НАТО вежбата во Бугарија за подсмев (видео)! Дали Бугарија ќе го растура НАТО како Варшавскиот пакт и Хитлеровата коолиција!?

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Пишува: Илија Бошков – Крајнички

Бугарија од НАТО вежбата во Бугарија направи бурлеска.

            Не можев, да не се насмејам подолго време, гледајќи го видеото кое ви го постирам.

            Се запрашав, кој ги исмејал војниците на САД, Италија, нормално и бугарските, во воената вежба во Бугарија.

            НАТО војниците требале да направат десант на напуштен аеродром, место тоа влегле во локална фабрика и ги преплашиле работниците.

            Вежбата веројатно ја прогласиле за „успешна“.

            Не е исклучено да ја предводел нивниот „воен“ министер Красимир Каракачанов.

            Не случајно старите рекле:

„Ако не знаеш на кој сојуз да се приклучиш, оди во спротивниот од Бугарија!“

            Бугарија беше дел од воената колиција со Австроунгарија, Автроунгарија ја изгуби војната и се распадна како држава.

            Во втората светска војна беа во колиција со Хитлер, Хитлер ја изгуби војната, а Германија беше поделена на источна и западна.

            По втората светска војна беа дел од Варшавскот пакт на чело со СССР. Варшавскиот пакт се распадна, како и СССР.

            Се гледа дека со ова вежба на НАТО во Бугарија традицијата продолжува.

Може да се очекува брз распад на НАТО, како и на ЕУ, а не исклучено и на САД како носечка земја на НАТО…

Мжно е да се повтори историјата со Варшавскиот пакт и СССР!

Погледнете го внимателно видеото:

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20