ЕКСПЕРИМЕНТИТЕ НА ВАТИКАН – ВОСПОСТУВАЊЕ ВРСКИ СО УМРЕНИТЕ…
ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ
Пишува: Илија Бошков – Крајнички
Двајца католички свештеници, поддржани од Папата Пиј ЏИИ, се обиделе да воспостават контакти со упокоените души и да го докажат постоењето на „оној” свет.
Уште Томас Едисон работел врз контактот со мртвите и изработил соодветен апарат. Но, неговите експерименти не довеле до значаен напредок. Едисон не успеал да улови јасни гласови, туку само општ, неразбирлив фон.
Доста подоцна, Фридрих Јургенсон снимал гласови на птици во својата градина, но при преслушнувањето на лентата јасно чул глас, кој го извикал неговото име. Тој глас припаѓал на неговата мајка. Поздравите од “оној свет” го потресле и тој до својата смрт преку технички средства разговарал со луѓе коишто го напуштиле овој живот.
КОНТАКТОТ Е СОСЕМА ВОЗМОЖЕН
Денес постојат стотици групи и определени истражувачи кои работат на воспоставување на контакт со Отадното. Тие се цврсто убедени дека контактот е сосема возможен.
После Јургенсен се користени не само магнетофони, туку и радиопредаватели и радиоантени.
Експериментите не се сложени и привлекуваат многу љубители кои очекуваат да чујат зборови, фрагменти од фрази и цели говори искажани од одамна починати луѓе.
Највпечатливи се резултатите на психологот Константин Раудив.
Седум години пред Раудив двајца свештеници изработиле апарат за поврзување со душите на починатите.
Папата Пиј ЏИИ ја благословува работата на отците Алфредо Пелегрино и Агостино Џемели.
Тоа се случило во 50-те години на 20-от век, кога активностите на свештеник во таа насока излегувала од рамките на однесување прифатливо од Црквата.
Затоа и покрај личната поддршката од папата, двајцата свештеници се принудени да работат со тесен круг соработници и да не ги објавуваат успесите на тој план.
КАДРИ ОД МИНАТОТО И ИДНИНАТА
Пелегрино и Џемели ги продолжуваат парапсихолошките опити и јавноста не знае ништо посебно за тоа.
Во 1986 година отец Ернети раскажува за нив на конгресот во Рива де Гард.
“Присуствував кога отец Џемели успешно ги запишуваше гласовите на починатите на магнетофонска лента. Ние постојано за тоа го информиравме папата” – објаснува Ернети.
Двајцата потврдуваат дека го забележале гласот на починатиот татко на Џемели.
Папата ги одобрувал експериментите и живо се интересирал за нив.
Се знае дека отец Ернети направил апарат наречен “хроновизор” врз чиј екран биле проектирани кадри од минатото и иднината.
Што точно видел Ернети со хроновизорот останува тајна, но се зборува дека една мала група има достап до апаратот и дека има многу јасен увид во она за коешто човештвото само нагаѓа.