војсководци: Александар Македонски, Наполен Бонапарта и Адолф Хитлер.

За разлика од овие 3 големи војсководци Путин успеа без испукан куршум или пролеана крв на сопствениот народ да завладее со светот.

Путин е роден во знакот на Терезија со подзнак во Скорпија. Сонцето му се наоѓа во 12 куќа (потсвест, институции, таинствени организации), а владетел на неговата 10 куќа (кариера, врв на животот, врвни дострели.

Веднаш се доби слика за градење на неговата кариера, како дел од КГБ во Источна Германија.

Врвот на неговата кариера доѓањето на власт не се случи по регуларен пат, со избори.

На ово укажува Сонцето во 12 куќа.

Добро е познато дека Елцин (неговото заминување од власт без избори го предвидов во “Македонско Сонце” во бр 37 од 3 март 1995 година, каде го предвидов и атентатот на Глигоров, во истиот текст) го назначи Путин и замина од власт, потоа Путин и неговата администрација ги организираа изборите, кои убедливо ги доби.

Владетелот на неговата прва куќа Марс (Марс владее со Овен и Скорпија) се наоѓа во неговата втора куќа (пари, материјални работи) во Стрелец.

Марс во Стрелец дава силна енергија, спортски дух.

Во втората куќа зборува дека својата моќ и власт ќе ги покаже преку парите и материјалните работи.

Ваквата положба на Марс, како председател или владетел на Русија успеа Русија да ја поврати и постави на пиедесталот на богати држави.

Имаат најголеми резерви на гас и нафта.

Европа не е зависна од арапската нафта или гас, туку од руската, за разлика од Амеркика која е зависна од арапската нафта.

Од тие причини се случи Ирак и непотребниот Авганистан, кој им донесе економски колапс.

Сонцето во 12 куќа зборува дека Путин постојано има маска на своето лице, никогаш не го покажува вистинското лице, ниту ги најувува наредните потези.

Работи во сенка и темелно, не бира срества кога сака да постигне цел. За ова зборува Чеченија, драмата со заложниците, каде ги згази киднаперите и Чеченија.

По неговите први мандати како председател, го поддржа Медведев (иако како пример Путин беше вистинскиот владетел), за да потоа повторно се врати на председателската функција, на која веројатно ќе и престојат 2 мандати.

Ова зборува дека до крајот на животот ќе владее со Русија и светот. Точно е дека во овој период ретроградниот (повратен, неповолен од) Марс поминува низ неговата 12 куќа и во коњукција со неговото натално Сонце.

Тоа во моментот му создава силни и таинствени непријатели, но и влечење на потези од позадина, влечење на конците, на играта како во куклен театар.

Со директниот од на Марс особено од август ќе донесе вистински лик на неговата доминацвија на Светската сцена, како некрунисан владетел на светот.

За разлика од Путин Обама поминува низ многу тежок период. Кај него ретроградниот Марс е во неговата осма куќа (блокади, пречки, смрт) и е во секстил со неговото натално Сонце од 6 куќа (работа, здравје).

Ова зборува дека Обама треба да обрне големо внимание на безбедноста, особено до август. Ретроградниот и директниот од на ретроградниот Марс низ неговата 8 куќа до август може да му донесе насилно заминување од власт.

Треба да обрне внимание на соработниците, на оние што го опкружуваат.

Нелогично ми беше излегувањето на Мишел Обама на пресс наместо Обама, што е единствен случај во Американскатата историја.

За моќта на Путин зборува вселенската војна која ја добија, а америнкациите патуваат со нивни ракети на светската свемирска станица.

Сирија е вториот пример.

Со упатувањето на Руските трупи НАТО и америнкациите се повлекоа.

НАТО пактот, на чело со Америнкаците е формиран на 24 август 1949 во 11 часот и 42 минути. Веднаш се забелужува дека е во знакот Девица со подзнак во Скорпија, на 2 степен од Скорпија, а подзнакот на Путин е на 3 степен од Скорпија.

Владетелот на првата куќа Марс се наоѓа во деветта куќа (странство) во Рак, што зборува за неговата составеност од повеќе земји и народи.

Од 2 март кога Марс тргна ретроградно поминува низ неговата 12 куќа и единаесетта куќа, што зборува за недостаток на енергија и губење на влијателни пријатели, недостаток на поддршка од пријателите.

Со диретктниот од на Марс, кој во текот на јуни, јули и делумно август може да донесе на НАТО недостаток на енергија, голема немоќ.

Се прашувам да ли има таинствен договор помеѓу Путин и Меркел, бидејќи немоќта на НАТО и Америка, Германија ќе ја ослободи од долгогодишната зависнот од Америка, од постојаното полгање на сметките пред Америка.

Не е исклучено Германија повторно да ја воведе марката што би довело до колапс на Европската Унија и еврото, до нејзина доминација во Европа.

Во ваква поставеност на планетите и настаните кои се случуваат на свестката политичка сцена се прашувам колку е добро влегување на Македонија во НАТО пактот, па и во Европската Унија.

Безбедноста на Македонија во овој момент може да ја гарнтира само една земја и еден политичар, Русија и Путин.

Најдобри односи и барање поддршка треба да се направи преку Германија и Русија.

Ако сте заинтересирани каков е периодот за вас, можете да се информирате во редакцијата на списанието ХОРОСКОП. каде се иработуваат детални хороскопи.

ИЗРАБОТКА НА ХОРОСКОПИ

НАТАЛНИ, НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1500 денари

СОЛАРНИ. НА ДЕСЕТИНА СТРАНИ – 1500 денари

СПОРЕДБЕНИ НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

КОМПЛЕТНИ –

НАТАЛЕН И СОЛАРЕН (СО ПРЕДВИДУВАЊЕ)

НА 30-ина СТРАНИ – 2. 500 денари

контат. тел 078 215 911

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20