Парапсхилошки истражувања: Патот за Шамбала – Хитлер и окултизмот…

ХОРОСКОП КРАЈНИЧКИ

Подготвил: Илија Бошков – Крајнички

Што барал Хитлер во Тибет?

Петнаесет години, по лична заповед на Фирерот, експедиции на “СС” ја барале во Тибет легендарната Шамбала.

Материјалите од тие експедиции (и од оние што станале воени трофеи на сојузниците од антихитлеровскатата коалиција, и оние што се чувале во Германија, до овој миг не се дообјаснети.

Владите на Германија, Велика Британија и САД објавија дека планираат да ги откријат скриените досиеја дури во текот на 2044 година – т.е. сто години после спроведувањето на експедицијата.

Тибетските тајни на Хаусхофер

Водачите на третиот рајх посветиле посебно внимание на изучувањето на окултната практика на Истокот.

Адолф Хитлер и неговиот најблизок истомисленик се нарекувале ученици на професорот од Минхенскиот универзитет Карл Хаусхофер.

Тој бил прекрасна, несекојдневна личност. Во почетокот на дваесетиот век тој станал воено аташе на Германија во Јапонија.

Таму Хаусхофер бил воведен во редот на “Зелениот змеј”, а потоа се посветил на специјална подготовка во манастирите на тибетскиот главен град Ласа.

Во годините на Првата светска војна, Хаусхофер брзо изградил воена кариера, станувајќи еден од најмладите генерали на Вермахтот.

Неговите колеги биле вчудовидени од неговата зачудувачка способност за предвидување при планирањето и анализата на воените операции.

Сите биле уверени дека генералот има јасновидски способности и дека тоа е резултат на изучувањето на окултната практика на Истокот.

Имено, Карл Хаусхофер на само што ги запознал Хитлер и Хес со мистичните тајни, туку и ги открил за нацистите вратите на хималајските манастири и древната религија Бон-по (што, во превод, значи “црн пат”), која што во текот на стотици години не примала Европејци.

Под влијание на Хаусхофер, во практиката на Црниот орден на СС биле всадени ритуали од тибетскиот окултизам, поврзани пред се со психофизичкиот тренинг од системот на тибетската јога.

Нацистичката симболика, вклучувајќи ја и свастиката, исто така во Хитлерова Германија дошла од Тибет преку Хаусхофер.

Во тоа време, некои од манастирите на Бон-по изјавиле желба да ги искористат интересите на западните политичари за свои цели.

Еден од најмрачните обреди што се извршуваат до ден-денес од страна на жреците на Бон-по е ритуалното убиство.

Духот на загинатиот се преселува во специјално за таа цел направена мала фигура.

Таа му се предавала на непријателот, кој ништо и не претпоставувал, и тој ја носел со себе си.

Духот на жртвуваниот човек не можел да најде спокојство и му создавал неволји на сопственикот на фигурата, предизвикувајќи во него неизлечливи болести и мачна смрт.

Во почетокот на 1920-тите години во Берлин се појавил чуден тибетски монах, наречен во тесните кругови околу врвот, “човекот со зелените нараквици”.

Тој, на сеопшто чудење, трипати преку печатот ги обелоденил имињата на нацистичките кандидати што ќе бидат избрани во Рајхстагот.

Тој станал познат и во вишите нацистички кругови, и редовно бил приман од Хитлер.

Велеле дека тој источен маг ги има клучевите за вратите во царството на Аграта (таен центар во Хималаите, опишувано и како засолниште на “Вишите” на Земјата, поврзани со надземните сили преку астролошкиот прозорец.

Подоцна, кога нацистите дошле на власт, Хитлер и Химлер не донесувале ниту една сериозна политичка или воена одлука без да се консултираат со тибетскиот аскет.

А, еве и еден интересен факт: не е познато дали тоа било вистинското име, или само псевдоним на загадочниот Индус, но него го нарекувале “Фирер”.

Засилување на мистичните врски

Во текот на 1926 година во Берлин и во Минхен се создале колонии од Тибетци и Индуси припадници на Бон-по, а во Тибет било основано друштво на “Зелените браќа”, сродно на окултното друштво “Туле” во Германија.

Нацистите воспоставиле тесни врски и со тибетските Лами.

За исполнување на својата мистична мисија, Хитлер се надевал на помошта од вишите сили.

Сојузот Бон – по и фашизмот станал многу цврст, бидејќи илјада тибетски лами доброволно почнале да помагаат во гаснењето на пламенот на нацистичкиот Рајх, за да запрат напредувањата кон Берлин на советските војски.

Во почетокот на мај 1945 година, за време на нападите на Берлин, советските војници нашле меѓу труповите на фашистите околу илјада изгорени човечки тела.

По се изгледало дека бил извршен чин на самоспалување.

При деталното испитување на труповите станало јасно дека самоизгорените биле живи кога се запалиле и дека биле претставници на индо-хималајската раса.

Биле облечени во германска униформа без дефинирачки обележја. Немало ниту документи кои би ги идентификувале.

Германски агенти ги напаѓаат Хималаите

Има куп извештаи за експедициите на СС-овците на Хималаите – во Тибет, со исклучок на првата експедиција – за неа малкумина знаат.

Се почнало со тоа што СС-овецот Вилхелм Бакер врбувал нов агент – Индус на средна возраст, со псевдонимот Раџа.

Тој Индус му раскажувал за малата и загадочна долина Кулу, која се наоѓа во вечно смрзнатите планини на височина од околу четири илјади метри.

Според неговите зборови, таму се наоѓал уникаттен храм – култно овоплотување на еден од боговите на индустичкиот панттеон, кого што Раџа го нарекол “лингам”.

Тој раскажувал и за таинствениот подземен град скриен во долината Кулу, чиј што влез бил заклучен.

Жителите на долината често слушалее глас кој доаѓал од под земјата, се обидувале да влезат во таинствениот град, но никој не успеал во тоа.

Во еден од храмовите на долината се чувала света книга во која се наоѓал одговор на прашањето за тајната на потеклото на животот на земјата.

Првата експедиција

Кон крајот на 1930 година, уште пред доаѓањето на нацистите на власт, кон Хималаите, кон западната долина Кулу се упатила експедиција од пет луѓе, меѓу кои биле Вилхелм Бајер и Раџа.

Експедицијата се вратила во Германија дури во текот на 1934 година.

Подземниот град не бил откриен, но и покрај тоа, Бајер донел еден многу древен ракопис на санскритски скриен во дрвена кутија.

Во него се содржеле сведоштва за историјата на Земјата.

Таму пишувало дека дваесет-триесет години пред раѓањето на Исус Христос на нашата планета стасале пратеници од друг ѕвезден систем.

Тие по вештачки пат создале нов вид живот – хуманоидно суштество, користејќи ги во неговаата мутација животинските видови што постоеле на Земјата.

Тие гости создавале за новото суштество услови за самостојно интелектуално и социјално развивање.

Во истиот ракопис се содржела и информација за некои технички особини на леталата што ги користеле дојденците.

Според мислењето на редица проучувачи, информацијата во ракописите била искористена од Третиот Рајх за создавање на летечките бомби кои за неколку години го надминале конструкторските концепти на тогашниот дваесетти век.

После поразот на Германија, нивните цртежи и модели биле уништени, но сепак се зачувани неколку фотографии на чудни дискови и кабини.

Ако не се гледаше крстот на телот на леталото, поставено на на околу еден метар над земјата, заедно со група фашистички офицери, без проблеми би можеле да го идентификуваме и како НЛО.

Најдобри каактеристики имал летачкиот апарат “7”, кој што имал форма на диск со радиус од 21 метар. На 17 мај 1944 година, тој го извршил првиот лет.

Од рапортот на конструкторот, адресиран лично до Хитлер, дознаваме дека брзината на неговото искачување надминува 800 метри во секунда, а хоризонталната брзина била околу 2.200 километри на час.

Доколку Третиот Рајх успеел да отпочне масовно производство на таа „летачка чинија” бргу би го исчистил небото на Германија од авионите на непријателот.

Втора експедиција

Се знае и за следната хималајска експедиција,изведена во текот на 1931 година.

Нејзина цел биле непалските манастири, скриени во планинските долини.

Таа била раководена од Уго Вејхолд, но за време на еден поход тој си ја скршил раката, и водството му било доверено на искусниот алпинист, којшто веќе бил во источен Тибет – на штурмбанфирерот од СС Ернест Шефер.

И покрај сите тешкотии, тој успешно ја завршил експедицијата.

Контакт со Шамбала не бил воспоставен, но во Германија биле донесени мноштво древни ракописи, како и колекција животни и растенија непознати во Европа.

Бисерот на таа збирка бил ракописот од седумнаесетиот век “Патот на Шамбала”. Во него имало список на свети места кои што требало да се минат за да стигне човек до легендарниот предел.

И покрај тоа што многу од имињата со текот на времето се смениле, маршутата била јасна.

Следни експедиции

И тие биле раководени од штурмбанфирерот Ернест Шефер. Своите извештаи тој ги испраќал до Химлер, и директно од него добивал инструкции за наредните задачи.

Особено интересни биле резултатите од експедицијата во 1938 година.

Биле посетени повеќе манастири споменати во “Патот на Шамбала” и снимени повеќе филмски ленти со тајни будистички ритуали.

Учесниците во експедицијата го посетиле и светиот врв Канченџеку.

Според древната легенда, во непристапната планинска долина, расположен во подножјето, се наоѓал еден од влезовите за подземниот свет.

Енергетскиот набој што истекувал оттаму бил толку силен, што на секој кој што ја посетувал таа долина му се запирало тркалото на реинкарнациите и тој станувал бесмртен.

Какви биле резултатите од посетата на светата долина од страна на Германците не е познато. Краен пункт на експедицијата бил главниот град на Тибет – Лхаса.

Тука дошло до официјална средба на Ернест Шефер со владетелот на оваа земја (“средба на источниот и западниот крст”) и тајни преговори за доставување германско оружје за неколку илјади тибетски војници.

Интересна е содржината на писмото што тибетскиот владетел го адресирал до Хитлер:

“Длабокопочитуван господин крал Хитлер, владетел на Германија. Ви посакувам здравје, радост на одморот и добродетели! Работете за создавање на огромна држава на расна основа!

Примете ги, Ваша светлост, кралу Хитлер нашите уверувања во понатамошно пријателство!

Напишано на осумнаесетиот датум од тибетски месец во годината на Земниот Зајак (1939)година”.

Значи затоа раководителот на германската експедиција, сахиб Шефер немал никакви тешкотии на патот кон Тибет.

Последната експедиција се упатила кон Хималаитте на 28 ноември 1942 година, набргу откако германската армија била опкружена во реонот на Сталинград, и после поразот на дивизите на Вермахтот во Африка.

Химлер го посетил Хитлер, и двајцата зборувале насамо шест часови.

Дури во текот на 1990 година се дознава дека Хитлер предложил итно да се испрати во Тибет совет од искусни алпинисти – офицери од СС, кои требало да ја откријат Шамбала.

Химлер го убедил Хитлер дека со помош на таинствените семоќни жители на Шамбала може да се преврти историјата и да се спечали победа.

Во текот на јануари 1943 година, кон Тибет се упатиле петмина, на чело со професионалниот алпинист од Австрија Хенрих Харер, и Петер Ауфшнајтел, доверлив човек на Химлер.

Но, во текот на мај, целата група била уапсена во британска Индија и однесена в затвор.

Англичаните, како и Русите, исто така барале пат кон источните чуда.

За една година Хенрих Харер бегал четири пати од затворот, но секогаш го враќале.

На крај, заедно со Петер Ауфшнајтер, тој сепак успеал да избега и да ги избегне болестите кои што ги покосиле останатите членови на групата.

Цели пет години тие скитале низ Тибет барајќи ја Шамбала, и сосема случајно дознале од индиски трговец дека Германија капитулирала и војната завршила.

Во текот на 1948 година, Харер пристигнал во тибетскиот главен град Лхаса.

После тригодишен престој во дворецот на Далај Лама, во текот на 1951 година, тој се вратил во Австрија со огромна архива.

Но, светот не успеал да се запознае со неа, бидејќи таа му била конфискувана од страна на Британците.

Подоцна алпинистот издал своја книга мемоари под наслов “Седум години во Тибет”, која стана позната после многу години, кога според неа беше снимен филм со холивудската ѕвезда Бред Пит.

Во тоа време во рацете на журналистите паднал дел од рефератот на Химлер, но Харер веќе бил умрен, без да признае официјално дека бил испратен во Тибет од Химлер.

Што се однесува до неговата архива, Британците одбиваат да ги разоткријат нејзините тајни.

Некои проучувачи на мистиката на Третиот Рајх тврдат дека причината за таа голема тајност е лентата на која што е снимен ритуал на повикување зли духови и потпаѓање во религиозна екстаза, од страна на шаманите на Бон-по, кој постои во Тибет уште пред будизмот.

(Според материјали од рускиот печат)

Споделете
fb-share-icon
Tweet 20